Со 50 милиони евра ќе се модернизира македонското земјоделство


Со 50 милиони евра ќе се модернизира македонското земјоделство. Планирана е изградба на откупно-дистрибутивни центри, зајакнување на капацитетите за ИПАРД, креирање на систем за отстранување на нус-производи од животниско потекло и обуки за земјоделците. Најголем дел од средствата или 46 милиони евра се обезбедени од Светска банка, а четири милиони евра се грант средства од […]

Нов директор на аеродромот во Црна Гора ќе биде Македонец – Горан Јандреоски


Горан Јандреоски, кандидат од Македонија, е избран за нов извршен директор на Аеродромот во Црна Гора, поради, како што соопшти компанијата, богато работно искуство во воздухопловството. „Комисијата, што се состоеше од членови на Управниот одбор на аеродромот и претставник на Министерството за капитални инвестиции, го избра Јандреоски по конкурс и интервјуто, врз основа на неговата […]

Во Хонг Конг ќе се цензурираат филмовите кои ја загрозуваат националната безбедност


Властите во Хонг Конг денеска го овластија Одборот за цензура да го забрани секој филм што би можел да ја загрози националната безбедност. – При анализа на филмот и неговото влијание врз гледачите, цензорот мора да земе во предвид обврската за спречување на сите активности кои можат да претставуваат закана по националната безбедност, се наведува […]

На кој Макрон да му верува Македонија?


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Ќе биде поразително ако Македонија се разбуди уште еднаш со сознанието дека Берлин и Париз ѝ помагале на Софија да добие тоа што сака од нас, уверувајќи нѐ дека всушност работат на договор кој ни ја отвора нам вратата за Унијата   Средбата на премиерот Зоран Заев со францускиот претседател Емануел Макрон многумина […]

ЕВРО 2020: Играчите на Шкотска нема да клекнат пред почетокот на натпреварите


Шкотските репрезентативци најавија дека нема да клекнат пред натпреварите на Европското фудбалско првенство 2020. Наместо тоа, играчите ќе застанат пред почетниот свиреж. Шкотскиот капитен Ендру Робертсон рече дека посветеноста на тимот за ставање крај на дискриминацијата не е намалена. – Важно е да продолжиме да го решаваме прашањето на расизмот и да разговараме за потребата […]

Град Скопје го врати данокот на оштетените граѓани во измамата при купопродажба на станови


Град Скопје го врати платениот данок за промет со недвижности на оштетените граѓани во измамата при купопродажба на станови, кои, покрај капар од 18 илјади евра, платија и данок за промет со недвижности во износ од близу пет илјади евра. Станува збор за тројца од шестмината граѓани за кои МИА откри дека се оштетени со капар од […]

Маричиќ: Онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста


Анализите укажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, а дополнително, на овој начин се намалуваат и трошоците, порача министерот за правда Бојан Маричиќ, на отворањето на Конференцијата за ефикасност на работата на судиите и судската администрација. Пандемијата, посочи тој, беше катализатор на процесот кој […]

Три години затвор за Фарук Буки од случајот „Двојник“, условни за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ


Кривичниот суд Скопје ги прогласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ обвинетите во случајот „Двојник“. Обвинетиот Буки, од страна на судот е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевски и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор во случај да го повторат кривичното дело во следните три години. […]

Бесими: Нема одлука за еколошка такса за дизелот, Владата размислува за создавање еколошки фонд


Владата се уште нема донесено одлука за вовведување еколошка такса за дизел горивата, изјави денес на прес конференција министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарски прашања. Тој додаде дека во интерес на јавноста, во Владата се прават сеопфатни анализи во однос на владината еколошката агенда за зелена транзиција и инвестирање во обновливи извори на […]

Трета фаза од прскање против комарци во Скопје


На 14 јуни 2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија од Град Скопје. Оттаму посочуваат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција во текот на денот. Доколку временските услови не […]

Во завршна фаза проектот за загуби на вода меѓу „Водовод и канализација“ – Скопје и Водовод Будимпешта


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје по потпишување на Меморандумот за соработка со Водовод Будимпешта, изработи проект со кој, во март минатата година аплицираше за грант преку инструментот „Western Balkans Green Center“ (WBGC), основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан. Проект стигна до финалната фаза од реализацијата на работните […]

ЕВРО 2020: Македонските фудбалери го одработија утринскиот тренинг


Македонската фудбалска репрезентација го одработи утринскиот тренинг на „Национална арена Букурешт“.  Ова е четвртиот ден подготовки за избраниците на селекторот Игор Ангеловски по пристигнувањето во романската престолнина во пресрет на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ својот прв настап на ЕВРО 2020 ќе го имаат в недела од 18 часот против австрискиот национален тим.    

Полицијата регистрирала 168 сообраќајни прекршоци во Скопје


Министерството за внатрешни работи вчера на територија на Град Скопје вчера изрече вкупно 168 санкции, меѓу кои 13 за возење со брзина поголема од дозволената, 10 за возење без возачка дозвола, 44 прекршоци што ги чинат пешаците и четири за управување под дејство на алкохол. Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци […]

Приведен малолетник од Тетово, полицијата му пронашла марихуана


Полициски службеници од Тетово синоќа лишиле од слобода малолетник од Требош откако кај него пронашле марихуана. МВР информира дека вчера, во 21.40 часот, на улица „Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишник од с. Требош, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска […]

Манчестер сити е подготвен да му понуди на Кејн петгодишен договор


Англискиот фудбалски шампион, Манчестер сити е подготвен да му понуди на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн долгорочен договор, објави на Твитер новинарот Николо Шира. Според Шира, „граѓаните“ сакаат да потпишат петгодишен договор со 27-годишниот фудбалер, со плата од 16 милиони евра по сезона. Беше објавено дека Тотенхем бара 160 милиони евра за Англичанецот, додека Сити […]

Приведени две лица од Струга, кај нив бил пронајден кокаин


Во населбата Плитишта во Струга, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга. Како што информираат од МВР при преглед во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин. Лицата биле приведени во полициска […]

Вчера вакцинирани 10.065 лица


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 431.174 вакцини, а со две дози се вакцинирани 177.020 лица, што е над 10 отсто од возрасните граѓани. Како што информираат од Министерството за […]

Објавен повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за кредитокорисниците од ,,Ковид 2”


Развојната банка на Северна Македонија на својата веб страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитната линија „Ковид 2”. Јавниот повик ќе трае седум дена, заклучно со 18 јуни, кога е последниот ден за поднесување на барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за […]

(Во живо) Прес-конференција на министрите Бесими и Хоџа, и на директорот на СБ во земјава, Масимилијано Паолучи


Просследете ја прес-конференцијата на министрите за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Бесими и Арјанит Хоџа, и на директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи.  

Уште 20 нови 20 случаи со Коовид-19, починаа двајца пациенти, оздравеа 30


Во последните 24 часа се регистрирани 20 нови случаи со Ковид-19 од направени 2.885 тестирања. Пријавени се две починати лица и 30 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Од 20 новозаразени, од Куманово се 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, […]