Англија ја порази Германија на „Вембли“ за четвртфинале на ЕУРО2020


Англија обезбеди пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на ЕУРО2020, откако вечерва во Лондон со два гола во завршните 15 минути ја совладаа Германија во претпоследниот осминафинален натпревар на Европското првенство. По неколку неискористени идеални шанси на двете страни, особено во првото полувреме, Англичаните беа тие, кои го отворија резултатот на стадионот „Вембли“ преку Рахим Стерлинг […]

Едноминутен бојкот на Тур Д Франс поради лоши безбедносни протоколи


Франција– Велосипедистите, кои се појавија на стартот на денешната четврта етапа на годинешниот Тур Д Франс, ја прекинаа трката во траење од една минута откако го минаа првиот километар во знак на протест поради лошите безбедносни услови и бројните инциденти што ги одбележаа првите три етапи. По едноминутниот бојкот на патеката, велосипедистите следните десет километри ги минаа […]

Од 1 јули се укинува роамингот на Западен Балкан


Србија – Од четврток се укинува роамингот помеѓу Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. Тоа во изјава за српски медиуми го потврди помошникот министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Милан Добријевиќ. „Ова е последната фаза од спроведувањето на договорот склучен во Белград во април 2019 година и во таа […]

ЕУРО2020: Холандскиот селектор Де Бур поднесе оставка


Холандија– Два дена откако неговата репрезентација неочекувано беше елиминирана од Чешка во осминафиналето на ЕУРО2020, селекторот на Холандија, Франк де Бур, денеска поднесе оставка. – Целта не беше остварена и донесов одлука да не продолжам како национален селектор, изјави Де Бур за официјална страница на Холандската фудбалска федерација (KNVB). Де Бур ја презеде холандската репрезентација во септември […]

Влада: Финансиска поддршка на 745 естрадни уметници погодени од корона кризата 


Владата на денешната 83-та седница донесе одлука за доделување финансиска поддршка на вкупно 745 естрадни уметници. За секое од лицата кои се пријавија и ги исполнија условите предвидени со јавниот повик ќе биде исплатена еднократна финансиска поддршка во износ од 30.750 денари по лице. На естрадните уметници кои беа погодени од корона кризата во наредните […]

Халеп го откажа настапот на Игрите во Токио


Романија- Третата тенисерка на ВТА листата, Романката Симона Халеп, објави денеска дека нема да настапи на претстојните Олимписки игри во Токио. Поради минатомесечната повреда на мускулот на Мастерсот во Рим, романската тенисерка го пропушти Ролан Гарос, а го откажа и настапот на Грен-слем турнирот во Вимблдон. – За мене нема поголема гордост од тоа да […]

Дали е правично да се воведува еколошка такса, а да се отпишуваат долгови


Дали е правично да се воведува еколошка такса, а истовремено да се носи мерка со која се отпишуваат долгови, беше прашан премиерот Зоран Заев, на  прес конференцијата на која тој го претстави законското решение со кое околу 150 илјади граѓани ќе може да побараат отпис на каматите за неплатени обврски.    На забелешката дека е […]

Во Иран се повеќе милионери и покрај американските санкции


Иран– Бројот на милионери во Иран, и покрај големите американски санкции, се зголеми во текот на минатата година. Во тој период, бројот на луѓе кои управуваат со средства во вредност од над милион американски долари се зголеми за 21,6 отсто. Во меѓувреме, вкупното нето богатство на иранските милионери порасна уште побрзо – 24,3 проценти, според […]

Пендаровски утре во официјална посета на Хрватска


Претседателот Стево Пендаровски утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на Хрватска. Шефот на државата утре во Загреб со државни и воени почести ќе биде пречекан од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата шефови на држави и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Шефот на […]

Се разгледува можноста за европско знаменце за предлогот за еколошка такса за горивата


Правните служби на Владата ја разгледуваат можноста да се стави европско знаменце на Предлог-законот за воведување зелена еколошка такса за горивата кој е во собраниска процедура. Јас лично сметам дека треба да има затоа што е дел од Зелената агенда која е главна преокупација на Европската Унија, а согласно климатските промени и Парискиот договор очигледно […]

