„Беса транс“ демантира дека во автобусот се шверцувало нафта или пиротехника

Фото: Б. Грданоски

Туристичката агенција „Беса транс“-Скопје на својот фејсбук-профил објави дека нивниот автобус кој изгоре во сообраќајната несреќа не шверцувал бензин или пиротехника и апелира до медиумите да не се шират шпекулации што ќе ѝ наштетат на истрагата.

-Како агенција ги информираме семејствата на починатите и повредените во трагедијата дека автобусот во никој случај немал багаж за шверц на нафта, бензин или пиротехнички средства. Сите овие шпекулации се злонамерни. Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри нафта за самиот автобус, а во никој случај немаше резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации, објави агенцијата на Фејсбук. 

Претходно, од агенцијата преку соопштение до јавноста изразија сочувство до роднините на загинатите лица во сообраќајната несреќа и посочија дека на видеата кои се појавија од турски хотел не бил аввтобусот што изгоре во Бугарија.