Шест дена трагаат по 4-годишно девојче, сега нудат и награда


Владата на Западна Австралија понуди награда од милион австралиски долари (750.000 американски долари) за информации кои би довеле до пронаоѓање на четиригодишното девојче кое исчезна пред шест дена.

Клео Смит последен пат е видена како спие во шаторот со своето семејство во кампот „Куба блоухолс“ на западот од Австралија, минатиот петок.

Таа во саботата утрото исчезната од шаторот.

од тогаш, тимови го пребаруваат непристапниот терен и морето, но досега не нашле траги од детето или незјината вреќа за спиење.

Детектирвите велат дека сериозно се загрижени за безбедноста на Клео, затоа што веруваат дека затворачот со патент на шаторот бил превисок за да може таа сама до го отвори, што укажува на можноста дека е киднапирана.