Лавови и чувар во ЗОО Загреб заболеа од корона вирус


Во Загреб, два африкански лава и нивниот чувар се заразени со корона вирус.

– Откако кај лавовите се забележани респираторни проблеми, животните се тестирани. Наодот од тестовите потврди присуство на корона вирус, па почнавме со лекување. Тестиран е и чуварот кој се грижи за нив. И неговиот наод е позитивен, што значи дека тој ја пренел заразата на нив – вели Дамир Скок, директор на Зоолошката градина, пренесе „Вечерњи лист“.

Тестирани се и другите животни со кои чуварот бил во котакт, а се чекаат резултатите.