Санчез: Нема да има нов референдум за независност на Каталонија


Нема да има референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија, соопшти шпанскиот премиер Педро Санчез, говорејќи пред пратениците во Конгресот (Долниот дом на парламентот). -Нема да има референдум за самоопределување, освен доколку оние кои го поддржуваат  можат да убедат три петтини од овој дом да го смени членот 2 од Уставот (за неповредливото единство на […]

Зибери: Пристапот до правдата во време на пандемијата беше ограничен


Ковид 19 ги наруши речиси сите текови во општествениот живот, а посебно негативно влијаеше врз слободите и правата на граѓаните, изјави народниот правобранител Насер Зибери, на денешната презентација на Извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2021 година. Според него, на удар пред се најдоа ранливите категории, како што […]

СЗО: Последнава недела во светот има 2,6 милиона новозаразени со коронавирус


Во светот во текот на изминатат недела се регистрирани над 2,6 милиона нови случаи на коронавирус и 57.000 смртни случаи, соопшти денеска Светската здравствена организација. Од вкупниот број на новоинфицирани, 10 проценти се регистрирани во Европа, или 372.000. Инциденцата на инфекцијата скокна за два процента, додека бројот на смртни случаи е опаднат за 10 проценти, […]

Словенија утре ќе го преземе претседателството со ЕУ


Словенија утре ќе го преземе претседателството со Европската унија, а меѓу нејзините приоритети ќе биде процесот на проширување на Западен Балкан, нејзиниот одржлив развој и закрепнување по пандемијата.   Владата на Словенија утре ќе организира Колеџ на комесари на Брдо кај Крањ, предводен од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, каде ќе се […]

(Во живо) Прес на Пендаровски и на Милановиќ


Проследете ја во живо прес-конференцијата на претседателите на Македонија и на Хрватска, Стево Пендаровски и Зоран Милановиќ, при дводневната посета на Пендаровски во Загреб.

(Фото/Видео) Екстремна бура ги затрупа улиците со 60 см град во источна Франција


  Пожарникарите биле повикани повеќе од 100 апти да интервенираат по екстремната бура што го зафати истокот на франција вчера, при што улиците на градовите беа затрупани со 600 сантиметри висок град. Не се пријавени жртви или повредени. Tout mon soutien aux habitants de Plombières les Bains victime d’un orage de grêle. Courage et solidarité […]

Промовирани нови 50 ласерски радари за потребите на сообраќајната полиција


Во Министерството за внатрешни работи денеска беа промовирани презентирани новите ласерски радари наменети за потребите  на сообраќајната полиција  опремени со уред  за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните. Набавката вредна 21.257.175 денари е  направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското […]

Во голема полициска акција во Загреб, уапсен директорот на ХРТ


Во Загреб во тек e нова голема операција на УСКОК и полицијата, во која досега се уапсени пет лица, а меѓу нив има и некои имиња познати на јавноста. Според хрватските медиуми, уапсен е и генералниот директор на јавниот сервис на ХРТ, Казимир Бачиќ. Апсењата се поврзани со сомневања за злосторства извршени за време на […]

ТУК ја поздрави одлуката за овозможување работа на угостителските објeкти


Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори ја поздравува одлуката на Владата од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти, вклучително и организирање прослави и настани. Според ТУК, одлуката беше донесена на нејзина иницијатива, но во соработка со Министерството за економија кое изминатиот период покажа капацитет за […]

Регионалните лидери и мислители се собираат утре на Преспа форумот


Претседатели, премиери, министри, политички научници, економисти од Балканот, од ЕУ, а и од САД, утре и задутре ќе бидат дел од првиот Преспа форум дијалог во Охрид и Отешево, на кој треба да бидат промовирани добрососедските односи и соработка. Оваа платформа креирана од македонската влада, со очигледна референца на историскиот Преспански договор ќе им овозможи […]

Влада: Изјавата на Закаријаш е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение


Изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик, доколку е прецизно пренесена, и по суштина и по методологија е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение, велат од Владата за МИА. Истакнуваат дека ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко […]

МОН: Секое училиште треба да понуди 12 изборни предмети годишно


Со новата Концепција секое училиште треба да понуди 12 изборни предмети годишно, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Тема на денот на Сител телевизија. – Со новата Концепција има повеќе изборни предмети. Ништо не укинуваме. Сега велиме во четири поглавја може да се обезбедат до три изборни предмети. Што значи дека секое […]

Барем со една доза вакцинирани 52 отсто од луѓето над 70 години во Македонија


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно […]

Земјотрес кај Петриња проследен со силен татнеж


Централна Хрватска, во околината на Петриња, беше погодена од уште еден во серија земјотреси со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала или III степен според ЕМС. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 3:53 часот, е регистриран на четири километри јужно од Петриња. Жителите велат дека се слушале „грмотевици и татнеж“, морничави звуци и […]

Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот


Од утре се укинува роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа ќе се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, […]

Азески: Бизнисот успеа да опстане, сега му треба силен инпут


Компаниите кои инвестираат во развој, иновативни решенија и дигитализација на процесите со примена на меѓународно признатите стандарди мора да бидат поддржани во пост-КОВИД периодот и со тоа да им се одаде признание како се понесоа во една од најтешките кризи. Бизнисот успеа да опстои и она што им е сега потребно на фирмите е силен […]

Шаховска игра за Северна Македонија


НОРБЕРТ МАПЕС-НИДИК Будимпешта и Софија користат незгодни трикови за да ги блокираат преговорите на Скопје за пристапување во ЕУ. Можеби затоа што Скопје е премногу проевропски за нив   Поминаа повеќе од сто години откако еден британски истражувач се најде зачуден. Човекот бил во Македонија, во селата околу османлискиот град Манастир и насекаде ги прашувал […]

„Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец


Од печат излезе книгата „Скопски разговори“ на Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист, и проф. д-р Милан Јазбец, донеодамнешен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, дипломат, универзитетски професор, писател и поет. Книгата претставува своевидна збирка од 20 радио – интервјуа реализирани во рамките на редовните програми […]

ЕВРО 2020: Место и термини за четвртфиналните двојки


Италија– Со одигрување на последните два осминафинални натпревара, познати се двојките за четвртфиналето. На 2 јули ќе играат: Швајцарија – Шпанија (Санкт Петербург, почеток 18 часот) Белгија – Италија (Минхен, почеток 21 часот). За 3 јули се закажани средбите: Чешка – Данска (Баку, почеток 18 часот) Украина – Англија (Рим, почеток 21 часот). 

Најмалку 34 жртви на пеколните горештини во Канада


Канада– Повеќе од 34 смртни случаи се регистрирани во западна Канада, посебно во регионот околу Ванкувер, заради рекордните горештини, соопшти денеска полицијата, пренесоа француските медиуми. Кралската канадска коњаничка полиција информира за повеќе од 34 смртни случаи што за 24 часа биле пријавени кај локалните власти. Големата жештина се смета за главната причина за повеќето смртни […]