Израел: Потпишан коалициски договор за нова влада


Осум израелски партии потпишаа денеска коалициски договор, со што се овозможува формирање нова влада во која по 12 години нема да биде Бенјамин Нетанјаху. Владата треба да положи заклетва в недела во Кнесетот, каде ќе добие поддршка од 61 пратеник. Новата влада најавува ков курс насочен кон заздравување на поделбите во земјата и враќање на […]

Заев: Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови


Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови, преку обезбедување 50 милиони евра неповратни средства, што им овозможи да се посветат на планови за развој на локалната самоуправа, изјави вечерва во Скопје премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина организирана од партијата под мотото „Најдоброто за нашата […]

Самит Бајден – Путин: Не постои хемија меѓу двајцата лидери


Русија е средишен проблем во американската внатрешна политика и претстојниот самит е со цел тој проблем да се менаџира и да се врати стабилноста во меѓусебните односи. Ова беше кажано денеска за време на Зум видео конференција одржана по повод претстојната средба на 16 јуни во Женева на претседателите на САД и Русија, Џо Бајден […]

Бразил, ОАЕ, Албанија, Гана и Габон избрани за непостојани членки на СБ на ОН


Обединетите нации денеска избраа пет земји за непостојаните места во Советот за безбедност – Бразил, Обединетите Арапски Емирати, Албанија, Гана и Габон, кои поминаа без неизвесност бидејќи ниту една земја немаше противкандидат. Стекнувањето место во 15-члениот Совет за безбедност се смета за врв на достигнувањето за многу земји, бидејќи им дава силен глас за прашања […]

Здравството се препознава според трансплантациите, семејствата сè посвесни за значењето на донирање органи


Пациентот со трансплантирано срце сега е во одделот за интензивна нега. Пред него се неколку денови на борба во смисла на тоа што овие први часови, денови се критични со можни компликации. Ова е четврта трансплантација и на некој начин целокупниот тој процес добро се канализираше и добро се одвива. Се посвесни се семејствата за […]

Блинкен разговарал со Радев за блокадата на Македонија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговарал со бугарскиот претседател Румен Радев за неколку теми, меѓу кои и за европските перспективи на Македонија и Албанија и за бугарската блокада. Според соопштението од кабинетот на Радев „Ентони Блинкен изрази очекувања за забрзување на процесот на евроинтеграција за нашиот југозападен сосед. Заеднички став беше дека ова […]

Мијатовиќ: Од срце ќе навивам за Македонците на ЕУРО2020


Легендата на црногорскиот и југословенскиот фудбал Предраг Мијатовиќ изјави за српските медиуми дека негови омилени репрезентации на ЕУРО2020 ќе бидат македонската и хрватската. -Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач, но би сакал Хрватска да го повтори успехот од последното Светско првенство кога беа вицешампиони, а секако со целото свое срце ќе бидам за Македонија, чиј селектор Игор Ангеловски е мој пријател. Исклучително ми е мило […]

Ангел Димитров очекува летово да се вразумиме


Досега бев убеден дека, и покрај сериозните проблеми, и покрај темелните разлики што постојат меѓу нас и нашите колеги од Скопје, ние сме Мешовит комитет за историски и образовни прашања, но од денешниот 14-ти состанок, почнувам да се прашувам дали навистина е така. Ова го изјави за БГНЕС копретседавачот на Заедничката експертска комисија за историски […]

Силен град ги уништи овоштарниците во Преспа


Силно невреме со град и пороен дожд ја погоди Преспа и предизвика големи штети на овоштарнците. Преспанските овоштари споделуваат фотографии и видеа на кои и по 30 минути од невремето се гледа дека патеките во овоштарниците се покриени со мраз. Овоштар од Евла вели дека ова што ѝ се случи на Преспа е голема катастрофа, […]

Стоев: Бугарија прави се што може, чекаме конструктивен одговор од Македонија


Бугарија е отворена за активен дијалог и во изминатите денови се прави се што е можно од бугарска страна, како и од страна на Северна Македонија, за градење позитивна атмосфера и обновување на довербата во билатералните односи, ова го порачал шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев на средба во Софија со неговиот чешки колега Јакуб […]

Најтешки разговори досега за историските разидувања со Бугарија


Од македонска страна на денешната средба на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од […]

Заев и Брнз разговараа за извршната наредба на Бајден


Премиерот Зоран Заев и амбасадорката на САД Кејт Брнз денеска изразија заедничко задоволство што во фокусот на извршната наредба на претседателот Џо Бајден се наоѓа борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Владата. Заев и Брнз  ја констатираа вредноста и ефективноста на извршната наредба на претседателот Бајден особено ако се има предвид дека […]

За две години Бислимска клисура ќе стане државна туристичка атракција


Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска на заедничка прес конференција го промовираа започнувањето на реализација на активностите на проектот ,,Светлина од Минатото,, (Light from the past CB006.2.21.072) со кој е предвидена и реконструкција и опремување на Задружен Дом во село Пчиња со што тој ќе прерасне во […]

Жител на Смојмирово пронајден мртов во Смојмирска Река


 Шеесет и седумгодишно лице од беровското село Смојмирово е пронајдено починато во коритото на Смојмирска Река. Трагичниот настан го потврдија од беровската полиција,  а смртта на несреќниот беровчанец била констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Берово. – На 10.06.2021 во 08:10 часот во Полициската станица Берово добивме пријава дека во коритото на „Смојмирска […]

Почна Самитот на Г7 во Корнвол


Британскиот премиер Борис Џонсон им посака добредојде на лидерите на земјите од Г7 на почетокот на самитот во Корнвол. Тој истакна дека ова е состанок кој бил неопходен за да се научат лекциите во врска со пандемијата на Ковид-19. Британскиот премиер порача на почетокот на самитот дека економиите мора да закрепнат по здравствената криза. – […]

Германија ja отстрани Македонија од списокот на ризични ковид земји


Денес Германија ја отстрани Северна Македонија , како и другите земји од Западен Балкан, од „црвената листа“ на земји во ризик за патувања поради корона вирусот. Поради намалувањето на бројот на нови случаи на инфекци со корона вирус, Институтот Роберт Кох (РКИ) отстрани неколку земји од списокот на ризични земји, вклучувајќи ги Австрија, САД, Канада, […]

Трагедија на Тенерифе: Телото, на шестгодишно девојче киднапирано од таткото, најдено на дното од океанот


  Телото на шестгодишно девојче, кое заедно со помладата сестра, биле киднапирани од таткото, откриено е во водите околу островот Тенерифе, по неколкунеделна потрага, што денеска предизвика бура од емоции кај Шпанците. Оливија (6) и нејзината сестра Ана (1) прогласени за за исчезнати кон крајот на април на Канарските острови, заедно со таткото од кого […]

Кога ќе се подели ГЕРБ на Борисов? Драмата допрва започнува


Со Бојко Борисов тешко, без него уште потешко – во ваква дилема се членовите и раководството на ГЕРБ по објавувањето на санкциите на САД   Не може гласачите и портпаролите на ГЕРБ да не забележале дека партијата има акутен, сериозен и долгорочен проблем: тоа е персоналистичка партија создадена од и за нејзиниот лидер Бојко Борисов, […]

Синдикалната кошничка во мај поскапела 180 денари, за два месеци над 400


Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на претходната за месец април 2021 година. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари. Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200, 00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат […]

ДПИ го забрани прометот на мазутот во складот на кичевски „Евротим“


Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни  мостри од складот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата „Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево“. Според анализите, констатирано е дека параметрите  вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од […]