Гал Гадот, ѕвездата на „Жената чудо“ роди трета ќерка


САД- Израелската актерка со холивудска кариера Гал Гадот (36) ја роди третата ќерка, а среќните вести ги сподели среќните на својот инстаграм-профил. Во најновата објава, Гал позира со сопругот и постарите ќерки, додека едната од нив во рацете го држи новороденчето. „Моето слатко семејство. Не можам да бидам поблагодарна и посреќна (и изморена), сите сме […]

Протест во Кисела Вода – „Стоп за бетонизација на Расадник“


Жителите на скопската општина Кисела Вода денеска во 18 часот излегуваат на протест. Со протестот, кој ќе се одржи кај „Гет кафе“, жителите од оваа населба сакаат да порачаат дека треба да престане бетонизацијата на општината особено на Расадник, кој е единствената останата поголема зелена површина. Месеци наназад жителите на Расадник упатуваат апели дека изградбата […]

Тајсон на суд: Боксерот зел 25 милиони долари, па одбил борба со Холифилд


Англија– Промоторската компанија „Трилер“ го тужи поранешниот неприкосновен шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон, објави „IBT“. Во соопштението се вели дека Тајсон доби 25 милиони долари за ревијален меч против Ивандер Холифилд, кој пропадна во април поради одбивањето на борбата од страна на „Железниот Мајк“. Рајан Кавано, извршен директор на компанијата, рече дека ќе […]

„Магна“ почнува со производство кон крајот на годината, ќе отвори над 1.200 работни места


Канадската компанијата „Магна“, која почна да гради фабрика во ТИРЗ „Струга“, треба да почне со производството на ретровизори за „Дачиа Дастер“ кон крајот на годинава. Компанијата веќе вработи 40 лица, а според Договорот за државна помош треба да бидат вработени 300. Согласно бизнис планот, пак, се планираат над 1.200 работни места. Инвестицијата ќе биде најмалку […]

Пендаровски од Загреб: За нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во ЕУ


Хрватска е една од најголемите поддржувачи на евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Ние сме и благодарни на Хрватска за искрената поддршка и одговорноста за мирен и просперитетен Балкан во обединета Европа. За нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со хрватскиот […]

Падот на туризмот поради Ковид-19 ќе го чини светскиот БДП 4.000 милијарди долари


Падот на туризмот во целиот свет поради пандемијата со Ковид-19 може да доведе до загуби од над 4.000 милијарди американски долари во светскиот БДП за 2020 и 2021 година, покажува извештајот на Конференцијата на ОН за Трговија и развој (УНКТАД). „На глобално ниво, ударот што Ковид-19 му го зададе на меѓународниот туризам само во 2020 […]

Франција најверојатно ќе има четврти бран на Ковид-19


Франција– Франција, најверојатно, ќе има четврти бран на Ковид-19, како резултат на повторување на случаите предизвикани од Делта варијантата на вирусот, првично откриена во Индија, изјави водечкиот научен советник на Франција, професорот Жан-Франсоа Делфрејси.   Сепак, Делфрејси денеска додаде дека воведувањето на вакцината против Ковид-19 ќе помогне во ублажување на влијанието на овој нов бран на […]

Путин откри дека примил „Спутник V“: Имав темпeратура


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин денеска откри дека, по негов избор, ја примил руската вакцината против коронавирус „Спутник V“. Рускиот претседател, кој денеска одговара на прашања од руските граѓани, кажа дека бил замолен да не кажува која вакцина ја примил за да не создаде конкуренција, но потоа, сепак, призна дека станува збор за вакцината „Спутник […]

Короната заминува, туристите се враќаат на црногорскиот брег


По пауза од една сезона туристите од регионот и надвор од него полека се враќаат на брегот на Јадранското Mоре во Црна Гора, во Херцег Нови и Игало. На почетокот на сезоната се чувствува раздвиженоста на шеталиштето покрај брегот и на плажите. Иако поголем број од угостителските објекти најавија отворање на средината на овој месец, […]

