Затворена улица во Сплит поради неидентификувана течност


 

Во Слит, Хрватска, денеска е затворена една улица поради неидентификувана течност што се слива од потпорен ѕид низ улицата.

Зад ѕидот се наоѓа постројка на „Адриацинк“, која се занимава со поцинкување челични конструкции како заштита од корозија, пренесе Индекс.хр.

Сплитските пожарникари потврдија дека под полна опрема и заштита испумпуваат течност од шахтите, затоа што уште не знаат за каква течност се работи, дали таа е опасна за луѓето и околината.

Надлежните служби зедоа примероци од течноста, а повеќе ќе биде познато по анализата.

Како што дознава „Слободна Далмација“, најверојатно се работи за хлороводородна киселина, а познато е дека таа се користи во обработка на челик.

На терен се, покрај полицијата, и пожарникари и работници од „Циан“, кои извршуваат работи од санитарна заштита и заштита на околината.

Од „Циан“ не ја коментираат ситуацијата.