Акциите на „Алибаба“ во пораст откако Џек Ма објави дека е во Европа


Акциите на „Алибаба“ пораснаа повеќе од шест проценти во средата, откако беше објавено дека основачот на компанијата, милијардерот Џек Ма е во Европа, што ги поттикна инвеститорите да се надеваат дека најлошото од акцијата на кинеските регулатори против интернет гигантот може да заврши, јави АФП. Ма и понатаму е повлечен од јавноста откако официјалните органи […]

Умерена подготвеност во оданочувањето, треба да се подобри капацитетот на даночната администрација


Во областа на оданочувањето државава е умерено подготвена, оценува Европската комисија (ЕК) во последниот Извештај за напредокот во евроинтеграците. Постигнат е, стои во Извештајот, одреден напредок во намалувањето на административниот товар за даночните обврзници и преку надградба на услугите за е-даноци. Бидејќи не беа спроведени сите препораки од Извештајот за 2020 година, во наредната година, […]

Конфискувани 50 килограми марихуана на патниот правец Прилеп-Битола


Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп вчера е пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Албанија преку Северна Македонија со крајна дестинација за Грција, во  вредност од околу […]

Од Ким Кардашијан до Заза Габор – најкусите бракови на светската сцена


Среќниот живот, понекогаш,  трае само – неколку дена. Следат некои од најкратките бракови на светската филмска и музичка сцена…   Ким Кардашијан и Крис Хамфрис Поранешната американска кошаркарска ѕвезда ѝ беше втор сопруг на старлетата Ким Карашијан. Раскошната телевизиска венчавка се одржа во август 2011 година, а нивниот брак заврши за 72 дена. Памела Андерсон […]

И Русија пријави случаи со сојот AY.4.2, велат дека е позаразен


  Русија пријави неколку зарази со новата варијанта на Ковид-19, за која се верува дека е позаразна од делтата, јави во четвртокот новинската агенција РИА. Можно е вартијантата AY.4.2 побрзо да се шири, рече научникот Камил Кафизов, кого го цитира РИА. Тоа може да предизвика ново и побрзо ширење на заразата, а Русија со денови […]

Награда за животно дело за Квентин Тарантино во Рим


На американскиот режисер Квентин Тарантино, познат по филмовите „Убиј го Бил“ и „Неславни копилиња“, му беше доделена наградата за животно дело на Филмскиот фестивал во Рим. Одличјето му го додели италијанскиот режисер на хорор-филмови, Дарио Арџенто, кој стои зад насловите „Суспирија“ и „Длабоко црвено“. – Фактот дека 30 години подоцна сум овде во Рим и […]

СЗО уште ја проценува вакцината „спутник V“


  Светската здравствена организација уште ја проценува вакцината „спутник V“ за итна употреба, објавено е вчера на страницата на СЗО. „Како што тоа е случај и со другите вакцини кандидати, СЗО продолжува да ја проценува вакцината „спутник V“ и ќе ги објави одлуките на својот статус за итна употребакога сите податоци ќе бидат достапни и […]

Шекеринска во Брисел на прв состанок со физичко присуство на НАТО министрите за одбрана од почетокот на пандемијата


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, организирани со физичко присуство за прв пат по членството на Северна Македонија во Алијансата. Шекеринска и министрите за одбрана на сојузниците на сесиите на Северноатлантскиот совет ќе донесат одлуки кои ќе ја […]

(Видео) НАСА покажува како ќе изгледа идно истражување на вселената


НАСА можеби е фокусирана на „тешка“ наука, но не се противи да се втурне“ малку и  во научна фантастика. Во вторникот, Центарот за вселенски летови Годард на НАСА ја сподели својата визија за идното човечко истражување на вселената и видеот за тоа е инспиративно, пишува порталот C-net. Видеото Визии на иднината прикажува егзотични дестинации за […]

Метеор со зелен отсјај над Хрватска


Интересен астрономски настан се случи вчеравечер на небото над Хрватска, каде според Танјуг, паднал метеор којшто можел да се забележи од речиси сите делови на оваа земја. Бројни набљудувачи објавија дека станувало збор за доста светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди. Хрватскиот астрономски сојуз објави видео од падот на метеорот и порака […]

