Најмалку две лица загинаа, а 13 се повредени во оружен напад во Чикаго


 Најмалку две лица се убиени, а 13 се повредени во напад со огнено оружје на една забава во американскиот град Чикаго. Полицијата по пристигнувањето на местото на инцидентот, денеска во раните утрински часови по локално време, затекнала 13 застрелани луѓе. Жртвите се на возраст меѓу 20 и 44 години, а некои од повредените се наоѓаат […]

Американски конвој со 45 оклопни возила влезе во Сирија


Американски конвој воени возила и неколку цистерни со гориво влегоа во сириските покраини Хасака и Дајр ез-Зор во североисточниот дел на земјата, објави денеска сириската државна телевизија. Според извештајот, најмалку 45 оклопни возила и камиони со муниција влегоа во Сирија. Сириската телевизија наведува дека САД го зајакнаа военото присуство во Сирија од почетокот на оваа […]

(Фото) Протести во центарот на Хаг, полицијата употреби водени топови


 Холандската полиција употреби денеска водени топови и гумени палки со цел да го растури протестот против локдаунот во центарот на Хаг, кој се одржува еден ден пред парламентарните избори во земјата. Околу 2.000 луѓе изразија незадоволство поради владините мерки, носејќи транспаренти „Љубов и слобода, НЕ на диктатурата“ и фотографии од премиерот Марк Руте со натписи […]

И во недела во Србија повеќе од 4.000 новозаразени


  Во Србија денеска забележани се 4.226 случаи со корона вирус, од 12.149 тестирани. Починаа уште 25 пациенти. На респиратори се 207 пациенти од 4.479 хоспитализирани. Претседателката на Владата Ана Брнабиќ, денеска имаше состанок со медицинскиот дел од Кризниот штаб. Најави нови, заострени мерки, кои ќе ги соопштат утре.

Македонската ракометна репрезентација без Лазаров, Миркуловски и Стоилов поразена во Данска


Данска – Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз со резултат 37:21 попладнево на гостувањето во Алборг кај актуелниот светски и олимписки првак Данска. Во дуел од 4. коло во квалификациите за Европското првенство 2022, Данците во целост се реваншираа за поразот во Скопје од пред четири дена. Треба да се напомни дека во македонскиот состав за оваа […]

Патиштата во Хрватска завеани од снег, БиХ и Србија очекуваат до 30 см снег


  Студен бран ќе донесе снег на Балканот, а хрватските патишта уште денеска се завеани од снег. Како што јавува Индекс, на патиштата од Риека кон Загреб поради снегот веќе се случиле повеќе сообраќајки. Пораи снегот што паѓа во Горски Котар, дојде до повеќе сообраќајни незгоди на автопатот А6 кон Загреб, пораи што е отежнат […]

Менкиновски ја оцени како скандалозна одлуката за притвор за Камчев


Aдвокат Тони Менкиновски остро реагира на притворањето на Јордан Камчев оценувајќи дека одлуката е скандалозна бидејќи притворот е изречен врз база на неиздржани индиции на Агенцијата за национална безбедност. Тој смета дека во документот за притвор се наведуваат тврдења со ЌЕ, без да има некакви докази. Тој најави жалба на притворот, но и нагласи дека […]

Фолксваген ќе затвори 5.000 работни места


Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да го намали бројот на работни места до 5.000, така што ќе понуди предвремено или делумно пензионирање на повозрасните работници, пишува весникот „Ханделсблат“. Според весникот, трошоците од таквиот потег на Фолксваген би можеле да изнесуваат и до 500 милиони евра. Портпарол на компанијата потврдил дека Фолксваген се согласил да […]

Филипче ќе поднесе тужба за навреда и клевета против пратеникот Лефков од ВМРО-ДПМНЕ


До граѓанскиот суд утре ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук. Тој вели дека лажни и неточни […]

Како изгледа вселенска прошетка на астронаут? Уникатeн поглед од Меѓународната вселенска станица


Двајца астронаути на НАСА, Виктор Гловер и Мајкл Хопкинс, излегоа од Меѓународната вселенска станица за да ги направат потребните работи за одржување на надворешноста на станицата. Ever wondered what an astronaut’s point of view is on a spacewalk? Well, today’s the day to live it! ? Take a look at these HIGH-DEF camera views of […]

МОН: Интересот за дуалното образование секоја година расте


Неколку девојчиња учат за електричари – електромонтери за електроенергетски мрежи во средното стручно училиште „Михајло Пупин“ во Скопје. Две од нив, преку знаењата и вештините што ги стекнале на часовите и низ практичната обука, се качија на високиот столб на полигонот во училишниот двор, што им служи за тренинг, соопшти денеска Министерството за образование и […]

Мермерите од Партенон ѝ припаѓаат на Грција, му порача ЕУ на Борис Џонсон


Белгија– Како тензиите за Брегзит да не беа доволно лоши, Брисел отвори нов спор со Велика Британија поддржувајќи го долгогодишното тврдење на Грција над мермерите од Партенон. Кога Велика Британија и Грција беа членки на Европската унија, таа се обиде да остане над расправијата и донесе позиција на неутралност во спорот. Сепак, еден ден откако […]

Земјотрес кај Задар


  Умерен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер, регистриран е денеска околу 12.55 часот во околината на Задар во Хрватска. Според Сеизмолошката служба на Природно математичкиот факултет, интензитетот во епицентарот бил IV-V степени според ЕМС скалата Нема дојава за штети и настрадани. Тлото се тресело неколку секунди, а најмногу се почувствувал на повисоките […]

Затворена улица во Сплит поради неидентификувана течност


  Во Слит, Хрватска, денеска е затворена една улица поради неидентификувана течност што се слива од потпорен ѕид низ улицата. Зад ѕидот се наоѓа постројка на „Адриацинк“, која се занимава со поцинкување челични конструкции како заштита од корозија, пренесе Индекс.хр. Сплитските пожарникари потврдија дека под полна опрема и заштита испумпуваат течност од шахтите, затоа што […]

Во пустината во Египет пронајдени монашки ќелии од петтиот век


Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански урнатини во западна пустина во Египет, откривајќи монашки живот во регионот во петтиот век од нашата ера, соопшти египетското Министерство за антиквитети. „Француско-норвешката мисија откри за време на својата трета ископувачка кампања на локалитетот Тал Гануб Каср ал-Агуз во оазата Бахарија неколку згради направени од базалт, други врежани во […]

Тепачки низ цела Македонија, во кафеани, на улица, сопруга нападнала сопруг


Повеќе физички пресметки се регистрирани во изминатото деноноќие на територијата на цела држава, при што повредени се и малолетници, а во еден случај сопругата го нападнала сопругот со тврди предмети. Во саботата, во 16.10 часот С.А. пријавил дека истиот ден околу 15 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат со тврди предмети од […]

Поранешниот премиер Енрико Лета го презеде лидерството во италијанската левичарска Демократска партија


РИМ – Поранешниот италијански премиер Енрико Лета ја повика Демократската партија (ПД) да ги прекине судирите и да се обедини пред следните национални избори, откако во неделата го презеде раководството на проблематичната левоцентристичка група. Неговото назначување следува откако поранешниот секретар на партијата Никола Зингарети нагло се откажа од функцијата велејќи дека се „срами“ од внатрешните […]

Прилепчанец загина по пад во рудник


Во саботата, во 13.30 часот во СВР-Битола било пријавено дека истиот ден околу 09,00 часот на место викано „Чашка“ атар на с.Плетвар – рудник Чашка Д.С.(66) од Прилеп при пад во рудникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен до Општата болница Прилеп, каде починал. Од страна на Јавен обвинител и увидна […]

Орбан: Брисел го зафркна снабдувањето со вакцини, јасно е дека нешто не е во ред


Брисел го „зафркна“ снабдувањето со вакцини против корона вирус, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека неговата земја ќе биде „во голема неволја“ доколку самата не порача вакцини од исток. Додека Израел е „речиси готов“ со вакцинирањето на своето население, а Велика Британија е на 30-40 проценти, во Европската унија, вакцинирани се просечно 6,8 проценти од […]

Во Мадрид разбиена најголема нарко банда


Шпанија– Шпанската полиција уапси 12 членови на најголемата нарко банда во Мадрид и заплени автомобил „ферари“ вреден 250.000 евра, арсенал огнено оружје и јапонски меч. Како што се наведува, во серијата претреси се запленети и три ками, неколку автоматски пушки и 600 килограми кокаин. Меѓу запленетите предмети биле и 20 скапоцени автомобили, како и 700.000 […]