Рот: Да ја исполниме нашата обврска кон Mакедонија СЕГА!


Михаел Рот

Шефот на германската дипломатија Микаел Рот пред почетокот на расправата за Македонија и за Албанија во ЕУ повика билатералните прашања да не ја држат заложник целата Европска унија.

„Оставете билатералните прашања да се третираат билатерално, без да се блокира целата Европската унија да се движи напред. Да размислуваме стратешки и да сфатиме дека треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и кон Северна Македонија СЕГА. Немаме интерес да оставиме стратешки вакуум во овој регион“, напиша Рот на Твитер.

Со реакцијата се јави и поранешниот шеф на албанската дипломатија Дитмир Бушати кој порача дека ова не е политичка одлука, туку веќе стана морално прашање за Унијата.  

„Три години од јуни 2018 година и заклучоците на Европскиот совет кои го проектираа пристапувањето на Албанија и на Македонија, а нема значаен потег од страна на Европската унија. Ова не е само вакуум или стагнација. Почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и со Македонија станува морално прашање за Унијата“, порача на Твитер поранешниот албански министер за надворешни работи Дитмир Бушати.