Во бунар најдено тело на маж во Битолско


На 23.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во бунар во с.Кукуречани било пронајдено телото на Б.М.(55) од с.Кукуречани. Телото било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа на СВР Битола.

(ФОТО) Изгоре ловечката куќа на Пелистер


Се запали планинарскиот дом „Широка“ или познат и како „Ловечка куќа” на Пелистер. На социјалните мрежи денес беа објавени фотографии од истиот на кои може да се забележи дека покривот е целосно изгорен, и останати се само ѕидовите. Ова се фотографии кои ги објави битолскиот фотограф Сашо Ставрев, пренесе Тера телевизија. За пожарот побарале информација […]

Легендарен сноубордер загина во Австрија снимајќи промотивна реклама


Австрија– Во Австрија загина легендарниот словенечки сноубордер Марко Грлиќ (38), поранешен младински светски првак, снимајќи една реклама во ски-центарот Селден. Како што објавија словенечките медиуми, Грлиќ снимал еден тежок спуст, по што пропаднал во длабок снег во еден момент и удрил во карпа, која не се гледала од големата снежна покривка. Бидејќи не носел заштитна […]

Путин меѓу првите ја прими новата руска вакцина во спреј против Ковид-19


Русија- Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека е меѓу првите кои ја примиле новата “пионерска” руска вакцина против Ковид-19. Имено, тој ја примил вакцината во спреј, која му била ставена преку нос без игла, како дел од неговата реимунизација. Путин потврдил дека примил назална формула, заедно со бустер доза вакцина, пренесува РТ. – Ме замолија […]

Преговорите на Македонија со ЕУ станаа дел од програмата на новата германска влада


Коалицискиот договор на трите германски партии што ќе ја формираат новата сојузна влада ја поддржува европската интеграција на шесте земји од Западен Балкан, дознава European Western Balkans. Договорот предлага отворање на првите преговарачки поглавја со Албанија и Северна Македонија, визна либерализација за Косово и продолжување на преговорите со Црна Гора и Србија. -Ја поддржуваме европската […]

Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во Македонија заради автобуската несреќа


Тим од шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат во поведената предистражна постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопат „Струма“. Во оваа насока, главниот обвинител Иван Гешев ќе испрати обвинител во Скопје, како и еден истражител од тимот кој ќе го достави барањето за правна помош […]

Денеска се регистрирани 442 лица заразени со корона вирус, починаа 10 пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, […]

Над 2.500 новозаразени во Србија, починале 50 лица


Корона вирусот во Србија е потврден кај 2.631 лице во последните 24 часа, а во исто време од овој вирус починале 50 пациенти. Тестирани се 16.737 лица. На респиратор се приклучени 205 пациенти. Од почетокот на епидемијата, тестирани се 6.727.663, позитивни се 1.241.492, а починале 11.385.

Чешка не воведува задолжителна вакцинација покрај рекордот од 26.000 заразени


Идната чешка влада од пет партии на десницата и центарот не сака да воведе задолжителна вакцинација на Чесите против корона вирус, иако во вторникот повторно беше соборен црниот рекорд од почетокот на пандемијата со 25.864 новозаразени од вирусот корона, соопшти идниот премиер Петр Фијала. Идната влада, исто така, има намера да ја укине мерката од […]

Растот на американската економија забави во третиот квартал


Растот на американскиот бруто домашен производ (БДП) забави на скромни 2,1 отсто во третиот квартал, иако со малку подобро темпо од првично најавуваното. Сепак, економистите предвидуваат солиден раст во текот на тековниот квартал, под услов забрзувањето на инфлацијата и порастот во последните случаи да не ја поткопаат економската активност. Првичните проценки беа за раст на […]

Пекинг ќе продава нафта од резервите, но според потребите


Кина ќе продава нафта од стратешките резерви според нејзините потреби, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, додавајќи дека Пекинг разговара за снабдувањето со земјите производители и со земјите потрошувачи. САД објавија дека ќе ослободат 50 милиони барели нафта од стратешките резерви во координација со Кина, Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Велика Британија за […]

