Укинати две градежни маркици – место кафеана во Аеродром ќе се гради детска градинка


На иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе две важни одлуки – за изградба на нова градинка на местото од кафаната во склоп на ОУ ,,Блаже Конески” и за бришење на две маркици за градење на станбени згради, на чие место сега е предвидено парковско зеленило, информираат денеска од […]

Кина: Новата варијанта на коронавирусот може да ја отежни организацијата на ЗОИ


Кина денеска призна дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да донесе дополнителни тешкотии во организирањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, но ја повтори својата верба во успехот на Игрите. – Тоа сигурно ќе донесе некои предизвици во борбата против пандемијата. Но, Кина има искуство во оваа област и јас сум апсолутно сигурен дека […]

Директорот на Бионтек тврди дека вакцината веројатно е ефикасна против Омикрон


Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек веројатно ќе понуди силна заштита од потешка форма на оваа болест предизвикана од новиот сој на коронавирусот Омикрон, најави извршниот директор на Бионтек, Угур Сахин. Тој потврди дека е направена лабораториска анализа на крвта кај луѓе кои примиле две или три дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, што во […]

Финансиска поддршка за производителите на јаболка, оризова арпа и лозарите


Владата на денешната редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка врз производството и откупот на земјоделски производи. Како што информираат од Владата, нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ова законско решение се уредуваат условите, корисниците, висината како и постапката за доделување на финансиска поддршка за намалување на последиците […]

Финансиска награда за матичните лекари ако имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти


Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив. Мерката пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче и, како што соопшти владината прес-служба, таа е […]

Бугарско-македонската комора бара да се надмине политичката криза и да се забрза економско поврзување


Бугарско-македонската трговско-индустриска комора упати Декларација до премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев во која се изразува загриженост од „негативното влијание врз деловната клима и трговските односи меѓу двете братски држави“ и се апелира за надминување на политичката криза и економско поврзување. Како што јави дописникот на МИА од Софија, […]

Нема бомба во МНТ, пријавата била лажна


Пријавата за напад во билетарата на Македонскиот народен театар била лажна, вели Министерството за внатрешни работи по направените проверки. Тие велат дека постапиле на терен, а по евакуацијата на повеќе објекти меѓу кои и државни институции, направиле целосна проверка. Не било утврдено дека има експлозивна направа.   „Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните […]

Струјата може да поскапи 20 отсто


Сѐ поизвесно е дека граѓаните од следната година ќе плаќаат значајно повисока цена на струјата, откако државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го изработи и достави до Влада планот за производство за 2022 година и финансискиот план, објави ТВ24. Телевизијата дознава дека производната цена на струјата на ЕСМ, која е еден од главните критериуми за […]

МВР: Полицијата постапува по пријава, граѓаните да останат смирени


Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа за МИА од МВР откако вечерва беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје. – Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе […]

Радев – Заев: Дијалогот на високо ниво е клучен за решавање на спорните прашања


Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател. Радев и Заев, […]

Нова сообраќајка на автопатот Струма, џип излетал од патот


Рано утринава се случи нова сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, каде пред неколку дена беше опожарен македонски автобус, при што починаа 45 лица. Денеска, кај атарот на селото Бошнек, џип излетал од патот и удрил во банкина, по што десетици автомобили подолго време останале заглавени во снежната лавина. Инаку, бугарските експерти велат дека […]

Евакуирани повеќе објекти во центарот на Скопје поради дојава за поставена бомба


Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите. Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила […]

Се отвара почесен Конзулат на Македонија во Србија


Српската Влада на последната седница донесе Одлука за давање согласност за отворање Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија. Одлуката е објавена во „Службен весник на Република Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија ќе биде во Чајетина. -Се дава согласност за отворање на Конзулат на Република […]

Вработена во Лидл убиена со нож среде маркет во Сплит


Хрватска- Жена е нападната во Лидл Маркет во Сплит, попладнево, пред 15 часот. Починала како последица на повредите со нож кои и биле нанесени од страна на маж, кој, според тамошните медиуми, и бил партнер. Медиумите објавуваат дека маж ја нападнал вработената во Лидл пред очите на купивачите. Ја уби со повеќе убоди притоа неконтролирано […]

Гебрејсус: Некои земји претерано реагираат на Омикрон


Швајцарија– Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска изрази загриженост поради претераната реакција на некои земји на појавата на варијантата Омикрон, велејќи дека наметнатите ограничувања можеби не се неопходни и дека со нив неправедно се казнуваат африканските земји. – Добро ја разбирам загриженоста на сите земји да ги заштитат своите граѓани од […]

Викенди со Адел- ѕвездата со концерти во Лас Вегас


САД– Адел (33), најголемата поп-ѕвезда на денешницата која заработува само од музика и актуелна со новиот албум „30“ , наскоро ќе каже „Hello”  и во градот на гревот Лас Вегас. Денес, поп-ѕвездата ги најави нејзините претстојни Weekends with Adele во Лас Вегас, кои ќе започнат по новата година во познатиот Колосеум во Палатата Цезар. 15-кратната добитничка […]

Блумберг: Расте веројатноста од распад на САД


Веројатноста за колапс на САД денеска е многу поголема отколку на почетокот на милениумот, пишува коментаторот на Блумберг, Макс Хестингс Тој овој заклучок го црпи од анкетата на Универзитетот во Вирџинија, според која 52 отсто од поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поддржуваат идејата „републиканските“ држави да формираат посебна држава. Истовремено, 41 отсто […]

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје


Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција бележи три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни. Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета […]

И Стразбур нема разбирање за барањата на Камчев


Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур го одби барањето на адвокатскиот тим на Орце Камчев на државата да и се изрече времена мерка со која тој ќе биде во домашен притвор и ќе му биде извршен медицински преглед од кардиолог поради неговата влошена здравствена состојба. Ова всушност значи дека ЕСЧП одбил да ѝ […]

ОАЕ е прва земја со 100 отсто вакцинирани против ковид


Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека тие се првата земја во светот што вакцинирала 100 отсто од своето население против коронавирус со најмалку една доза, јави ДПА. Околу 90 отсто од населението досега примиле вкупно две дози вакцини против вирусот, според Управата за управување со кризи и катастрофи (НЦЕМА). Според податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс […]