Брижит Бардо осудена на 5.000 евра за навреда на ловџии


Франција– Суд во северна Франција ја осуди познатата некогашна глумица и супермодел, Брижит Бардо, на парична казна од 5.000 евра за навреда на претседателот на Француската ловечка федерација. Поранешната актерка ќе мора, меѓу другото, да му плати 1.000 евра отштета на Вили Шрен, како и 1.000 евра судски трошоци. Судот во градот Ара ѝ наложи […]

Актерот Бил Козби излегува на слобода – укината пресудата за сексуално вознемирување


САД– Врховниот суд на Сојузната држава Пенсилванија денеска донесе одлука за укинување на пресудата за американскиот комичар и ѕвезда Бил Козби, кој беше осуден пред три години за напад и сексуално вознемирување на повеќегодишна затворска казна. Одлуката на судот за ослободување на 83-годишниот актер следеше откако беше постигнат договор со претходниот обвинител, што го спречи […]

Камчев се жалел на болки во градите, ќе биде задржан на Кардиологија


Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов ги потврди информациите на „Фокус“ дека познатиот бизнисмен Орце Камчев денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија. Во 16 часот по барање на бранителите дека му се влошила здравствената состојба на Камчев, тој со амбулантно возило од затворот е префрлен на Кардиологија. Тој се жалел на гушење […]

Бесими: Фискално гледано нема основ еколошката такса да се гледа како кризен данок


Во земјава постои консензус меѓу власта, опозицијата и бизнис заедницата дека е време да се дизајнира моделот на еколошки давачки и да се донесат. Дилема и дискусија постои дали ваквите средства ќе се инвестираат за еколошки проекти и дали токму сега е тајмингот за нивно воведување, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими. За обвинувањето од […]

Силва : Mакедонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година


Белгија – Министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва за МИА ги коментираше последните случувања околу содржината на португалскиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, и додаде дека неговата државна секретарка згрешила, јави дописничката на МИА од Брисел. Аугусто Сантош Силва, министерот за надворешни работи на Португалија, за кого ова беше […]

Од утре Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата, земјите ќе бидат поделени на црвена, портокалова и зелена зона


Бугарија– Од утре, 1 јули, Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата при што земјите ќе бидат поделени на црвена, портокалова и зелена зона во зависност од развојот на пандемијата во нив. Тоа беше обелоденето денеска од техничкиот министер за здравство Стојчо Кацаров. Тој објасни дека одлуката во која зона ќе бидат […]

Шахпаска: Пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска соопшти дека е изгласан законот за пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж! „Пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за работните односи, на кои работевме заедно, а кои се однесуваат на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на ноември минатата година. […]

Рекорден број новоинфицирани со Ковид-19 во Британија од крајот на јануари


Англија – Во Велика Британија евидентирани се 26.068 нови случаи на заразени со Ковид-19 што е највисок број од 29 јануари, како и 14 смртни случаи. Повеќе од еден месец, бројот на пациенти се зголемува, но нема многу смртни случаи, а научниците наведуваат дека забрзаната вакцинација ги ослабела последиците од инфекцијата. Претходниот ден, Велика Британија […]

Распродаден вечерашниот концерт на „Васил Хаџиманов Трио“ на „Скопско лето“


Распродаден е вечерашниот концерт на триото на српскиот џез музичар Васил Хаџиманов, велат од Скопско лето. Хаџиманов (клавијатури) ќе настапи во 21 часот во Куршумли ан со Мартин Ѓаконовски на контрабас и Алек Секуловски на тапани. „Васил Хаџиманов е неизбежна алка во српскиот џез од крајот на 20. век наваму. Уметник кој остава голема трага […]

Западен Балкан јавува: Слободен роaминг


Испорачување на ветувањата: Беа потребни само нешто повеќе од две години од потпишувањето на Регионалниот  договор за роаминг до укинувањето на роамингот во целиот регион  Утре е историски ден за регионот.  Ги елиминираме бариерите, границите и тарифите за мобилните телефони.  Балканот утре ќе биде со слободен роаминг. Тоа е само првиот чекор.  Она што ние […]

