Раст на семејното насилство по укинувањето на рестриктивните мерки во Европа


Со постепеното враќање на животот во нормала во Европа се бележи зголемување на семејното насилство врз жените, пишува денеска агенцијата Франс Прес. Лицата на жртвите деновиве се наоѓаат на насловните страници на медиумите, во време кога насилниците ја „губат контролата“ врз жените што ја имале за време на пандемијата на коронавирусот и ограничувачките мерки што […]

Флориан Бибер : Бугарското вето е неоправдано и е злоупотреба на моќта на членка на ЕУ


Бугарското вето е секако неоправдано и за жал националистичка злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ. На многу начини, тоа е дури и повеќе безобразно од грчкото вето затоа што става вето на земјата откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство. Ова го истакнува во […]

По 20 години германската војска се повлече од мисијата во Авганистан


Германија – Германските трупи синоќа се повлекоа од Авганистан, соопшти Министерството за одбрана на Твитер, објавувајќи го повлекувањето на нивните војници од Авганистан по цели 20 години. -Ова е крај на едно историско поглавје, интензивна мисија која беше тест за Бундесверот и во која Бундесверот се покажа во битка, рече германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер. […]

Премиера на филмот „Проблемот на Тина“ на Радован Петровиќ


Светската премиера на новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ – „Проблемот на Тина“ ќе се одржи вечер, во 21 часот, во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ). Во филмот се раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед. Сценариото на филмот е на Румена Бужаровска, а продукцијата на „Партизанс“. […]

Во очекување ЕУ да го исполни ветеното, земјите од Западниот Балкан ја зајакнуваат регионалната соработка


Северна Македонија, Албанија и Србија остануваат посветени на својот европски пат и на регионалната соработка, свесни дека како дел од Европа, Унијата им е потребна ним, исто толку колку што и тие и се потребни на ЕУ. Ваква порака вчера упатија премиерот Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ по […]

За Димитров изјавата на Закаријаш е поприлично несреќна


Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров изјавата на Ана Паула Закаријаш, португалската државна секретарка за европски прашања ја оцени како поприлично несреќна. -И јас и министерот за надворешни работи вчера контактиравме со Лисабон и португалското претседателство. Укажавме на оваа крајна несоодветност, која беше наведена и во владиниот став и добивме уверување дека изјавата апсолутно не го […]

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 стабилна, од утре свадби и во затворен простор


Во услови на стабилна епидемиолошка состојба и со 221 активен случај на Ковид-19, Владата вчера донесе одлука да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица. – На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука од 1 јули 2021 година свадби да се организираат и во затворен простор со […]

„Филхармонија на отворено“ во дворот на Министерството за култура


Камерниот концерт од серијата настани „Филхармонија на отворено“, ќе се одржат на отворено во дворот на Министерството за култура. Во рамки на концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија со своите камерни состави. На програмата дела од Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони, Скопски брас квинтет, Александра Чуруковска […]

Промоција на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“


Федерацијата за планинарство на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Словенија во земјава, која обезбеди финансиски средства преку донации од словенечки фирми, во село Бродец денеска го започнува спроведувањето на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“. Со обележувањето на патеките се промовира соживотот со природата, важноста на заштитата на животната средина […]

Вучиќ: На самитот во Скопје го менуваме името на иницијативата за мини Шенген


Србија -Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа на ТВ Еуроњуз изјави дека иницијативата „мини Шенген“, во која Србија е со Северна Македонија и Албанија, ќе го смени името на самитот во Скопје, што ќе се одржи на 28 и 29 јули, јави доспиникот на МИА од Белград. Тој додаде дека трите земји ќе продолжат да […]

Денеска до 41 степен, активиран жолт метео-аларм


Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. Согласно вредностите на прогнозираните температури на […]

ЕУРО 2020: Украина е последниот четвртфиналист, ја победи Шведска на продолженија


Шкотска-На стадионот Хамден парк во Глазгов, Шкотска, синоќа се одбра и последниот четврт финалист со што се комплетира четвртфиналето. Украина преку играчот од средина Жиченко поведе со 1-0 во 2-та минута. Во 43-тата минута играчот од средина од шведскиот тим Форберг го израмни резултатот.  Украинците поконкретни во нападот, имаа повеќе посед на топката и упатија повеќе удар […]

Скандал: Хрватска на ЕУРО2021 играше со дресови со усташката шаховница на грбот


Неверојатни гафови ѝ се случија на репрезентацијата на Хрватска на Европскиот шампионат. Не само со грешките на одделни играчи. Имено, на сите хрватски евро-дресови имаше знаме со погрешен хрватски грб. На официјалното знаме на Република Хрватска, првото поле на шаховската табла е црвено, а на дресовите на играчитеимаше шаховска табла со првото бело поле, што […]

ЕХФ бара од Вардар еден милион евра за учество во ЛШ


Актеулниот македонски и двократен европски шампион Вардар 1961 ќе мора да плати депозит во износ од еден милион евра како услов да учествува следната сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), објави денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ). Депозитот, како што е соопштено, ќе биде искористен за покривање на долговите на клубот кон играчите што останаа неподмирени […]

Критично со Ковид-19 во Русија: 150.000 луѓе се во болница


Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко изјави дека 151.000 луѓе во земјата во моментов се во болница со Ковид-19, додека земјата е зафатена од трет бран од многу заразната варијанта Делта. Инфекциите особено се засилија во главниот град Москва и вториот град Санкт Петербург, кој е домаќин на четвртфиналето на Евро 2020 во петок. На […]

Португалската амбасадорка вели дека никогаш не би го загрозиле изнаоѓањето решение меѓу Софија и Скопје


„Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Напротив, постојано се обидуваме да го олесниме“, вели во изјавата за Дојче веле, Марија Вирџиниа Мендес да Силва Пина, португалската амбасадорка во Македонија. Таа ги демантира извештаите во бугарските медиуми, коишто пренесоа изјава на државната секретарка за европски […]

Рикер утре во посета на Тирана, ќе се сретне со Рама и Баша


Албанија – Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер утре ќе престојува во Тирана, јави агенцијата Балкан веб. Високиот амеркански функционер ќе се сретне со премиерот Еди Рама и со лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша. Средбата со Баша ќе биде во седиштето на партијата. На средбите ќе се „разговара […]

Германските владини организации се повлекуваат од Фејсбук до крајот на годинава


Германските владини организации се очекува да ги затворат своите сметки на Фејсбук до крајот на годинава откако комесарот за заштита на податоците утврди дека социјалната мрежа не ја сменила својата практика во согласност со германските и европските закони за приватност. Во писмо до владините институции и агенции во овој месец, комесарот Улрих Келбер наведе дека […]

Ново правило во Грција: Вакцинираните лица можат да одат во ресторани без маска


Грција-Грција ќе им овозможи на лицата кои се целосно вакцинирани против коронавирусот во рестораните да бидат без маска, објави денеска грчката влада, во обид да се зголеми стапката на вакцинација. – Првата цел е да се олесни проектот за вакцинација. Да се ​​донесат што е можно повеќе луѓе во центрите за вакцинација – рече грчкиот […]

Земјотрес во Црна Гора? Познатата сеизмичка организација призна дека се случила грешка


Нов земјотрес ја потресе областа Црна Гора околу 19 часот, објави ЕМСЦ. Но, корисниците на апликацијата известуваат дека известувањето е лажно! Денес, околу 19 часот, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер ја потресе областа Црна Гора, објави ЕМСЦ. Епицентарот бил на длабочина од пет километри, на 15 километри од Подгорица. Но, корисниците на […]