Започна вакцинацијата со „Синовак“


Во вакциналните пунктови низ државата од денеска почна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако ги помина сите потребни законски процедури. Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре, соопшти Министерството за здравство.   – Станува збор за […]

„Бајага и Инструктори“ на 30 јули со концерт на Антички во Охрид


Регионалните ѕвезди „Бајага и Инструктори“ се враќа во Охрид за Илинден со невиден концерт од својот безвременски каталот на најубави песни на Антички театар од 21 часот, најавува организаторот „Авалон продукција“.  Дали можете да замислите како во Античкиот театар во Охрид ќе звучат „Zažmuri“, „Sa druge strane jastuka“, „Kad hodaš“, „Od kada tebe volim“, „Plavi […]

„Брзи и бесни 9“ заработи 70 милиони долари првиот викенд во САД


САД – Првиот викенд од прикажувањето „Брзи и бесни 9“ во американските кина заработи 70 милиони долари. Ова е најголемото достигнување во САД, по „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ во 2019 година. Филмот во кој глумат Вин Дизел, Шарлиз Терон, Хелен Мирен и Џон Сена е најуспешен и во светската филмска индустрија, за последниве 18 […]

Маск подготвен да инвестира 30 милијарди долари во вселенскиот интернет


Милијардерот Илон Маск изјави дека планира да вложи околу 30 милијарди долари за развој на неговиот амбициозен сателитски проект „Старлинк“. Целта е распоредување илјадници сателити во тн. ниска орбита, заради брз интернет во позафрлените и слабо развиени области. Досега, компанијата распореди повеќе од 1.500 сателити и, до август ќе има интернет-покриеност на кое било место […]

Никола Димитров ја нарече изјавата на Закаријас „прилично несреќна“


И вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се јавиле вчера во Лисабон да бараат објаснување за изјавата на португалската  министерка за Европа, која не само што рече дека македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот, туку покажа речиси целосно разбирање за бугарските ставови во спорот околу идентитетот и […]

Совети за сонот во жешките летни ноќи


Германија– Последиците од екстремна жештина што го загрозува сонот и одморот ноќе, не треба да се потценуваат, смета германскиот стручњак за сон, Ханс-Гунтер Вес. Според него, утрото по непроспиена ноќ е често придружено со верижно „колективно проѕевање“ на работа или на училиште… – Но, она што повеќе ме загрижува е дека сѐ ова може да […]

За „Директна линија“ над 1,2 милиона Руси му поставија прашање на рускиот претседател


Русите му испратија над 1,2 милиони прашања на својот  претседател Владимир Путин за ТВ програмата „Директна линија“. Тасс јави дека до утринава, до 9 часот по московско време, биле примени точно 1.256.048 прашања за рускиот претседател, од кои 658.183 преку кол центарот,  331.070 прашања биле испратени преку СМС или ММС, на интернет страницата 129.336 и […]

„Фордот“ на принцезата Дијана продаден за 61.000 евра


„Форд ескортот“ што некогаш ѝ припаѓал на Дијана, принцезата од Велс, беше продаден на аукција во Велика Британија вчера, за нешто повеќе од 61.000 евра. Новиот сопственик е музеј во Јужна Америка. Лејди Ди ја доби оваа светло-сива лимузина како подарок за веридбата, од принцот Чарлс во мај 1981 година, два месеца пред венчавката во […]

МВР набави 50 нови ласерски радари


Нови 50 ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.   – Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина […]

Маричиќ: Со португалскиот предлог не се доведува во прашање посебноста на македонскиот јазик


Португалскиот предлог за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите на земјава, го разгледувавме врз основа на тоа што ни беше доставено како документ, а не врз основа на вчерашните изјави, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со пренесената изјава на португалската државна секретарка за европски прашања […]

Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025


Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025, која што е целосно преструкртуирана според новата кластерска  методологија за пристапни преговории, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија. Една земја членка – Бугарија, порача Димитров, […]