Пречек на фудбалската репрезентација по учеството на ЕУРО 2021 (видео)


Македонската експедиција која изминатите десетина дена учествуваше на Европското фудбалско првенство се попладнево со чартер-лет се врати во Скопје.

Репрезентативците на скопскиот аеродром беа пречекани од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, како и од навивачи.

„Црвено-жолтите“ на својот дебитантски настап на едно ЕП забележаа три порази, но се прикажаа во солидно светло и достоинствено го претставија македонскиот фудбал.

Загубија со 1:3 од Австрија и 1:2 со Украина на средбите што се одиграа во Букурешт, и со 0:3 од Холандија на вчерашниот меч на „Јохан Кројф“ во Амстердам.

На оваа првенство во репрезентативниот дрес за последен пат настапи Горан Пандев

Пречек на фудбалската репрезентација на скопскиот Аеродром по учеството на ЕУРО 2021: