Вчера вакцинирани 10.065 лица


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 431.174 вакцини, а со две дози се вакцинирани 177.020 лица, што е над 10 отсто од возрасните граѓани.

Како што информираат од Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

– Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата „vakcinacija.mk“ е 447.543 граѓани, се наведува во соопштението на Министерството.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено над 48 отсто од населението над 70 години, 42 отсто од граѓаните над 65 години и 35 отсто над 60 години.