Супер изгледа и пее, а на што мириса Адел?


САД- Поп-ѕвездата Адел (33), актуелна со новиот сингл  „Easy on Me“ и новиот претстоен албум „30“ кој ќе биде објавен на 14 ноември, е позната по совршените маникир и педикир, дебелиот туш на очите и да троши на скапи брендови. Фустаните на Адел за „Вог“ ја зголемија побарувачката за „Вивиен Вествуд“ и за „Валентино“, дури и на ретките појавувања со дечкото Рич Пол на натпреварите на НБА лигата се облекува луксузно. Ама сите се прашуваат, на што мириса Адел? Таа е единствена поп-ѕвезда која живее од музика, не го „комерцијализираше“ името и не рекламира други брендови, нема лансирано ниту свој парфем што им донесе богатство на нејзините колешки. 

Во Холивуд Ријана е позната по тоа што мириса вкусно. Темата на Твитер во 2019 година се спојуваше секогаш кога другите познати личности како Џенифер Лоренс и Ник Џонас го спомнуваа мирисот на Ријана. Значи, како мириса Ријана? Деновиве, веројатно на парфемот Фенти. Но, како што првично објави Stylecaster, пријателката на Ријана @StylishGent сними видео со Ријана уште во 2016 година во кое тој ќе каже дека таа мириса на  By Kilian Love, Don’t Be Shy. Ријана се гледа во позадина на видеото како изгледа изнервирано зашто пријателката ја издава нејзината парфемска тајна.

Адел со години е верна на класикот на Диор od 1998 година „Hypnotic Poison“ кој мириса опојно, со ноти на амбер ванила, бадем и портокал.