Струјата во Австрија ќе поскапи за 17 отсто од 1 јануари


`Oператорите со електричнма струја во Виена, Долна Австрија и Бургенланд на почетокот на следната година ќе ја поскапат струјата за околу 17 отсто. За домаќинство со годишна потрошувачка од 3.500 киловат-часови тоа ќе значи месечно зголемување од 13 евра од 1 јануари, најавува групацијата оператори во три провинции во источна Австрија, EnergieAllianz. Како што се […]

Италија не дава бизнисот со полупроводници да го преземе кинеска компанија


Италијанскиот премиер Марио Драги стави вето на трето преземање стратешката компанија од Кина откако неговата влада ја презеде функцијата во февруари, покажа официјалната жалба на групата од Хонг Конг. Кинеската компанија Zhejiang Jingsheng Mechanical соопшти дека Рим го блокирал нејзиниот обид да основа заедничко вложување со филијалата на U.S. Applied Materials во Хонг Конг за […]

Лавови и чувар во ЗОО Загреб заболеа од корона вирус


Во Загреб, два африкански лава и нивниот чувар се заразени со корона вирус. – Откако кај лавовите се забележани респираторни проблеми, животните се тестирани. Наодот од тестовите потврди присуство на корона вирус, па почнавме со лекување. Тестиран е и чуварот кој се грижи за нив. И неговиот наод е позитивен, што значи дека тој ја […]

Албанија се задолжи со 650 милиони евра преку еврообврзница


Албанија преку обврзница на меѓународниот пазар се задолжи со 650 милиони евра, со што земјата по петтипат се задолжува на тој начин, информираше министерката за финансии Делина Ибрахимај, по седницата на владата. Соопштувајќи детали од договорот рече дека таа еврообврзница е со рок на доспевање од 10 години односно во ноември 2031 година. -Албанија се […]

Во Србија од идната година ќе се плаќа данок за возила сразмерно со пазарната вредност


Од 1 јануари 2022 година во Србија се воведува плаќање данок за користење моторни возила сразмерно на економската моќ, односно пазарната вредност на автомобилите, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ, презентирајќи ги измените во Законот за даноците на користење, држење и превоз на стоки. „Мислам дека овој закон ќе наиде на […]

Нов рекорд во Полска, 28.380 новозаразени


Во изминатите 24 часа полска регистрира рекордни 28.380 нови случаи на инфекција со корона вирус, што претставува 17 отсто во однос на бројот случаи пред една недела. Забележани се и 460 смртни случаи во последното деноноќие, а Полска бележи постепен раст на случаите со корона вирус и хоспитализациите. Од почетокот на пандемијата, земјата регистрира повеќе […]

Анализа на „Пари“: За два месеци 481 пензионер помалку во земјава


Порталот Пари ги анализаираше последните податоци на ПИОМ за состојбата со пензионери во земјава. Во октомври бројот на пензионери изнесува 325.156 или статистиката избројала 183-ца пензионери помалку во однос на претходниот септември месец (325.339). Во последните два месеци (во август биле 325.637) податоците покажуваат дека бројот на пензионери се намалил за дури 481 лице. Просечната […]

Учениците од ОУ „Исмаил Ќемали“ маршираа за загинатите деца во автобусот


Ученици од Основното училиште „Исмаил Ќемали” од Општина Чаир денеска излегоа на марш во Скопје, од нивното училиште до плоштадот „Скендербег“ во знак на почит кон нивните соученици кои ги загубија животите во автобуската несреќа во Бугарија. Од вчера, кога ја слушнаа веста дека пет нивни другарчиња загинале, тие се во тага. Велат, уште не […]

Интерпол утре ќе избира претседател, двајца кандидати, од кои едниот е обвинет за тортура


Светската полициска агенција Интерпол утре во Истанбул треба да избере нов претседател, а групите за заштита на човековите права предупредуваат дека на функцијата би можел да се најде генерал обвинет за „тортура“. Генералот Ахмед Насер ел Раиси, генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се кандидираше да биде избран за […]