„Сестри“ со светска премира на филмскиот фестивал во Карлови Вари


Филмот „Сестри” во режија на Дина Дума и во продукција на Лист Продукција – Скопје, ќе има светска премиера на престижниот фестивал во Карлови Вари, кој годинава ќе се одржи од 20 до 28 август. Филмот учествува во компетицијата „Источно од Западот“, која е дел од официјалната програма. Оваа селекеција е наменета за автори на […]

Kонцертот на Влатко Стефановски во „Лисински“ го отвара циклусот Концерти во Кинотека


Во Кинотеката на Северна Македoнија, на летната сцена „Мирно лето“ в четврток започнува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, кои оваа установа ги реализира во соработка со дискографска куќа „Croatia Records“. Настанот ќе биде отворен со проекција на концертот на Влатко Стефновски од „Лисински“, во Загреб. Кинотека информира дека од 1 јули, па секој […]

Анализа: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот е мала и многу ретко се изрекува


Мерката конфискација на нелегално стекнатиот имот во нашето законодавство е воведена од 2004 година, но нејзината практична примена во судовите низ државата се уште е ретка. Во изминатите 5-6 години имаме само 40-тина предмети во кои е применета конфискацијата, од кои само 35 се правосилни. Во 30 правосилно завршени предмети, анализирани во последните 12 месеци, […]

Работниците кои од штипска „Баргала“ добија откази поднесуваат приговори


Стоте работници од штипската фабрика за производство на обувки „Баргала“ кои пред четири дена добија отказни решенија поради кршење на работен ред и дисциплина денеска во канцеларијата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесуваа приговори. Работниците тврдат дека неосновано се избркани од работа. –На 11-ти сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа […]

Шест нови случаи на Ковид 19 и 10 лица оздравени, нема починати


Во последните 24 часа од направени 2.887 тестирања се регистрирани шест нови случаи на Ковид 19, оздравени се 10 пациенти и нема починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.682 лица, соопштија денеска од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, МЗ информира дека од новорегистрираните случаи три се во Скопје и […]

МНР ќе ја проверува изјавата на португалската министерка Закаријас за јазикот


Македонското министерство за надворешни работи ќе ја проверува автентичноста на изјавата на португалската министерка за Европа, Ана Паола Закаријас, која на средба со бриселските дописници организирана во Лисабон изјави дека „јазикот на Северна Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик“. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција посветена на предлог-законот за отпис на […]

Над 150.000 граѓани ќе можат да побараат да им се отпишат каматите и трошоците за неплатени долгови


Преку 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19 чиј предлог-текст е усвоен на денешната владина седница. Законот ќе овозможи граѓаните да ја исплатат само главницата на долгот на повеќе рати. Како што соопшти премиерот Зоран Заев, државните органи и […]

Kредитите од ЕИБ со каматна стапка од 1,6 отсто


Со поддршка на Владата, преку Развојната банка која ќе ги пласира средствата преку деловните банки во економијата ќе се вбризгаат 100 милиони евра евтин капитал по исклучително ниски каматни стапки, најави денес на прес конференција премиерот Зоран Заев  Станува збор за кредити по исклучително поволна повластена каматна стапка, која за првите транши би изнесувала до […]

Данската национална банка изложена на напад на СоларВиндс


Данската национална банка беше нападната минатата година во глобалната хакерска операција „СоларВиндс“ и ја остави „задната врата“ на својата мрежа отворена седум месеци, објави денеска „Верзија 2“, повикувајќи се на документи поврзани со случајот.   Хакерите, кого САД ги обвинуваат за соработка со руските тајни служби, биле невообичаено софистицирани и го модифицирале кодот во софтверот […]

Дозволени свадби до 250 гости и на затворено


Владата на денешната седница донесе одлука свадбените прослави да се одржуваат и во затворен простор. „На предлог на Министерството за економија Владата денеска донесе одлука од 1 јули 2021 свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот“, напиша министерот за економија Крешник […]