Патиштата во Хрватска завеани од снег, БиХ и Србија очекуваат до 30 см снег


 

Студен бран ќе донесе снег на Балканот, а хрватските патишта уште денеска се завеани од снег.

Како што јавува Индекс, на патиштата од Риека кон Загреб поради снегот веќе се случиле повеќе сообраќајки.

Пораи снегот што паѓа во Горски Котар, дојде до повеќе сообраќајни незгоди на автопатот А6 кон Загреб, пораи што е отежнат сообраќајот. Снег паѓа и во Лика.

Колоната возила на автопатот е долга до 3 километри. Хвратски автопати повикуваат возачите да ја намалат брзината и да го прилагодат возењето на моменталните услови на патот.

Се вози во една лента, со ограничување на брзината од 40 км/ч.

Заради снегот на некои региоанлни патишта забранет е сообраќај на камиони со приколки и полуприколки, а другите мора да имаат зимска опрема.

И во Босна и Херцеговина очекуваат снег во текот на утрешниот ден, во Краина, а подоцна и во остатокот од земјата, кој треба да паѓа во недела, во текот на ноќта до раните утрински часови во поеделник.

По денешниот топол, но и дождлив ден, утре се очекува зима, а снегот најпрво ќе паѓа во југозападна Србија, со очекување од 10 до 30 см снег, јавуваат српските медиуми.

Заладување се очекува во целата земја уште вечерва, а утре дожд во поголемиот дел од земјата, со можност за 20 мм дожд за 12 часа.

И во Македонија се најавува заладување. Под влијание на влажен бран утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места.

 

Утре и во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд и снег.