Блумберг: ОПЕК очекува нафтата ослободена од резервите да доведе до прекумерна понуда на пазарот


Организацијата на земјите извознички на нафта, ОПЕК, размислува да го откаже планираното зголемување на производството во јануари во случај на презаситеност на пазарот со ослободените резерви. Претставниците на организацијата предвидуваа дека уделот на нафта извлечена од стратешките државни резерви може да доведе до значителни вишоци на достава на светскиот пазар. Според неофицијален документ, во кој […]

Идентификацијата на жртвите ќе заврши за најмалку седум дена


Идентификацијата на 45-те загинати во завчерашната тешка сообраќајна несреќа ќе се прави откако ќе биде земен биолошки материјал од роднините на жртвите. Се очекува таа да трае најмалку седум дена и кога ќе заврши ќе биде организирано пренесување на нивните посмртни останки од Бугарија во земјава. На средба со надлежниот главен обвинител, министерот за надворешни […]

Германија надмина 100.000 смртни случаи од Ковид-19, регистриран нов дневен рекорд на новозаразени


Германија – Германија ја надмина бројката од 100.000 смртни случаи од Ковид-19 и објави рекордно високо ниво во бројот на новозаразени и бројки за инциденца од седум дена. Бројките од Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ) објавени рано утрово покажуваат дека од почетокот на пандемијата во земјата починале 100.119 луѓе од или со Ковид-19. […]

САД со нетрпение очекува да соработува со новата германска влада


САД– САД соопштија дека со нетрпение очекуваат да соработуваат со претстојната германска влада откако коалицијата на левиот центар постигна договор. – Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата германска влада на нашите цели за ревитализација на трансатлантското партнерство, зголемување на соработката со нашите сојузници во НАТО и подигнување на нивото на амбиција на нашите односи со […]

Продолжува неизвесноста за невакцинираните, нови 442 случаи на Ковид-19


Продолжува неизвесноста за вработените кои се уште не се вакцинирани против Ковид-19. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е против барањето за тестирање на невакцинираните работници на свој трошок, а за коморите е неприфатливо претпријатијата да плаќаат за тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат. Владата, пак, одлука за невакцинираните ќе донесе на […]

Променливо облачно со утринска магла по одделни котлини


Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува […]

Трагедија во Ла Манш, најмалку 31 лице загина во превртен гумен чамец со мигранти


Најмалку триесет и едно лице загина денеска откако гумен чамец со мигранти се преврте при преминувањето на Ла Манш од Франција кон Велика Британија. Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин објави дека во чамецот имало 34 лица, од кои 31 загинале, двајца се спасени, а еден се води како исчезнат, пренесува Ројтерс. „Две лица […]

Утре први резултати од истрагата во Бугарија за автобусот на „Беса транс“


Во интервјуата за хрватската РТЛ и црногорската РТЦГ истакнав дека за утрешниот ден бугарските истражни органи најавија обраќање со првични резултати од истрагата за автобуската несреќа, објави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук – профил. – Врз основа на резултатите од истрагата ќе постапиме, гарантирам дека органите ќе реагираат брзо и […]

На ГП „Деве Баир“ не го евидентирале излезот на изгорениот автобус, мерки за двајца цариници и раководител


Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници, соопшти вечерва Царинската управа. За досега утврдените неправилности во постапувањето, информираат дека […]

Хусеини: Државниот инспекторат не „спие“, туку не е надлежен за безбедност на сообраќајот


Во последната година се извршени четири вонредни инспекциски надзори на граничниот премин „Деве Баир“ каде „Беса транс“ вршела слободен меѓународен превоз на патници и притоа се утврдени неправилнсти во однос на непочитување на Протоколот за јавен превоз на патнции и фирмата е соодветно санкционирана, но не се утврдени и пропусти во однос на документацијата и […]

Достигнаа критична точка – и Словачка се затвора


Словачка денеска најави нови ограничувања за да го сузбие новиот бран корона вирус. Се затвораат кафулињата, рестораните и сите непрехранбени дуќани од четврток, додека училиштата и понатаму ќе одржуваат настава. „Новата проценка ќе следува за десет дена“, прецизира министерот за економија Ричард Сулик, додека Словачка има највисока стапка на заразени со корона вирус во светот. […]

„Беса транс“ демантира дека во автобусот се шверцувало нафта или пиротехника


Туристичката агенција „Беса транс“-Скопје на својот фејсбук-профил објави дека нивниот автобус кој изгоре во сообраќајната несреќа не шверцувал бензин или пиротехника и апелира до медиумите да не се шират шпекулации што ќе ѝ наштетат на истрагата. -Како агенција ги информираме семејствата на починатите и повредените во трагедијата дека автобусот во никој случај немал багаж за […]

Обвинителството нема нови информации за несреќата


До овој момент Обвинителството нема нови информации во врска со сообраќајната трагедија, ниту се договоривме да ни го доставуваат сите информации. Ние сме убедени во професионалноста на бугарските обвинители и дека ќе ги расветлат сите околности околу трагедијата, вели државниот обвинител Љубомир Јовески. Во изјава за телевизија Телма, Јовевски потврди дека имало определени проблеми вчера […]

Ѓоковиќ го нема на промотивниот спот на Австралија Опен


Настапот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на претстојниот грен-слем турнир Австралија Опен сè уште е неизвесен. Ѓоковиќ речиси деценија ипол е владетел на грен – слем турнирот во Мелбурн, на кој за прв пат триумфираше во 2008 година, а вкупно го има освоено девет пати. Организаторите на турнирот, закажан од 17 до 30 јануари, снимија два промотивни видеоматеријали, и иако Ѓоковиќ поради сите успеси во Мелбурн би требало да биде „главниот актер“, српскиот тенисер воопшто […]

Првата жена премиер на Шведска поднесе оставка по неколку часа на функцијата


Шведска– Првата шведска премиерка поднесе оставка само неколку часа откако дојде на функцијата.   Магдалена Андерсон денеска беше избрана за нова лидерка, но се повлече откако нејзин коалициски партнер излезе од владата и не помина буџетот што таа го предложи. Место тоа, парламентот го изгласа буџетот предложен од опозицијата, која вклучува и антиимигрантска крајнодесничарска партија. […]

САД со највисока стапка на инфлација во октомври од 1990 година


Потрошувачките цени во САД продолжија да растат во октомври, поттикнати од цените на енергијата и скокнаа за 5 отсто на годишно ниво. Тоа е најбрзата стапка на потрошувачка инфлација од 1990 година, соопшти Министерството за трговија. Во однос на претходниот месец, цените пораснаа за 0,6 отсто, колку што беа и анализите на аналитичарите. Дополнително, приходите […]

ЛЕ: Елмас стрелец во поразот на Наполи во Москва


Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна единствениот гол за Наполи во поразот на италијанската екипа вечерва во Москва од Спартак со 2:1 (2:0) во рамки на петтото коло од групата Ц во Лига Европа. За актуелниот лидер во Серија А ова е само трет пораз во сите натпреварувања оваа сезона., еден минатата недела во […]

Османи: Добрите односи со Бугарија немаат алтернатива, ќе бараме решение


Добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Република С Македонија се без алтернатива, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Агенцијата БГНЕС. Прашан што ќе направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Османи нагласи дека по однос на политичките […]

Царината проверува како излегол автобусот на „Беса транс“ од државава


Секторот за професионална одговорност на Царинска управа од рано утрово е на Граничниот премин Деве Баир со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез од државава на автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 […]

Министерство за транспорт: Одземена лиценцата за работа на „Беса транс“


За автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници. Возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци поради […]