Втора експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак во еден месец, овојпат има повредени


За помалку од еден месец, втора експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак. Овојпат повредени се најмалку двајца работници, јавуваат српските медиуми. Експлозијата се случила денеска нешто пред 20 часот, а во тој момент, во неколку погони на фабриката имало неколку десетици вработени. За среќа, повеќето работници успеале да побегнат, а за двајца се знае дека […]

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица


Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица. Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница. Портпаролката на ЈЗУ Општа болница […]

Пакистанските власти со оригинално решение: ќе им ги блокираат мобилните телефони на оние кои не се вакцинираат


Луѓето во најнаселената провинција во Пакистан ги преплавија центрите за вакцинација против Ковид-19 неколку дена откако властите во Пенџаб се заканија дека ќе ја блокираат услугата за мобилни телефони за оние кои одбиваат да се вакцинираат. Пакистанските власти пред неколку дена им се заканија на граѓаните дека ќе им забранат да користат мобилни телефони доколку […]

Амнести Интернешнал со осуда за изборот на Раиси за претседател на Иран


Амнести Интернешнл (АИ) го осуди изборот на Ебрахим Раиси за претседател на Иран и повика на истрага против него за „злосторства против човештвото“. „Фактот дека  Раиси ја достигна позицијата претседател, наместо да биде под истрага за злосторства против човештвото поради убиства, киднапирања и тортури, е мрачен потсетник дека во Иран владее неказнивост“, оцени во писмената […]

ЕВРО 2020: Португалија со полна мрежа против моќната Германија


Репрезентацијата на Германија ја совлада селекцијата на Португалија со 4:2 во дербито на од второто коло од Ф-групата на ЕВРО 2020. Натпреварот се одигра во Минхен, а Португалците си постигнаа два автогола. За Германија ова се првите три бода на 16. Европско првенство, додека Португалија го забележа првиот пораз. Инаку, ова е прв пат во […]

ЕВРО 2020: Поставен нов рекорд по постигнати автоголови


На Европското првенство 2020 не е завршено ниту второто коло од групната фаза, а поставен е рекорд по постигнати автоголови. Петмина играчи досега ја погодија сопствената мрежа на 16. Европско првенство, а два од нив се дела на фудбалерите на Португалија, Рубен Диас и Рафаел Гереиро на дербито со Германија кое е во тек. Покрај […]

Три лица загинаа, двајца се водат за исчезнати при уривање на училишна зграда во Антверпен


Тројца градежни работници загинаа, а двајца сè уште се водат за исчезнати, еден ден откако делумно се урна училишна зграда во Антверпен, Белгија. „За жал, мора да известиме дека третата жртва штотуку е пронајдена под урнатините. Спасувачките екипи сè уште неуморно трагаат по уште две исчезнати лица”, соопштија преку Твитер пожарникарите од Антверпен. Загинатите градежни […]

Велика Британија повторно со над 10 илјади новозаразени со коронавирус


Велика Британија регистрира 10.321 лице заразени со коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 4.620.968, соопшти британското Министерство за здравство. Ова претставува најголемо зголемување од февруари, кога случаите нагло паднаа во услови на една од најуспешните кампањи за вакцинација во Европа. Сепак, со ширењето на […]

(Видео) Гори склад за пиротехника во Москва, се слушаат експлозии


Голем пожар изби во Москва, во складиште за пиротехника., по што дојде и до серија експлозии. Огнот се прошири од магацинот до соседната зграда. Вкупната површина на пожарот е 150 квадратни метри. „Огнот зафати петарди и други направи исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации. „Складиштето со пиротехника гори, се слушаат експлозии“, изјави очевидец […]

И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе низ светот


Според „Извештајот за глобалните трендови 2020“ на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), бројот на луѓето што побегнале од војни, насилства и прогони во 2020 година, и покрај пандемијата на коронавирусот, надминал 82 милиони,  јави Анадолија. Информацијата доаѓа во пресретн на утрешниот Светски ден на бегалците. Светскиот ден на бегалците се одбележува на […]

Затвореник од Старо Нагоричане пронајден мртов во затворот „Кшање“


М.Ј. (58) од село Старо Нагоричане кој отслужувал казна во затворот „Кшање“, бил пронајден мртов. Случајот е пријавен ноќеска, во 02:45 часот, во Полициската станица Крива Паланка. М.Ј. бил пронајден во отвореното затворско одделение, а по насока на Јавен обвинител неговот тело е дадено на обдукција.

