УНХЦР предупредува на ризик од вакцинациски јаз за лицата без државјанство во светот


УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, денеска предупредува дека многу од лицата без државјанство во светот може да не добијат вакцина како резултат на немањето државјанство или доказ за својот идентитет. „Постојат милиони лица во светот за кои се знае дека се без државјанство, кои немаат државјанство од ниедна држава. Ова има страшно штетни влијанија […]

Урбаниот парк „9 Мај“ интензивно се гради


Привршува хортикултурното уредување на урбаниот парк „9 Мај“, кој почна да се гради по повод на Денот на Европа.  Паркот се гради според сите современи стандарди, а со цел да ги задоволи потребите на граѓаните и нивното урбано живеење. Паркот е наменет за сите генерации и претставува совршено место за одмор и релаксација на аеродромци. […]

Утре посебен сообраќаен режим на подрачјето на Град Скопје


Во текот на утрешниот ден поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, ќе има посебен сообраќаен режим на подрачјето на Град Скопје. Од Министерството за внатрешни работи испаќаат апел до учесниците во сообраќајот да ги  почитуваат наредбите од страна на полициските службеници.

Булеварот „Борис Трајковски“ конечно ќе стигне до Драчево


Градот Скопје денеска го почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. На овој потег со вкупна должина од 2.325 метри ќе се изврши целосна замена на стариот асфалт со нов, проширување од две на четири коловозни ленти, изградба на пешачки патеки […]

Пендаровски вели: Мора да бараме алтернативи, САД на прво место


Претседателот Стево Пендаровски денеска го отвори прашањето дека доколку продолжи понатаму блокадата на Бугарија, а ЕУ го држи под мраз проширувањето Македонија „мора да бара алтернативи“. Зборувајќи на панел дискусија на тема „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија“, во организација на невладината организација „Еуропроспера“, Пендаровски рече дека „треба да ја донесеме […]

Пандемијата во САД одминува, смртноста сега е на нивото од март 2020 година


Бројот на починати од Ковид-19 во САД се намали на помалку од 300 дневно, првпат од март 2020 година, јавија од Центрите за контрола на болести (ЦДЦ). Во меѓувреме, кампањата за вакцинација надмина уште една позитивна граница – 150 милиони Американци се целосно вакцинирани, или околу 45 отсто од вкупното население на земјата. Повеќе од […]

Путин: Невакцинираните и оние без имунитет нема да можат да работат секаде


  Кремљ објави дека луѓето кои не се вакцинирани против Ковид-19 и оние кои не стекнале имунитет, нема да може да работат на сите работни места во Русија. „Стварсноста е таква што сигурно ќе дојде до дискриминација. Невакцинираните и оние без имунитет нема да можат секаде да работат. Тоа не е еможно. Би претставувале опасност […]

Пандев: Жал ми е што не освоивме барем бод, но оваа генерација ќе има можности да ги израдува навивачите


Досегашниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изрази жалење што не се освои барем еден бод на ЕВРО 2020, но е уверен дека неговите досегашни соиграчи од националниот тим и во иднина ќе ги радуваат навивачите. – Сигурно, жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску, но и многу далеку. […]

ПИОМ не можел да користи над 2,3 милиони евра, останале нераспоредени, откриле државните ревизори


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија за 2019 година. Ревизорите изразија мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, […]

Османи: Само Радев има мандат да го повлече ветото


Можноста да се добие почеток на преговори за членство на 24 и 25 јуни на Самитот на лидери на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст, и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат и можност да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на […]

Стотина градобијни ракети беа немоќни при невремето во Пелагонија


Јадрото на градоносните облаци било многу високо, од 8 до 12 километри, па затоа и големината на градот била како пинг-понг топче   Анета Блажевска БИТОЛА – Стотина испукани градобијни ракети се покажаа како немоќни да го ублажат завчерашното невреме во Пелагонија и Кичевско. За неполн час вчера биле употребени 49 ракети врз градоносните облаци […]

Пречек на фудбалската репрезентација по учеството на ЕУРО 2021 (видео)


Македонската експедиција која изминатите десетина дена учествуваше на Европското фудбалско првенство се попладнево со чартер-лет се врати во Скопје. Репрезентативците на скопскиот аеродром беа пречекани од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, како и од навивачи. „Црвено-жолтите“ на својот дебитантски настап на едно ЕП забележаа три порази, […]

Рот: Да ја исполниме нашата обврска кон Mакедонија СЕГА!


Шефот на германската дипломатија Микаел Рот пред почетокот на расправата за Македонија и за Албанија во ЕУ повика билатералните прашања да не ја држат заложник целата Европска унија. „Оставете билатералните прашања да се третираат билатерално, без да се блокира целата Европската унија да се движи напред. Да размислуваме стратешки и да сфатиме дека треба да […]

Во Москва соборен температурниот рекорд од 1917 година


Температурата на воздухот во Москва денескa во 12.10 часот по локално време изнесуваше 32,4 степени Целзиусови. Претходно, рекордно висока температура за 22 јуни во Москва беше измерена во 1917 година – 31,8 степени, јавија руските медиуми.

Судењето против Јордан Камчев почнува на 16 јули


 Судењето против бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно”, ќе почне на 16 јули. Според известувањето на Кривичниот суд Скопје, обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ е одобрен во целост.

Шведска силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија


 На билатерална основа имаме одлични односи долго време со Северна Македонија. Шведска силно ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија и реформската агенда на земјата, изјави денеска во Скопје шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи. Линде, која во рамките на шведското претседателство со Организацијата за […]

Османи на Линде и го врачи постхумното признание за Ана Линд, по повод 30 години независност


Шефот на дипломатијата Бујар Османи, посетата на неговата шведска колешка Ан Линде на Скопје, ја искористи да и го врачи постхумното признание по повод 30 години независност, за Ана Линд, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ во 2001. – Ние особено го вреднуваме придонесот на Ана Линд, низ призмата […]

Пендаровски: ЕУ е одговорна за блокадата на преговорите, не ние


Претседателот Стево Пендаровски изјави дека раководството на Европската унија и европските партнери се одговорни за големото одложување на процесот на интеграција на Македонија и Турција, кои со години имаат статус на кандидати. Во интервју за турската агенција Анадолија, Пендаровски ги стави Македонија и Турција заедно како кандидати кои чекаат 16 години за придвиќување на процесот […]

Црна Гора: Премиерот Кривокапиќ не планира да поднесе оставка


Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ изјави денеска дека нема да потклекне пред притисокот на лидерите на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, чија листа ја предводеше на парламентарните избори, кои бараат од него да се повлече од премиерската функција. – Преземав обврски и одговорност и нема да потклекнам пред првиот предизвик, изјави Кривокапиќ за подгоричкиот дневен […]

Прва еко-занимална во Карпош


Клацкалки од еко – материјали, клупи за седење, импровизиран бунар, масичка за X/0 и „не лути се човече“, како и новозасадено зеленило се содржини кои се дел од првата еко – занимална во Карпош, во рамки на детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 3. Станува збор за уредена зона на отворено, која можат да ја […]