Европските музички награди ќе се спротивстават на анти-геј законите на Унгарија


САД-  Ем-ти-ви музичките награди ќе се одржат на 14 ноември во Унгарија, објави мрежата , потврдувајќи ја и бранејќи ја локацијата и покрај неодамнешното усвојување на законодавството во земјата, широко осудено како анти-ЛГБТК.

Церемонијата е можност за поддршка на граѓанските права на хомосексуалците и транс во светот во централната европска нација која се обиде да ги ограничи, рече Крис Мекарти, претседател и извршен директор на МТВ Ентертејнмент Груп Ворлдвајд.

„Со нетрпение очекуваме да го искористиме настанот за да го засилиме нашиот глас и да се солидаризираме со нашите ЛГБТК браќа и сестри“, рече Мекарти во интервју за Асошиетед прес.

Нема да се толерира никаква владина цензура на телевизиската програма, рече Мекарти.

„Многу јасно кажавме и имаме од почеток … не дозволуваме уредувачко внесување во врска со уметниците“ и содржината што ја создаваме, рече тој. „Тоа е секогаш услов без разлика во која земја одиме“.

Конзервативната владејачка партија на унгарскиот премиер Виктор Орбан ја воведе мерката која наводно имаше за цел да се бори против педофилијата. Амандманите забрануваат застапување на каква било ориентација, освен хетеросексуална, заедно со информации за промена на полот во училишните програми за сексуално образование, или во филмови и реклами наменети за сите помлади од 18 години.

Групите за човекови права остро ја осудија мерката донесена во јуни, велејќи дека таа погрешно ги поврзува хомосексуалците со педофилија и е наменета како алатка што може да се искористи за стигматизирање и малтретирање на жителите поради нивната сексуална ориентација и родов идентитет. Мнозинството лидери на Европската унија рекоа дека е спротивно на вредностите на ЕУ и дека дискриминацијата не смее да се толерира во блокот од 27 нации.

Во 2020 година, унгарските пратеници го одобрија законодавството со кое се забранува правно признавање на трансродовите граѓани.

Ем-ти-ви, кој склучи договор пред две години за одржување на настанот во главниот град на нацијата, Будимпешта, планираше да издаде долга белешка до вработените во очигледно исчекување на можните критики за нејзината одлука.

Европските музички награди, пократко познати како ЕМА, ќе ги почестат младите ЛГБТК активисти со наградата на МТВ за генерациска промена, која ќе се додели во партнерство со групата активисти „All Out“ за да ги засили светските кампањи за еднаквост, рече Мекарти.

Во септемвриското интервју за АП, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто рече дека новиот закон има за цел да ги заштити децата од педофили и „хомосексуална пропаганда“. Одлуката на ЕУ за одложување милијарди средства за економско закрепнување наменети за неговата земја, претставува „уцена“, рече тој.

Ем-ти-ви ЕМА беа лансирани во 1994 година со церемонија во Берлин, чиј домаќин беше Том Џонс. Наградите оттогаш се шират меѓу нациите, вклучувајќи ги Франција, Англија, Шведска, Шпанија, Италија и Холандија.

Џастин Бибер годинава води со осум номинации, го следат Доџа Кет и Лил Нас Х со по шест номинации, а Ед Ширан и Оливија Родриго-со по пет номинации. Леди Гага која лани, на виртуелниот настан беше прогласена за изведувач на годината, и годинава е номинирана во истата категорија, заедно со Доџа Кет, Ед Ширан, Џастин Бибер, Д Викенд и Лил нас Х. (АП)