Поголеми бенефиции за странските компании што ќе инвестираат надвор од Скопје


Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони воведе нов пристап во поттикнувањето на странските инвестиции кој подразбира не само да се донесат инвестиции со подобар квалитет, туку и инвестиции од кои придобивки ќе имаат сите граѓани преку стимулирање на рамномерен регионален развој, најави директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски. -Очекувам да имаме повеќе квалитетни компании […]

Годинава двојно повеќе претставки за поштенски услуги, детектирани осум диви поштенски компании


Од почетокот на 2021 година до Агенцијата за пошти биле поднесени вкупно 30 претставки од корисниците на поштенските услуги, што според директорката на Агенцијата, Билјана Аврамоска Ѓореска, во овој период бројот на поднесени претставки е двојно зголемен во однос на изминатите години. – Дваесет и четири поднесени претставки се од физички лица, додека пак преостанатите […]

Обезбедени се пари за пругата кон Бугарија, има и готов проект


Директорите на двете државни компании за железничка инфраструктура на Македонија и Бугарија, денеска во Скопје им дадоа нов поттик на заложбите за изградба на пругата кон Софија. Директорот на инфраструктурата на македонските железници, Хари локвенец, рече дека „ги засукавме ракавите“ и дека целта е пред остварување. „Парите се обезбедени, вкупно 165 милиони евра; имаме комплетно […]

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство


Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од пет полициски службеници кои во периодот од 11 до 18 јуни ќе бидат присутни во Букурешт, Романија, по повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска […]

На болничко лекување 109 ковид-пациенти, 43 од нив се во Скопје


Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се две починати лица и 30 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Од 20 новозаразени, од Куманово се 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, […]

Состанок на историската комисија за спорот со Бугарија


Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска го одржува 14. состанок, којшто е трет од предвидените пет за оваа година. На последниот, 13. состанок на Мешовитата комисија, одржан на 23 и 24 април во он-лајн формат, не беше постигнат никаков резултат, а се разговарало за македонските учебници за седмо одделение, додека […]

Значајно зголемен интересот за лиценци за работа во поштенскиот сектор


Драстично е зголемен интересот за лиценци за работа во поштенскиот сектор. Имено, во последни шест месеци вкупно 11 нови лица поднеле нотификации за добивање на општо овластување. Ова беше истакнато на денешната 16. Седница на Агенцијата за пошта на која, директорката на Агенцијата Билјана Аврамоска Ѓореска истакна дека во период од јануари до јуни оваа […]

За Камчев уште 30 дена притвор, одлучи судот


Еден од најбогатите македонски бизнисмени, Орце Камчев, останува во притвор и понатаму по поминати 90 дена. Кривичниот судски совет на Одделот за организиран криминал му одреди нови 30 дена притвор како главен осомничен во случајот „Плацевите на Водно“. Претходно, Камчев нудеше и гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа […]

Се ближи крајот на ерата на Нетанјаху – уште два дена


Гласањето за новата влада е закажано за в недела. Нетанјаху и натаму зборува за апокалипса што ќе му се случи на Израел ако тој не ја води земјата   ЕРУСАЛИМ – Во последните денови од неговото историско 12-годишно владеење, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не си оди тивко од политичката сцена. Долгогодишниот лидер ги обвинува своите […]

В понеделник тет-а-тет Мицотакис- Ердоган, Атина се надева на мирно лето во грчко-турските односи


Цврста позиција на Владата и на премиерот е дека каналите на комуникација со соседната земја треба да останат отворени. Ние сме за конструктивен дијалог, секогаш базиран на меѓународното право и со целосно почитување на меѓународните обврски што ги има преземено секоја земја, истакна портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, […]

Сара Климоска на официјалната церемонија за доделување на наградата European Shooting stars 2021


Младата актерка Сара Климоска деновиве е во Берлин, каде ќе присуствува на официјалната церемонија за доделување на наградата Shooting Stars 2021, награда за европски актери во подем. Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 14 јуни, непосредно пред проекцијата на филмот I’m Your Man на Maria Schrader во рамките физичкото издание на Берлинскиот […]

Германија: Зелените почнаа да пропаѓаат надолу во анкетите


Според институтот за истражување на мислења „Инфратест димап“, кој го спроведе истражувањето за телевизијата АРД конзервативната коалиција ЦДУ/ЦСУ (наречена Унијата) има добиено пет процентни поени во таканареченото неделно прашање во споредба со мај и сега достигнува 28 проценти. Зелените, пак, загубија шест процентни поени и се на 20 проценти. СПД останува непроменета на 14 проценти, […]

Нема повлекување на законот за продажба на државно земјоделско земјиште, вели Хоџа


Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска изјави дека не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, бидејќи како што рече, тој закон ќе придонесе за развојот на земјоделството, во делот на приходите во буџетот, но и во делот на инвестициите што би биле како дел од евентуалната продажба на […]

Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор


Судскиот случај „Двојник” заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник”. Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање […]

Хуманитарна акција на SPORT LIFE: „Навиваме заедно за Македонија”


„Sport Life“ ги повикува сите играчи да се вклучат во хуманитарната акција – „Навиваме заедно за Македонија“, за поддршка на изградбата на центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид. За секој уплатен тикет во периодот на eвропското фудбалско првенство, на кој што ќе биде одиграна и македонската […]

Порака од Вашингтон: Преговори со Македонија и Албанија без одлагање


Како што се доближува времето за носење одлука во ЕУ околу отворањето преговори со Македонија и Албанија така расте и притисокот на САД за давање зелено светло и отстранување на сите блокади во Унијата. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, пред денешниот самит на Г7  и самитите на НАТО и ЕУ на кои ќе […]

На Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат дарител


Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат дарител. „Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт. Рано утрово заврши трансплантацијата на […]

Поради трка, во недела, изменет редослед на автобусите на ЈСП


Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во недела (13.06.2021 година) во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”. Изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, […]

МНТ со претставата „Кец на десетка“ ќе гостува во Струмица – Град на културата


Претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата — Струмица, „Град на културата“ за 2021 година. Изведбата на претставата е закажана за 12 јуни со почеток во 20:00 и ќе биде одиграна на […]

Ковачевски : Инвестиции во снабдувањето со струја и парно греење во Скопје


Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски  при денешната посета на  подружницата „Енергетика” во Гази Баба ги претстави проектите во кои ќе инвестиарат во наредниот период и најави проширување на топловодниот систем, модернизација на подружницата, изградба на гасна електрана и поставување покривни фотонапонски електрани. Со тековниот проект таму се работи на проширување на топловодниот систем […]