Во Кинотека „Недела на албански филм“


Од денеска до 26 октомври во Кинотеката ќе се одржи „Неделата на албански филм“. На петдневната манифестација, реализирана од Кинотеката и Националниот филмски центар на Албанија ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција. На отворањето на „Неделата на албански филм“ ќе присуствуваат директорот на Националниот филмски центар на Албанија, […]

ЕК: Да се зајакне меѓуинституционалната соработка за заштита на културното наследство


Северна Македонија треба да ја зајакне меѓуинституционалната соработка во поглед на заштитата на културното наследство, при што важно е да се спречи градењето на дивоградби, особено во Охрид и Старата скопска чаршија, кои се прогласени за културно наследство од особено значење, оценува Европската Комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјата. Комисијата потсетува дека ревизијата […]

„Контемплација со Перт и Шнитке“ во Филхармонија


Во Филхармонијата вечер ќе се одржи концерт насловен „Контемплација со Перт и Шнитке“. Како солисти ќе настапат виолинистките Анна Кондратенко и Ева Богоевска. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. Како дел од програмата на вечерашниот концерт се Кончерто гросо број 1 од А.Шнитке, Трисагион од А. Перт и „Малата Данелиада“ од Г. Канчели.

Тензично на границата на ЕУ со Белорусија


Летонија ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија, јави ДПА. Агенцијата забележува дека ова се случува во услови на наплив на мигранти во земјата. Многумина веруваат дека мигрантската криза е намерно предизвикана од властите во Минск, кои сакаат да се одмаздат за санкциите што им ги воведе Европската унија. Владата ја продолжи вонредната состојба […]

Џафери на Конференција во Атина, ќе се сретне со претседателот на грчкиот Парламент


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери од денеска учествува на дводневната Конференција на претседатели на парламентите на земјите – членки на Советот на Европа што се одржува во Атина, а планирана е средба и со претседателот на парламентот на Грција Константинос Тасулас, јави дописничката на МИА од Атина. На конференцијата, што е […]

Сончево со умерена облачност и утринска магла по котлините и речните долини


Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени. […]

Изложба на академик Васко Ташковски во Даут-пашиниот амам


Националната галерија вечерва ќе ја отвори изложбата на академик Васко Ташковски во објектот Даут-пашин амам, каде ќе бидат претставени слики, акварели и цртежи од сите творечки фази на авторот. – Ташковски е водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот, […]

Беса нема да се противи ако Алтернатива на Гаши сака да влезе во Владата


Алтернатива има мал број на гласови во Тетово, но доколку сакаат можат да гласаат за Теута Арифи, рече генералниот секретар на БЕСА Аријанит Хоџа, кој воедно е министер за земјоделство. -Ако со тоа (Алтернатива) сака да влезе во Влада, ние од Беса, исто така, немаме ништо против – вели Хоџа на ТВ 21. Тој смета […]

Колкави се платите на возачите на камиони во Германија


Возачите на камиони во Германија заработуваат под просекот, што дополнително може да предизвика недостиг на шпедитери, објави во вторникот германскиот завод за статистика. Според последните податоци, квалификуваните возачи на камиони со полно работно време и кои се во редовен работен однос (за постојано) заработуваат во просек по 14,21 евра бруто на час. Возачите без завршено […]

(Видео) Ова е најскапиот руски автомобил – тежи 2,8 тони, а 100 км. на час достигнува за 6 секунди


Целото планирано годишно производство на луксузната лимузина Aurus Senate се распродаде за само неколку дена Моделот „Сенат“ на рускиот производител „Аурус“ – кој пред неколку години ја претстави претседателската лимузина на Путин – неодамна беше понуден во редовна продажба на пазарот, откако извесно време беше достапен само за државните власти. Во почетокот на октомври, првите […]

Арсовска обвинува за урбана мафија, СДСМ и возвратија дека е „почесна конзулка од Унгарија“


