Османи: Сè уште има енергија и кредибилност процесот на евроинтеграција


 Важна констатација и одлука од денешниот состанок е дека Словенија, словенечкото претседателство, го презема португалскиот предлог и продолжува да работи на него со еден силен одек на поддршка од 26  земји членки којшто е невиден досега во однос на кое било прашање во Европскиот совет, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според Османи, и […]

Вархеји: Почеток на преговорите со С. Македонија и Албанија останува приоритетно прашање


Почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со С Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, порача вечерва еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по состанокот на Советот за општи работи во Луксембург. -Во врска со ситуацијата со Албанија и С. Македонија,  во текот на изминатите месеци, направено е многу и постигнат е значителен […]

Димитров: Не креваме раце, нашите позиции се кристално јасни


Не креваме раце, правиме се што можеме во рамки  на едно европско достоинствено решение, мислам дека нашите позиции стојат на кристално јасни позиции, мислам дека проблемот веќе е поголем од нашата мака, лекциите и пораките ги слуша целиот Балкан и се повеќе слушаме земји членки коишто велат вие испорачавте, мора да најдеме начин и ние […]

Јунските пензии ќе се исплаќаат од 29 јуни


Владата на денешната 81. седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28 јуни годинава. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со […]

Турски медиуми: „Коч Холдинг“ влегува во Вардар 


Турција – Турскиот бизнисмен Али Коч е сериозно заинтересиран да влезе со сопствен капитал во Вардар и од најтрофејниот македонски фудбалски клуб да создаде филијала на гигантот Фенербахче, кој е во негова сопственост, јавија денеска локалните медиуми. Турскиот весник „Ајанспор“ објави дека намерата на Коч е Вардар да биде „пилот“ тим на Фенербахче, кој во македонската […]

Кога ќе завршат приказните за предавства?


ЕРОЛ РИЗАОВ НАТО може да нѐ брани од надворешни агресии, но никој не може да нѐ одбрани од самите себе кога секој ден се продава лажната приказна за правење пазар со националниот идентитет и со македонскиот јазик   (Колумна за Дојче веле)                            […]

Назад таму каде што започна- Армани со прва ревија пред публика во својот дом


Италија – Џорџо Армани ги навести своите планови за сукцесија вчера, кога ја организираше својата прва ревија во живо по пандемијата, и по падот што го однесе во болница две недели. 86-годишната модна легенда обично се мачеше да одговори на прашањата за иднината на неговата модна империја, но се чини дека ова прашање се наметна […]

Нема преговори за Македонија, блокадата на Бугарија сега ќе ја решава словенечкото претседателство


Иако имало „длабока дебата“ за проширувањето на Европската унија и датумот на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија, не беше постигнат договор, објави попладнево на прес конференција португалската министерка за европски прашања Ана Паола Закаријас. „И покрај сите напори не беше возможно да се постигне договор за отворање на преговарачкиот процес за Македонија и […]

Владата го усвои предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства


Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук. Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за […]

Најтопло во Демир Капија, измерени 37 степени


 Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови. Според мерењата на УХМР, во Штип и Битола максималната температура била 35, во Прилеп и Виница – 34, Маврови Анови, Охрид и Претор – 32, Крива Паланка – […]

Деманти од Владата: Заев не разговарал со Ахмети околу знамето, грбот и химната


Извори од кабинетот на премиерот велат дека ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со Зоран Заев е разговарано за промена на знамето, грбот или химната на државата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во дебатна емисија на ТВ Клан во понеделникот изјави дека „се разговарало и за химната и за грбот и за […]

Британската Влада дозволи над 60.000 гледачи на Вембли за завршницата на ЕУРО2020


Дозвола над 60.000 гледачи да бидат присутни на трибините на стадионот „Вембли“ во Лондон за двата полуфинални, како и финалниот натпревар на ЕУРО2020, донесе денеска британската Влада. Одлуката на властите во Лондон значи дека култниот стадион ќе може да биде исполнет до 75 отсто од капацитетот за самата завршницата на Европското првенство. Сите кои ќе […]

Двајца Грци и двајца Македонци обвинети за лажен стечај на фирма од Битола


СВР Битола поднесе известување против Т.С.(43), Н.С.(41) државјани на Грција, со регулиран престој во земјава, и правно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажен стечај“, како и против В.Н.(48) од Битола, директор на филијала и Н.М.(50) од Битола, член на Управен одбор на банка, поради постоење основи на сомнение […]

Косовската влада ги дозволи свадбите и матурските прослави


Владата на Косово денеска усвои нови анти-ковид мерки, со кои, меѓу другото, се дозволува одржување свадби и други семејни прослави, како и матурски вечери, со одредни ограничувања, јави дописникот на МИА од Приштина. Според денешната одлука на Владата на Албин Курти, семејните и матурските веселби ќе можат да траат до 23 часот, додека музиката ќе […]

Владата на Шпанија го одобри помилувањето на девет каталонски сепаратисти


Шпанската Влада денеска соопшти дека го одобрила помилувањето на деветтемина каталонски сепаратисти осудени на затворски казни како гест на помирување по обидот за сецесија на Каталонија во 2017 година. Дванаесет сепаратистички каталонски лидери беа осудени за бунт и други дела против уставниот поредок, од кои деветмина добија повеќегодишни затворски казни за организирање на забранет референдум […]

Меркел побара одговорно однесување од УЕФА со натпреварите на ЕУРО2020


Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да се однесува одговорно околу плановите финалето на ЕУРО2020 да се одржи во Лондон, поради загриженоста во врска со ширењето на коронавирусот во Англија. – Искрено се надевам дека УЕФА ќе покаже одговорен однос во врска со натпреварите на Европското првенство, изјави Меркел. – […]

Бугарија ја поддржа Албанија за преговори со ЕУ во Луксембург


На состанокот бугарскиот претставник рекол дека Софија е отворена за конструктивен дијалог со Скопје за време на словенечкото претседателство   Министерството за надворешни работи на Бугарија попладнево ги соопшти причините зошто ја блокирало уште еднаш Македонија во ЕУ и објави дека нејзиниот претставник на седницата на Советот за општи работи во Луксембург го поддржал отворањето […]

Александар Николоски во Луксембург помагал за датум за преговори


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во Луксембург каде што се одржа Советот за општи работи на ЕУ, оствари средби со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто, министерот за надворешни и европски прашања на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман и претставници од Европската комисија каде што се разговараше за стратешките […]

Нема жртви на Ковид-19, регистрирани 13 новозаразени


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје и Тетово – по 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Прилеп и Струмица – по 1. Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – […]

„Моцарт“ ќе донира два милиони денари за двата постигнати погодоци на Пандев и Алиоски


Во рамките на акцијата „Милион причини за гол“ со кои компанијата „Моцарт“ најави дека за секој погодок на нашите репрезентативци ќе донира милион денари во хуманитарни цели, ќе бидат донирани два милиони денари за головите кои Горан Пандев и Езѓан Алиоски ги постигнаа на Европското првенство во фудбал, против Австрија, односно Украина. Од компанијатаа соопштуваат […]