Во пет општини ќе се спроведе пилот- проект на ГЕФ/УНЕП за управување со земјиште и реставрација на планински предели


Проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и реставрација на најранливите планински предели“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд со 3,7 милиони долари, во следните четири години ќе биде спроведен од УНЕП и Министерството за животна средина и просторно планирање. Пилот-проектот ќе се спроведува во пет општини и тоа Арачиново, […]

Два нови случаи на Ковид-19, нема починати пациенти


Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 2.216 тестирања. Оздравени пациенти и починати лица не се регистрирани, соопшти Министерството за здравство. Направени се 2.216 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-34, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово–30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, […]

Уапсен криминалец од Бугарија, меѓу најбараните во Европа


На 29.06.2021 во 12.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М.(63) од Р.Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија. П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и […]

Телевизијата „Фокс њуз“ казнета 1 милион долари за сексуално вознемирување и кршење на работничките права


Комисијата за човекови права во градот Њујорк ја казни Фокс Њуз со еден милион долари – најголема казна во нејзината историја поради кршење на законите за сексуално вознемирување и кршење на работничките права на вработените. Како дел од парничен договор, телевизијата, исто така, се согласи да воведе задолжителна обука против сексуално вознемирување за своите вработени […]

Целосно реконструиран Центарот за вработување во Куманово


Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири денеска го посети Центарот за вработување во Куманово, кој е комплетно реконструиран. Како што соопшти Агенцијата за вработување, Центарот за вработување во Куманово доби нова фасада на зградата, променета е покривната конструкција и прозорците со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Набавен беше и котел на […]

Меркел во петок ќе ја посети кралицата Елизабета


Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети кралицата Елизабета во замокот Виндзор за време на нејзиниот престој во Велика Британија оваа недела, соопшти денеска Бакингемската палата. Канцеларката ќе се сретне со кралицата Елизабета во петок, кога ќе има средба и со британскиот премиер Борис Џонсон во неговата резиденција. Предвидено е Меркел да го посети и […]

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Мирослав Богдановски


Собранието денеска треба да ги одржи 45-та и 43-та седница. Пред почетокот на 45-та седница, претседателот на Собранието Талат Џафери ги информираше пратениците за две поднесени оставки. Оставката на членот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) Дино Дрпљанин и оставката на пратеникот Мирослав Богдановски од Демократска обнова на Македонија – ДОМ. […]

САД првпат ќе имаат амбасадорка во Германија


Претседателот на САД, Џо Бајден ја номинираше претседателката на Универзитетот во Пенсилванија, Ејми Гутман за амбасадорка во Германија, соопштија извори од германската Влада. Гутман (71), ќерка на преживеан од холокаустот, ќе биде првата жена назначена на функцијата. Назначувањето на Гутман треба да биде потврдено од американскиот Сенат и одобрено од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Сè уште […]

Нето надворешниот долг намален за 95 милиони евра


На крајот на првиот квартал од 2021 година нето надворешниот долг изнесува 3.297 милиони евра или 28,4 отсто од БДП што е квартално намалување за 95 милиони евра, соопшти денеска Народната банка. Од аспект на структурата, и натаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг, 61 процент. Според НБ, бруто надворешниот долг изнесува 9.833 […]

Битиќи: Ние сме Европа и по тој пат продолжуваме да одиме


Ние сме Европа. Сите земји од иницијативата Западен Балкан 6 (Берлински процес) се Европа и јас силно верувам дека ако одиме заедно ќе одиме посилно и побрзо. И додека работиме кон заеднички регионален пазар, правиме чекор напред кон единствениот пазар на ЕУ што ќе ја зајакне нашата економска интеграција, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир […]

Средба Пендаровски – Милановиќ: Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на С Македонија


Реафирмација на поддршката од Хрватска за евроинтеграцијата на Северна Македонија, со уверување за исчекор и отворање преговорите за членство во тек на претстојното словенечко претседавање, изразија по денешната средба во Загреб претседателите Стево Пендаровски и Зоран Милановиќ. По тет-а-тет средбата во претседателската палата во рамки на официјалната посета на Пендаровски на Загреб, шефовите на двете […]

Во Индонезија голем пораст на бројот заразни со Ковид-19, сѐ повеќе заразени се деца


  Бројот на деца заразени со корона вирус во Индонезија порасна речиси три пати од мај, а смртноста на новороденчиња од Ковид-19 нагло порасна во земјата која се бори со најтешкиот бран од заразата досега, рече во средата водечкиот педијатар. Индонезија во јуни забележа пораст на бројот заразени со корона вирус меѓу кои и рекорди […]

БиХ, Црна Гора и Косово на списокот на ЕУ за ковид безбедни земји


Белгија- Претседавачот со Европската унија (ЕУ), Португалија состави нов список на потенцијални безбедни земји за Ковид-19, кој ги вклучува Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ). Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го одобрија списокот и оваа одлука ќе стапи на сила до крајот на оваа недела, што значи дека граѓаните на […]

Данците – најактивни Европејци на социјалните мрежи


Белгија – Во Европската Унија, 57 отсто од граѓаните на возраст меѓу 16 и 74 години биле дел од социјалните мрежи минатата 2020 година, објави Евростат по повод Светскиот ден на социјални мрежи, што се одбележува денеска. Во 2019 година, 54 отсто од граѓаните на ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години биле на социјалните […]

Рот: Иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ


Германскиот државен секретар за Европа Михаел Рот денеска нагласи дека е крајно време да се отворат преговори со Албанија и Северна Македонија и дека е потребно да се забрза процесот на европска интеграција . Рот, кој преку онлајн платформа се приклучи на состанокот „ЕУ-ЗБ по ерата по Ангела Меркел“ истакна дека иднината на сите „шест“ […]

Романска награда за кинематограферот на играниот филм „Дедо и внук“


Македонско-романската копродукција.„Дедо и внук” доби награда за најдобра фотографија на игран филм за 2020 година од Романската асоцијација на кинематографери, на 15-тата филмска манифестација „Гопо“. Наградата му е доделена на Патру Паунеску, директор на фотографија на овој филм снимен по сценарио и режија на Илија Пиперкоски. – И покрај тешкотиите со кои се соочија, некои […]

Меланија Трамп доби шлаканица: Џил Бајден на насловница на августовскиот „Вог“


Првата дама Бајден ги носеше американските дизајнери Оскар де ла Рента, Мајкл Корс и Ралф Лорен на балконот Труман во Белата куќа за фотосесијата „Вог“ САД- Првата дама на САД , д-р Џил Бајден се најде на насловната страница на легендарниот моден магазин Вог, во потег што многумина го сметаат за шлаканица на нејзината претходничка […]

Почнува летната градежна офанзива во Скопје, ќе се поправаат повеќе булевари


На денешната 72 седница на Советот на Град Скопје советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и културните установи на Градот. Меѓу советничките прашања поставени до градоначалникот Шилегов беше и прашањето за воведувањето на БРТ во Скопје. Во однос на прашањето градоначалникот Шилегов одговори  дека воведувањето на нов концепт на јавен […]

РКЕ донесе одлука за незначително намалување на цената на струјата


 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија се намали од 18 на 5 отсто. На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени […]

ЕК: Неевропска е одлуката на Германија за ставање на Португалија на црвената листа заради ширењето на делта сојот


Одлуката на Германија да ја стави Португалија на својата црвена листа поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот не е во согласност со европскиот пристап, соопшти ЕК денеска. Одлуката за тоа ја донела канцеларката Ангела Меркел. Портпаролот на Европската комисија денеска изјави дека сите европски членки треба да се консултираат и да ги координираат […]