Жител на Старо Нагоричане починал додека извршувал градежни активности на куќа


Илустрација
Педесет и едногодишен жител на Старо Нагоричане починал изведувајќи градежни активности на покрив од куќа, соопшти денеска СВР Куманово.
 
– Вчера во 14.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на покривот од куќата, паднал М.К.(51) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото, информираше полицијата.
 
Полицијата извршила увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.