Земјотрес кај Задар


 

Умерен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер, регистриран е денеска околу 12.55 часот во околината на Задар во Хрватска.

Според Сеизмолошката служба на Природно математичкиот факултет, интензитетот во епицентарот бил IV-V степени според ЕМС скалата

Нема дојава за штети и настрадани.

Тлото се тресело неколку секунди, а најмногу се почувствувал на повисоките катови од зградите, додека оние поблиску до тлото слушнале силна бучава која потсетува на грмотевица, пишува Задарски.хр.