И во недела во Србија повеќе од 4.000 новозаразени
Во Србија денеска забележани се 4.226 случаи со корона вирус, од 12.149 тестирани.
Починаа уште 25 пациенти.
На респиратори се 207 пациенти од 4.479 хоспитализирани.
Претседателката на Владата Ана Брнабиќ, денеска имаше состанок со медицинскиот дел од Кризниот штаб. Најави нови, заострени мерки, кои ќе ги соопштат утре.