Тешка сообраќајка пред Тетово, најмалку една жртва


Денеска пред влезот во Тетово, поточно во Желино во близината на патарината, се случила тешка сообраќајна несреќа. Алсат-М пренесува дека сега за сега се известува за најмалку една жртва. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Француски министер најави можност ЕУ да воведе санкции против Полска


Франција– Францускиот министер за европски работи Клемен Бене денеска изјави дека ЕУ може да преземе финансиски санкции против Полска ако дијалогот со Варшава за примат на европски закони над националните не даде резултати. На почетокот на октомври полскиот Уставен суд констатираше дека елементи на европското законодавство не се во согласност со полскиот Устав. Лидерите на […]

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми


Познатиот австриски синџир сервиси за автомобили „Среќен автомобил“ (Lucky Car), на мајсторот Остоја Матиќ, влезе во Гинисовата книга на рекорди. Имено, младите кои се на пракса таму, отсега се и официјално најбрзи во светот во менување на сите четири гуми на патнички автомобил. Се работи за Стефан Кузмиќ, Џафар Расул, Мерт Батмаз, Абдула Абдула, Димитриј […]

Светска банка: Растот на БДП годинава 4,6 отсто, инфлацијата 2,4 отсто


Растот на Северна Македонија се предвидува да биде повисок, но економијата и понатаму се соочува со ризици, оценува СБ во полугодишниот извештај за земјите од Западен Балкан  Македонската економија годинава ќе забележи раст од 4,6 отсто, додека во наредната се предвидува растот на БДП да изнесува 3,7 отсто, а во 2023 година 3,4 отсто, беше […]

Невреме во Франција остави 250.000 домаќинства без струја


Околу 250.000 француски домови денеска останаа без електрична енергија, а сообраќајот на возовите од Нормандија до Париз е запрен по силниот ветер што погоди делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Локалните медиуми јавија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а силниот ветер рано утрото откорнал […]

Трифун Костовски го пофали Шилегов за сработеното


Во својата колумна во која ги анализира резултатите од локалните избори, поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски искажува пофални зборови за работата на актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов: „Чувствувам дека овојпат народот го казнува господинот Заев. Најтипичен пример за оваа казна е битката за прв човек на градот Скопје. Како поранешен градоначалник можам да […]

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања ќе го одржи 15. состанок


Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 15. состанок во онлајн формат поради пандемијата со коронавирусот. Средбата ќе се одржи во изборен период во двете земји – кај нас заврши првиот круг од локалните избори и тече кампањата во пресрет на вториот круг, а во Бугарија во тек […]

Сите бои на есента (галерија)


Есента нѐ дарува со раскошни бои. Природата, на заминување, нѐ поздравува со прекрасни глетки, особено ако се наоѓаме во парк. Зелената боја им отстапува место на сончевите – црвена, кафеава, жолта, портокалова. Онака како што природата знае да ги спакува даваат чувство на спокој и мир. Секој што деновиве се затекна случајно во Градскиот парк […]

Бугарија – 107 починати и 4.522 новозаболени од ковид


Во Бугарија никако да се намалат бројките на починати луѓе од корона вирусот. Во последните 24 часа животите ги загубија 107 лица. Регистрирани се 4.522 нови случаи од 25.040 тестови, што е 18,05 отсто од примероците. Откако привремената влада објави дека од денес е задолжителен зелен сертификат за посетување затворени јавни места се зголеми интересот […]

Европските музички награди ќе се спротивстават на анти-геј законите на Унгарија


САД-  Ем-ти-ви музичките награди ќе се одржат на 14 ноември во Унгарија, објави мрежата , потврдувајќи ја и бранејќи ја локацијата и покрај неодамнешното усвојување на законодавството во земјата, широко осудено како анти-ЛГБТК. Церемонијата е можност за поддршка на граѓанските права на хомосексуалците и транс во светот во централната европска нација која се обиде да […]

