ЕВРО 2020: Македонските фудбалери го одработија утринскиот тренинг


Македонската фудбалска репрезентација го одработи утринскиот тренинг на „Национална арена Букурешт“. 

Ова е четвртиот ден подготовки за избраниците на селекторот Игор Ангеловски по пристигнувањето во романската престолнина во пресрет на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ својот прв настап на ЕВРО 2020 ќе го имаат в недела од 18 часот против австрискиот национален тим.