Трагедија на Тенерифе: Телото, на шестгодишно девојче киднапирано од таткото, најдено на дното од океанот
Телото на шестгодишно девојче, кое заедно со помладата сестра, биле киднапирани од таткото, откриено е во водите околу островот Тенерифе, по неколкунеделна потрага, што денеска предизвика бура од емоции кај Шпанците.
Оливија (6) и нејзината сестра Ана (1) прогласени за за исчезнати кон крајот на април на Канарските острови, заедно со таткото од кого мајката била разведена објави АФП.
Ден по исчезнувањето најдени се чамецот на таткото и седиштето за автомобил кое го користеле за Ана, по што почна полициска истрага.
Во четвртокот, телото на Оливија е пронајдено на дното на океанот, потврди портпаролот на Цивилната заштита, а властите продолжуваат со потрагата по Ана и татко ѝ.
Телото е најдено на длабочина од 1.000 метри, во вреќа, прицврстено за сидро од татковиот чамец.
„Не можам ни да ја замислам болката на мајката на малата Ана и н Оливија, кои исчезнаа на Тенерифе, соочена со ужасната вест која штотуку ја чу“, објави премиерот Педро Санчез на Твтер во четвртокот вечерта.
Во Шпанија 39 малолетници се убиени од нивните татковци или партнери и поранешни партнери на нивните мајки во од 2013 година, покажуваат владините податоци.
Повеќе женски здруженија повикаа на протести во петок навечер во повеќе шпански градови за да го осудат таквото злосторство, како и зголемениот број убиства на жени од почетокот на годината во земјата.