Месечен хороскоп за ноември


Голем месечен хороскоп за ноември 2021 година – ова ќе биде месец на одлични можности, добра комуникација, запознавање нови луѓе и стекнување одлични контакти. Сепак, некои планети ќе бидат вознемирени и не чекаат неколку предизвикувачки аспекти, но многу помалку отколку во септември и октомври. Некои знаци чекаат тестови и нагли промени, додека некои ќе добијат […]

Уапсен поранешниот директор за национална безбедност на Црна Гора


Припадниците на специјалната полициска управа на Црна Гора утрово го уапсија поранешниот директор за национална безбедност Дејан Перуничиќ, јави „Вијести, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови. Според порталот „Вијести“ од Подгорица, Перуничиќ бил уапсен како дел од истрагата што ја започна Специјалното државно обвинителство, откако вчера беше пронајден уред за прислушување во канцеларијата на […]

Шест дена трагаат по 4-годишно девојче, сега нудат и награда


Владата на Западна Австралија понуди награда од милион австралиски долари (750.000 американски долари) за информации кои би довеле до пронаоѓање на четиригодишното девојче кое исчезна пред шест дена. Клео Смит последен пат е видена како спие во шаторот со своето семејство во кампот „Куба блоухолс“ на западот од Австралија, минатиот петок. Таа во саботата утрото […]

Петтемина луѓе на Бајден за Балканот: Искусни дипломати, остри преговарачи, го знаат регионот како својот џеб


Америка се враќа на Балканот, и тоа во голем стил! Судејќи според петтемина кои претседателот на СAД Џо Бајден ги делегираше да бидат задолжени за балканските земји во наредниот период, Вашингтон има многу сериозни намери во оваа област во наредниот период. Петте специјалци на Бајден се Габриел Ескобар, Кристофер Хил, Џефри Ховениер, Мајкл Марфи и […]

Фатен крадец од Скопје


Полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, за постоење основи на сомнение дека околу 16 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „Ауди“. -Возилото е во сопственост на В.З.(45) од Скопје. Одземените пари биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, информира Министерството за внатрешни работи. […]

Обуки за руралните жени за зголемување на нивните вештини


Поддршка на жените и младите фармери во руралните средини со цел подобрено искористување на финансиската поддршка во земјоделството од нивна страна е приоритет на Рурална коалиција во нивниот стратешки план за периодот 2021-2025 година. Како што соопшти денеска Рурална коалиција, ќе бидат насочени кон подобрување на условите за постигнување поголема економска независност на руралните жени. Ќе […]

Целосно вакцинирани третина од населението во Македонија


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се […]

Супер изгледа и пее, а на што мириса Адел?


САД- Поп-ѕвездата Адел (33), актуелна со новиот сингл  „Easy on Me“ и новиот претстоен албум „30“ кој ќе биде објавен на 14 ноември, е позната по совршените маникир и педикир, дебелиот туш на очите и да троши на скапи брендови. Фустаните на Адел за „Вог“ ја зголемија побарувачката за „Вивиен Вествуд“ и за „Валентино“, дури […]

Окрупнува поддршката за Шилегов за вториот круг од изборите


По завршувањето на првиот круг од локалните избори во неделата и добиените резултати, започна обединувањето на демократските сили во државата. Со повик за поддршка на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Шилегов, се јави Бујар Османи од ДУИ кој на прес-конференција изјави дека Скопје е денес град кој несомнено покажува дека еднакво се […]

Ковид-19: Се зголемува смртноста кај младите невакцинирани пациенти во Црна Гора


Од појавата на делта варијантата на корона вирусот, бројот на заразени кај помладите луѓе расте, а со тоа и бројот на сериозно болни, што доведува до зголемена смртност кај овие пациенти, вели началникот на Пулмологија и лекар во црвената Ковид зона на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) Владимир Јовановиќ. Тој за Радио Слободна Европа […]