ЕУРО2020: Англиските навивачи повикани да не патуваат на четвртфиналето во Рим


Англија– Англиската фудбалска федерација (ФА) објави денеска дека се откажува од 2.560 влезници што и следуваат за четвртфиналниот дуел на ЕУРО2020 против Украина во Рим, и ги повика англиските навивачи да не патуваат во Италија за натпреварот. – Ве молиме да имате предвид дека ФА нема да продаде ниту една влезница преку официјалната агенција за патување на англиски навивачи на натпреварот од четвртфиналето поради […]

Во Бугарија го воведуваат еврото од 2024 година


Бугарија– Во Бугарија е усвоен нацрт-национален план за воведување на еврото од 1 јануари 2024 година, соопштија денеска Бугарската национална банка и Министерството за финансии на Бугарија. Воведувањето на еврото е планирано без преоден рок, а датумот на усвојување на еврото ќе се совпадне со неговото воведување како официјална платежна единица. Конверзијата ќе се изврши со […]

Милан Кнашко добитник на наградата Актер на Европа 2021


Добитник на главната награда Актер на Европа 2021 на овогодишниот Интернационалниот театарски фестивал е познатиот актер Милан Кнашко од Словачка. Наградата на актерот со богата филмска и театарска биографија, поранешен соработник на Вацлав Хавел, министер за култура и за надворешни работи на Словачка, ќе му биде доделена на фестивалот, кој традиционално се одржува од 6 до 11 […]

Србија ќе добие 200 милиони евра од ЕИБ за ублажување на последиците од пандемијата


Со цел ублажување на последиците од пандемијата, Владата на Србија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпишаа финансиски договор за заем вреден 200 милиони евра, со кој ќе се обезбеди поддршка на малите и средните компании и компании со средна пазарна капитализација. Договорот во Луксембург го потпишаа министерот за финансии Синиша Мали и потпретседателката на ЕИБ, […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Џафери


ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради, како што се наведува во нивното соопштение, „свесно кршење на Уставот и законите“. Од опозициската партија апелираат надлежните власти и институции да реагираат и да го осудат ваквиот чекор. ВМРО-ДПМНЕ го највува овој чекор откако пред два дена претседателот на […]

Хашкиот суд ги осуди Станишиќ и Симатовиќ на по 12 години затвор за злосторства во Босански Шамац


Хашкиот суд денеска ги осуди поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки, на по 12 години затвор за злосторства на „Црвените беретки“ против несрпското население во Босански Шамац, во пролетта 1992 година. Судот утврди дека Станишиќ (71), тогашен началник на СДБ Србија и Симатовиќ (71), првиот оперативец на […]

Верификуван мандатот на новата пратеничка Даниела Николова


Собранието попладнево го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски. Претходно, Собранието ја констатира оставката на Богдановски, која тој не ја образложи на седница. Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на […]

Нуредини: Шар Планина стана национален парк


Со посебна гордост објавувам дека пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство од 66 гласови дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк и донесоа историска одлука. Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година […]

ЕУ ги продолжи економските санкции на Русија за шест месеци


Европската унија ги продолжи за шест месеци економските санкции воведени на Русија од 2014 година поради нејзината нелегална анексија на Крим и дестабилизација на Украина и ја разгледува можноста за воведување нови мерки против Москва. Договорот допрва треба да биде одобрен од министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот на 12 јули, велат дипломатски […]

Заев: Новата канцеларија на Скеил Фокус во Скопје е доказ дека ИКТ секторот постојано расте со добро платени вработени


Македонскиот ИКТ сектор во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите. Оваа индустрија е најбрзо растечка во земјава и ги вработува најмладите и најпрогресивните граѓани, истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на канцеларијата „Скеил Фокус“ во Скопје каде присуствуваше заедно со вицепремиерот Љупчо […]