(ФОТО) Изгоре ловечката куќа на Пелистер


Се запали планинарскиот дом „Широка“ или познат и како „Ловечка куќа” на Пелистер.

На социјалните мрежи денес беа објавени фотографии од истиот на кои може да се забележи дека покривот е целосно изгорен, и останати се само ѕидовите. Ова се фотографии кои ги објави битолскиот фотограф Сашо Ставрев, пренесе Тера телевизија. За пожарот побарале информација од Противпожарната служба на Битола, од каде рекле дека кај нив нема пријава за било каков пожар. 

 

Планинарскиот дом е сместен на околу 1940 м надморска висина, покрај макадамскиот пат кој води до врвот Пелистер. Опкружен со прекрасна природа, а тој е одлична дестинација за кратки пешачки и велосипедски екскурзии, или како попатна станица за посетителите чија крајна цел се Големо езеро или врвот Пелистер.