ЕВРО 2020: Унгарија освои бод против фаворитот Франција


Унгарија– Нерешено 1:1 заврши првиот натпревар од деветтиот натпреварувачки ден на Европското фудбалско првенство. Попладнево во Будимпешта, Унгарија се избори за реми против големиот фаворит за највисок пласман, репрезентацијата на Франција. Повеќе од 60 илјади навивачи на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го поздравија водството на Унгарците преку Атила Фиола. Изедначи Антоан Гризман во 66. минута. Со […]

Рикер во посета на Охрид на почетокот на јули 


САД – Вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер од 1-ви до 3-ти јули доаѓа во посета на Охрид, а претходно ќе престојува во Милано и Тирана, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент. -Амбасадорот Рикер во Охрид ќе пристигне на 1-ви јули, за да присуствува на конференцијата „Пат до Преспа“ (Road to Prespa), и да ја истакне поддршката на САД за продолжителен дијалог […]

Верстапен се избори за пол-позицијата за Големата награда на Франција


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Франција. Холанѓанецот на патеката „Пол Рикар“ во близина на Марсеј, оствари време 1:29.990 минути. Втор беше Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, додека неговиот клупски колега Валтери Ботас извози трет најбрз круг. Од четвртото до десеттото место ќе стартуваат: Серхио Перез […]

Почина човекот кој една година боледуваше од Ковид-19: „Не можам повеќе да живеам вака“


Човекот од Велика Британија кој најдолго страдаше од Ковид-19, и изминатите 14 и пол месеци помина во болница, почина откако реши да го прекине лекувањето. Џејсон Келк (49) се зарази на почетокот на пандемијата и беше примен во болница на 31 март лани. Таму остана до сабајлево, кога беше превезен дома, каде последните часови ги […]

Во понеделник без вода дел од корисниците на „Партизанска“


 Дел од корисниците на булеварот „Партизански Одреди“, на потегот од бул.„8-ми Септември“ до ул. „ФранклинРузвелт“ (само непарните броеви) и бул.„Партизански Одреди“ бр.48, во понеделник, на 21 јуни, нема да имаат вода поради изведување водоводен приклучок ф 100мм на бул.„Партизански Одреди“ бр.63. Како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде од […]

Реновиран Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола


Во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола се изврши комплетна обнова на внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар. Министерот за здравство Венко Филипче денеска по посетата на Здравствениот дом во Битола најави и дополнително унапредување на услугите кои […]

Во јули ќе се дозволи вакцинација на секој што сака


Откако ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани преку матичен лекар или преку апликацијата вакцинација.мк, во јули се планира секој што сака да се вакцинира да може да појде на пункт и да биде имунизиран. Како што соопшти министерот Венко Филипче денеска во Битола, вакцинацијата е успорена поради малата количина на вакцини која доаѓа секој понеделник, […]

Банките во Словенија со раст на нето добивката од дури 91,3 отсто, но сепак, не е сè розово


Во првите четири месеци годинава банките во Словенија остварија добивка пред оданочување од 178 милиони евра, што е за 85 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Во истиот период нето добивката на банките достигна 160,5 милиони евра, што е за 91,3 проценти повеќе од лани, пишува Банката на Словенија во месечните податоци за […]

Уште еден заболен со индискиот сој во Македонија


Кај уште еден пациент потврден е индискиот сој на корона вирусот, потврди министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Битола. Сепак, уверува дека епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки. До сега во Македонија, регистрирани се само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација, откако првиот заболен беше откриен […]