Просечната нето плата во април 28.438 денари, за 10,1 отсто повеќе од лани


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари. Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 отсто, додека бруто платата за 10 проценти. -Зголемувањето на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната […]

Скопје на 192. место во светот на листата на „Мерсер“ според трошоците за живот  


Македонскиот главен град Скопје се наоѓа на 192-то место на листата на американската консултантска компанија „Мерсер“ на најскапи градови за живеење во светот, во конкуренција на вкупно 209 градови. Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места. Најскап град за живеење во светот, според годинешното […]

УНЕСКО препорача подрачјето околу Охридско да се отстрани од Списокот на светско наследство


Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) препорача отстранување на подрачјето околу Охридското Езеро на албанска и на македонска страна да се отстрани од Списокот на светско културно наследство.  Огранизацијата побара отстранување и на крајбрежјето на Ливерпул од Списокот на светско наследство, поради опасност од „прекумерен развој“ на урбанизмот. За местото се […]

Ребалансот на буџетот влегува во Собранието од 1 јули


Расправата по Ребалансот на Буџетот во Собранието ќе почне на 1 јули, за кога е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Клучни сегменти на предложениот ребаланс што го усвои Владата и го испрати до Собранието се зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството. Со овој ребаланс, според предлагачот, приоритетите […]

Без вода денеска повеќе улици во Капиштец


 Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Стогово“, „Миле Попјорданов“, „Брадфордска“ и дел од улица „Козле“ во скопската населба Кашиштец, информираат од ЈП „Водовод и Канализација„ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето, како што се наведува во соопштението, е поради уличен дефект ф-150 милиметри на улица „Стогово“ број 27 и ќе трае до завршување со […]

Досега вакцинирани над 278 илјади граѓани во земјава


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 278.202 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани, а вкупно се вакцинирале 7.202 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 482.058 дози вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки, наведуваат, 50 проценти од населението над 70 години имаат […]

Истражување: Возбудливите натпревари се ризични за луѓето со чувствително срце


Германија – Големите спортски натпреварувања се толку возбудливи настани за луѓето, што на пример Светското или Европското првенство во фудбал го зголемуваат ризикот од срцев удар за некои љубители на овој спорт, покажува новата германска студија. За време на Светското првенство во 2014 година, евидентиран е поголем број хоспитализирани поради срцев удар, се наведува во студијата […]

Илјадници лица годишно се жртви на трговија со луѓе, неадекватно прикажаните бројки дополнително го зголемуваат бројот на виктимизации


Илјадници поединци годишно се жртви на трговија со луѓе а неадекватно прикажаните бројки дополнително го зголемуваат бројот на виктимизации, при што најчесто жртвите се деца. Пандемијата со Ковид-19 предизвика дополнителна ранливост, а законската регулатива има недостатоци и е потребно нејзино подобрување. Ова беше истакнато на почетокот од Регионалната конференција „Заедно да се соочиме со кризата: […]

Неделава температури над 40 степени, ќе се активира портокалово и црвено ниво на опасност


Топло време со натпросечни температури кои ќе достигнат и до 41 степен, се очекуваат од утре во следните денови, а за денеска попладне има најава за пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Од УХМР информираат дека од утре во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло […]

Фондот за депозити веќе не може да биде доверител во стечајот на Еуростандард банка, тврдат од „Правда за сите“


Здружението на оштетени штедачи „Правда за штедачи” предлага Владата да го усвои предлогот за измени и дополнувања на Законот за банки доставен од нивна страна до Владата и Министерството за финансии како решение кое, според нив целосно го решава проблемот со оштетените од Еуростандард банка. На прес-конференција денеска потсетија дека до Владата имаат поднесено сопствен […]

Бугарија не попушта за Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија


Министрите за европски работи на ЕУ до предмалку дебатираа во Луксембург за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти, јавува дописничката на МИА од Брисел. Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на Северна […]

Надал е близу до состојба на сериозен психолошки замор


Шпанија – Тренерот на Рафаел Надал, Карлос Моја ја коментираше одлуката на 20-кратниот шампион на Грен слем турнирите да ги пропушти Вимблдон и Олимписките игри. – Сезоната на земјени терени се покажа како многу тешка, со голем физички и психолошки притисок. По Ролан Гарос, Рафа беше целосно исцрпен. Сега тој има заслужен одмор. Кариерата за врвен […]

Високите температури закана за безбедноста на храната и за здравјето на животните


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека најавеното покачување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени, ги зголемуваат ризиците од труење со храна и претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните. Во однос на храната, за да се спречи евентуално труење, треба да се направи правилен избор […]

Грлиќ Радман: Отворање преговори со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро


Северна Македонија и Албанија ги исполнија сите критериуми за отворање на пристапните преговори, а Косово заслужува визна либерализација. Тоа го нагласи денеска во Луксембург, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. – Албанија и Северна Македонија ги исполнија сите критериуми и веруваме дека треба да се отворат пристапни преговори со нив што е можно […]

Италија ќе го казнува медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира


Италијанските државни институции започнаа постапка против медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира против Ковид-19, како што налага законот. Според тамошните медиуми има 45.753 медицински сестри, техничари, лекари и други медицински асистенти а од вкупниот број на лекари, само 0,2 проценти се оние кои одбиваат вакцинација. Синдикатот на лекарите има јасен став за имунизација на […]

Ревакцинација со друга вакцина за Грците под 60 години со здравствени проблеми што примиле прва доза Астра Зенека


Граѓаните во Грција кои се под 60-годишна возраст и имаат здравствени проблеми, а примиле прва доза на Астра Зенека, ќе можат да се ревакцинираат со друга вакцина, односно со Фајзер или Модерна, јави дописничката на МИА од Атина. Откако комисијата за вакцинација во Грција минатата седмица излезе со препорака Астра Зенека да се користи за […]

Црн Дрим светна сино


 Со пригодна свеченост и огномет, синоќа  беше пуштено осветлувањето на реката Црн Дрим. Осветлувањето официјално го пушти струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Проектот, за кој Општина Струга инкасираше 110.000 евра го обои Дрим во повеќе бои, во сина, зелена, виолетова…. – Должината на коритото е 900 метри, додека арматурата за осветлување беше поставена од двете страни […]

Бизнис секторот ќе учествува во креирање на наставни програми за студенти


Бизнис секторот ќе се вклучи во креирањето на наставните програми на студентите, со цел тие да се стекнат со потребна стручност и компетентност за да можат да се вклучат во работниот процес на компаниите по завршувањето на високото образование. За таа цел, денеска дел од членките на Стопанската комора на Северна Македонија и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) потпишаа […]

Во судир со мјанмарската војска загинаа четворица припадници на правојската


Мјанмарската војска во вторникот со огнено оружје и гранати во вториот по големина град се судри со паравојската која се противи на воениот пуч, при што загинаа четворица демонстранти, а неколку војници се повредени, објавија властите. Борбите низ Мјанмар траат од почетокот на воениот пуч во февруари. Жителите формираа ткн. „одбранбени сили“ за да се […]