Достигнаа критична точка – и Словачка се затвора


Словачка денеска најави нови ограничувања за да го сузбие новиот бран корона вирус.

Се затвораат кафулињата, рестораните и сите непрехранбени дуќани од четврток, додека училиштата и понатаму ќе одржуваат настава.

„Новата проценка ќе следува за десет дена“, прецизира министерот за економија Ричард Сулик, додека Словачка има највисока стапка на заразени со корона вирус во светот. „Владата одобри ограничувања за следните две недели“, изјави министерот.

Освен во некои исклучителни случаи, жителите ќе може да излегуваат од дома само за купување основни намирници, за на работа, во училиште или посета на лекар, велат надлежните.

Прошетките во природа исто така ќе бидат дозволени.

„Училиштата последни ќе се затвора, сакаме да останат отворени“, рече Сулик.

Словачка во вторникот регистрира повеќе од 10.000 новазаразени со корона вирус, прв пат откако почна пандемијата , додека бројот на хоспитализации достигна „критична точка“, според министерот.