Бугарија – 107 починати и 4.522 новозаболени од ковид


Во Бугарија никако да се намалат бројките на починати луѓе од корона вирусот. Во последните 24 часа животите ги загубија 107 лица. Регистрирани се 4.522 нови случаи од 25.040 тестови, што е 18,05 отсто од примероците.

Откако привремената влада објави дека од денес е задолжителен зелен сертификат за посетување затворени јавни места се зголеми интересот за вакцинација – вчера биле администрирани 13.000 дози. Тоа е 30 отсто повеќе отколку во претходните недели, но е далеку од пролетта кога во Бугарија се даваа и по 20.000 вакцини дневно. Бугарија е на дното по процентот на вакцинирани луѓе во цела Европа – едвај околу 20 отсто од вкупното население.