Чешка не воведува задолжителна вакцинација покрај рекордот од 26.000 заразени


Идната чешка влада од пет партии на десницата и центарот не сака да воведе задолжителна вакцинација на Чесите против корона вирус, иако во вторникот повторно беше соборен црниот рекорд од почетокот на пандемијата со 25.864 новозаразени од вирусот корона, соопшти идниот премиер Петр Фијала.

Идната влада, исто така, има намера да ја укине мерката од 22 ноември која ја воведе владата во заминување, на премиерот Андреј бабиш, со кој во угостителските објекти, спортски настани и културни манифестации може да присуствуваат само вакцинирани и оние кои прележале корона вирус, додкеа ПЦР тестовите повеќе не важат.