Со 400 денари поткупувал полицајци, сега е во притвор


Основното јавно обвинителство – Прилеп издаде наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен државјанин на Република Албанија, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „давање поткуп“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот на 10 јуни 2021 година, околу 1:00 часот […]

Креатива Европа Медиа досега вложи над милион евра во македонскиот филм, се најавува продлабочување на поддршката


Почнувајќи од 2016, со поддршка за 56 проекти, две изданија на меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки” и пет изданија на фестивалот за документарни филмови „МакеДокс”, Креативна Европа Медиа Деск Македонија, го заокружува првиот циклус од четири години соработка и кофинансирање на македонските филмски проекти, во соработка со Агенцијата за филм. За време на овој прв […]

(Фото) Скулптура од електронски отпад во облик на водачите на Г7 поставена спроти хотелот во кој се сместени


  Скулптура на лидерите од Г7 во облик на планината Рашмор во САД, од електронски отпад, поставена е во Корнвел пред самитот Г7. Наречена е „Маунт рисајклмор“ во обид да се нагласи штетата настаната од одлагање електронски уреди. Скулпторот Јо Раш рече дека се надева оти тоа ќе покажае дека електронскит еуреди треба да се […]

Зошто само во Скопје стареат дрвјата?


Масакрот на 13 дрвја на улицата „Орце Николов“ вчера ги вознемири граѓаните на Скопје. Објаснувањето беше дека биле стари и преставувале опасност и дека наесен на булеварот ќе бидат насадени нови квалитетни јавори. Како што со леснотија се менуваат имињата на улиците во градот, така со леснотија и се уништува зеленото наследство. Ваквите образложенија веќе […]

Почнува самитот на Г-7, главни теми пандемијата и климатските промени


Лидерите на Групата водечки индустриски развиени земји (Г-7) почнуваат тридневен самит во сенка на пандемијата со Ковид-19 за да разговараат за глобалното закрепнување, правичната дистрибуција на вакцината против коронавирусот и климатските промени. На првиот ден, лидерите треба да разговараат за закрепнување од пандемијата, фокусирајќи се на прашања како што се донациите на вакцините и финансиската […]

Повторно се затвора главниот град на Чиле и покрај вакцинацијата


  Здравствените власти на Чиле, најавија повторно затворање на престолнината Сантјаго поради пораст на бројот на случаи со инфекција од корона вирус, покрај тоа што 60 отсто од населението ги примија двете дози вакцина. Повеќето новозаразени не се вакцинирани, а одделенијата за интензивна нега во главниот град се пополнети 98 отсто, пренесе Би-би-си.

Намалена испораката на вакцини во Норвешка


  „Фајзер“ ја намали испораката на вакцини против Ковид-19 во Норвешка за 400.000 дози, соопшти компанијата и Норвешкиот институт за јавно здравје. Веста прво ја пренесе норвешкиот дневник ВГ, повикувајќи се на норвешкиот огранок на „Фајзер“ и Гир Букхолм, директорот за превенција и контрола на инфецкии во Норвешкиот институт за јавно здравје, пренесе Ројтерс. Фајзер, […]

Петок пред Духовден, 18 јуни, неработен ден за православните верници


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 18 јуни (петок) пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Неработниот ден е утврден согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07). 

Копач: Со конкурентни тендери Македонија привлекува инвестиции во енергетиката


Јанез Копач го пофали начинот на кој Македонија преку фотоволтаици ќе ја стави повторно во функција електраната Осломеј   Јанез Копач, директор на Секретаријатот на енергетската заедница, меѓународна организација основана помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и регионот на Црното Море, во интервју за „Еурактив“ ја пофали нашата земја за конкурентни тендери со кои […]

Британија ќе донира 100 милиони вакцини на сиромашните земји


Велика Британија ќе донира 100 милиони вишоци дози на вакцини против корона вирус во текот на следната година на земји со ниски примања, како дел од најмалку 1 милијарда дози што ќе ги даде групата Г7. САД ветија дека ќе купат 500 милиони вакцини „Фајзер“ по цена од 3 милијарди американски долари за дистрибуција во […]

Хакери украдоа кодови во компанијата за видео-игри ЕА


Хакери ја нападнале компанијата за видео-игри Electronic Arts (EA) и украле вредни информации, потврдија од гигантот, јави Би-Би-Си. Кибер-криминалците успеале да украдат кодови на игри како FIFA21 и код на Frostbite што е основа за други проекти. Според британски медиуми, украдени се околу 780 GB податоци. ЕА тврдат дека податоците за играчите не биле погодени […]

Од вечерва нова фудбалска треска – почнува Европското првенство


Со натпреварот Турција – Италија, вечер од 21 часот стартува Европското фудбалско првенство. Натпреварот ќе се игра на „Олимпико“ во Рим и е од 1.коло во А-групата во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс. На ЕВРО 2020 ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите“ дебито на континенталните првенства ќе го имаат […]

Хотелот што го користеа дел од членовите на германската делегација на Г-7 е затворен поради Ковид-19


Хотелот што го користеа членовите на германската делегација на самитот Г-7 во Велика Британија, е затворен затоа што неколку членови на персоналот се позитивни на Ковид-19, јави Скај Њуз. Британската телевизија ги цитираше сопствениците на хотели како велат дека можат да потврдат дека извесен број луѓе од нивниот тим во Педн Олвa, во Сент Ајвис […]

Матурантите ќе го полагаат вториот екстерен испит


Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит за кој можеа да избираат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Според податоците на Државниот испитен центар, тест по математика избрале 1529 кандидати. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 […]

Успешно извршена и четвртата транплантација на срце донирано од 44 годишна пациентка


„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука“, напиша утрово на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче. „Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот“, додаде тој, објаснувајќи дека во изминативе 24 часа околу 100-тина лекари, медицински сестри и болничари […]

Дигитална премиера на „Мирно лето” во летното кино на Кинотека


Во летното кино на Кинотеката, вечерва ќе биде прикажана новата, дигитално реставрирана копија на првата македонска филмска комедија „Мирно лето“’ на режисерот Димитрие Османли од 1961 година. На проекцијата ќе ѝ претходи 10-минутно видео во кое  Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката, ќе направи кратка анализа на филмот и неговото значење за македонската кинематографија. – […]

Стивнува ли пандемијата – шест градови без Ковид-19, уште 121 хоспитализирани, во Скопје само три приеми


Eпидемиолошката слика во земјава, за сега, е добра, оценуваат здравствените работници кои истовремено укажуваат дека треба да бидеме претпазливи, бидејќи корона вирусот е непредвидлив. Доколку се продолжи со досегашното темпо на вакцинирање на граѓаните против КОВИД-19, полицискиот час ќе се укине, а се очекува летово да има концерти, како и семејни прослави.  И вчерашната ковид-статистика […]

Два македонски филма на фестивалот „Докенритам“ во Белград


Во рамките на фестивалот Докенритам во Белград, денеска ќе бидат прикажани и два музички документарни филма за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков. Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на Фестивалот со акцент на Северна Македонија. Фестивалот за музички документарни […]

Одбележување 35 години од изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет


Во организација на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК) денеска преку платформата Зум ќе се одржи свечено одбележување 35 години од изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет. Настанот ќе го отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил […]

Почнува самитот на Г-7


Во Велика Британија денеска почнува самитот на групата седум најразвиени земји (Г-7). На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Велика Британија. Самитот на Г-7 ќе трае до 13 јуни. Британскиот премиер Борис Џонсон очекува групата Г7 да донира милијарда дози вакцина против Ковид-19 на посиромашните земји за време […]