ОН: Исклучувањето на жените од мировни преговори носи ризик од повеќе судири


Зголемените воени трошоци и екстремната маргинализација и исклучување на жените од мировните преговори доведуваат до ризик за обнова на конфликтот наместо промовирање мир и стабилност, предупреди Сима Бахус, директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените. Таа синоќа пред Советот за безбедност на ОН рече дека ограничувањето на воените трошоци е […]

Да се зајакне независноста и капацитетот на регулаторите за медиуми и за електронски комуникации, препорачува ЕК


Да се финализира и усвои долгорочна стратегија за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), да се зајакне независноста и капацитетот на медиумското регулаторно тело, како и на регулаторот за електронски комуникации, да се продолжи со активностите за воведување на Европскиот број итна помош -112 и да се одвојат потребните финансии за да се обезбеди негова функционалност, […]

Средба на министрите за одбрана од НАТО по дипломатските тензии со Русија


Министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО ќе се сретнат денеска во Брисел по новата пресметка со Русија, која резултираше со прекин на односите на Москва со Алијансата и затворање на канцеларијата на НАТО во таа земја, јави ДПА. Се очекува министрите за одбрана денеска да се договорат за новиот главен план за одбрана од […]

Во Индија аплицирани веќе милијарда вакцини против Ковид-19


Во Индија днееска беше аплицирана милијардитата доза на вакцина против Ковид-19. Тоа го објави Министерството за здравство шест месеци по експлозивниот скок во бројот на случаи, што предизвика загриженост за состојбата на здравствената заштита во државата. Според владата, речиси три четвртини од возрасното население во земјата од 1,3 милијарди примиле барем една доза, а околу […]

Британскиот министер за здравство не исклучува бројот на заразени со Ковид-19 да биде 100.000 дневно


Британската влада синоќа ги отфрли се погласните повици за повторно воведување мерки против Ковид-19, како што е носење маска во затворени простории, поради ширење на инфекцијата, одлучувајќи да фаворизира вакцинација и нови лекови. Вчера имаше речиси 50.000 нови инфекции во Велика Британија, вторпат оваа недела толку голем број, поради што министерот за здравство Саџид Џавид […]

ФДА одобри засилувачки дози од вакцините на Модерна и Џонсон и Џонсон


Американската Управа за храна и лекови (ФДА) одобри засилувачка доза на вакцини произведени од Модерна и Џонсон и Џонсон и нагласи дека како дополнителна доза може да се прими вакцина што се разликува од онаа што претходно е примена. Одлуката го отвора патот за милиони луѓе во САД да добијат дополнителна заштита од варијантата Делта, […]

Трамп најави отворање своја социјална мрежа – „Truth Social“


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп формираше своја социјална мрежа „Truth Social“. Тој објави за платформата откако беше забранет од Твитер, Фејсбук и Јутјуб во јануари, обвинувајќи го дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија преку неговите профили пред нападот на Капитол. Платформата почнува со работа во ноември, како бета веризија – односно од идната година […]

Продолжува скринингот за Ковид-19 во средните училишта


Продолжува скринингот за Ковид-19 во средните училишта во земјата. Резултатите вчера покажаа дека шеесет и осумте тестирани ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, а скрининг се спроведуваше и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Освен во овие две училишта, скрининг на учениците ќе се спроведе во уште седум […]

Северна Македонија и Албанија ќе го одбележат Европскиот ден за територијална соработка


„Минато, традиција, иднина – Начин на кој комуницираме“ е слоганот на претстојниот прекуграничен настан, седма по ред прослава на Европскиот ден за територијална соработка што денеска ќе се одржи во Корча, во организација на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, во соработка со Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија. Главната цел на […]

Редовен октомвриски самит на лидерите од ЕУ


Лидерите на ЕУ 27 денеска и утре ќе одржат во Брисел  редовен октомвриски самит  на кој ќе разговараат за зголемувањето на цените на енергенсите, забрзување на вакцинацијата против Ковид-19 во Европа, владеење на правото во Полска, односи со ЕУ со партнерите во источното соседство, зајакнување на улогата на ЕУ во меѓународната трговска сцена и политиката […]