Заев и Брнз разговараа за извршната наредба на Бајден


Премиерот Зоран Заев и амбасадорката на САД Кејт Брнз денеска изразија заедничко задоволство што во фокусот на извршната наредба на претседателот Џо Бајден се наоѓа борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Владата.

Заев и Брнз  ја констатираа вредноста и ефективноста на извршната наредба на претседателот Бајден особено ако се има предвид дека преку неа може да се оневозможи влез на физички субјекти и лица од Западен Балкан кои се одговорни за корупција, за злоупотреба на јавни или приватни средства за мито или за политички цели, како и за нарушување на мирот, стабилноста и демократијата.

Премиерот Заев изрази задоволство што на листата на меѓународни договори кои се значајни за регионот е наведен и Договорот од Преспа, како еден од гарантите за безбедноста и стабилноста во регионот, се вели во соопштението од Владата.