Каква дрскост и ароганција е потребна за Христијан Мицкоски и Наташа Котлар да говорат за „урбана мафија“ во Центар, поим кој е дефиниција за нивното владеење, реагираа од СДСМ на обвинувањата на опозицијата која најавува „промени“.   -Христијан Мицкоски заедно со неговата кандидатка Котлар, требаше да го започнат митингот со едноминутно молчење за масакарот кој […]

Сопствениците на ноќни клубови најавија непослушност


Сопствениците на ноќни клубови во земјава вечерва од состанокот во Штип најавија граѓанска непослушност и дека доколку Владата остане глува на нивните барања за отпочнување со работа, своеволно ќе ги отворат клубовите, започнувајќи од наредниот викенд. На состанокот присуствуваа претставници на 20 ноќни клубови. Горан Арсовски, претставник на Здружението на ноќни клубови, изјави дека одлуката […]

Касами очекува гласачите на СДСМ да го поддржат него во Тетово


Лидерот на БЕСА, Биљал Касами, ја обвини Теута Арифи, противкандидат за градоначалник на Тетово, дека е лош менаџер и дека парите ги троши главно за плати и тоа за договори на дело со луѓе кои воопшто не доаѓаат на работа.  -Општина Тетово има најголем проблем со финансиите. Арифи наследи долг и го одржа долгот, но […]

НАТО ќе бара комуникациски канали кон Русија и покрај шпионскиот спор


Белгија– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата мора да  продолжи да разговора со Русија, откако Москва ја затвори својата мисија поради шпионскиот спор. Тоа ќе значи потпирање на „жешката линија“ меѓу командантот на руската армија, Валериј Герасимов, и командантот на НАТО за Европа, Тод Валтерс, како и средбите на Столтенберг со […]

Принцезата Шарлот е најбогато дете во 2021


Англија- Принцезата Шарлот, шестгодишната ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон веќе достигна неколку пресвртници оваа година, и наводно е подготвена да биде прогласена за најбогато дете од кралско семејство во 2021 година со неверојатна нето вредност. Според новата студија од Electric Rides on Cars, според весникот „Ивнинг“, принцезата Шарлот го освои првото место на […]

Фон дер Лајен: Брзиот премин кон чистата енергија ЕУ ќе ја направи независен глобален играч


Белгија – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска на земјите-членки им кажа дека се „премногу зависни од гасот“, во контекст на тековната енергетска криза во која цените на бензинот се искачија на рекордни височини. Фон дер Лејен ги повика земјите од ЕУ да ја намалат зависноста од природниот гас и ја истакна потребата […]

Напаѓачот во средното училиште во Паркленд се изјасни за виновен


Николас Круз, напаѓачот во средното училиште во Паркленд, Флорида, денеска на судско рочиште се изјасни за виновен за убиството на 17 лица – 14 ученици и тројца вработени во школото.  Како што јави Ен-Пи-Ар, со изјаснувањето дека виновен се избегнува судење, но започнува правна борба за тоа каква треба да биде пресудата за Круз за […]

Ужас во Франција – најден маж со отсечена глава и извадена утроба


Во Болен, Франција, пронајдено е тело на маж без глава и отстранета утроба. Според првите информации, полицијата смета дека во моментов не станува збор за терористички напад. Полицијата објави фотографија од мажот, кој е осомничен за ова убиство. Тој е идентификуван како Алекс Мартин, а моментално е во тек обемна полициска потрага по него. Полицијата […]

Шефот на Бундесбанка поднесе оставка со предупредување за инфлација


Германија– Претседателот на Бундесбанка, Јенс Вајдман изјави денеска дека ја напушта германската централна банка кон крајот од годинава поради лични причини, но го искористи моментот за да го потврди своето предупредување за ризици од инфлација, пишува Политико. Вајдман побара од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер да го разреши од должноста на 31 декември, се наведува во […]

Во Брисел отворена изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“


Во седиштето на Алијансата во Брисел, попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја отвори изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“. – Задоволство ми е да ја отворам оваа изложба која го претставува нашиот пат кон Алијансата. Моментот на зачленување во НАТО беше момент за паметење, момент на гордост. Успеавме зашто бевме посветени и […]