Кастекс: Ќе направиме се за да нема нова блокада поради зголемениот број нови случаи на Ковид-19


Франција– Франција ќе направи се за да се избегне нова блокада поради коронавирусот,изјави премиерот Жан Кастекс во време на зголемен притисок врз болниците. Повеќе од 26.000 нови случаи се регистрирани во државата вчера. Засега, француската влада се спротивстави на притисокот од некои здравствени работници да наметне нова, трета блокада поради зголемениот број новоинфицирани со Ковид-19. […]

Продолжува судењето за „Ласкарци“


Во Кривичниот суд – Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Ласкарци”, кој се однесува на автобуската несреќа што се случи пред две години во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. Обвинети се Дурмиш […]

СИПРИ: САД лидер во извозот на оружје за периодот 2016-2020 година


Шведска – САД држaт 37 отсто од глобалната продажба на оружје помеѓу 2016 и 2020 година и продадоа оружје на 96 земји. Речиси половина од нејзината продажба беше наменет за Блискиот исток.Тоаа се наведува во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Извозот на САД се зголеми за 15 отсто во споредба со 2011-2015 […]

И Холандија времено ја запира употребата на АстраЗенека


Холандија– Холандија ќе запре со користење на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 најмалку до 29 март како мерка на претпазливост, соопшти синоќа холандската Влада. Одлуката, која следи по сличен потег на Ирска претходно во текот на денот, е одговор на извештаите од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти, се вели во соопштението. Тројца […]

Завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата


Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани завршува денеска. Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Почнува Велигденскиот пост


Имиња на постот Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува: Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха. Велики […]

Заев и Бесими во посета на Луксембург, најавени средби со премиерот и со претседателот на ЕИБ


Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе замине во посета на Луксембург. За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, а ќе оствари средба и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел. Од владината прес-служба најавуваат дека ќе информираат за сите активности […]

Османи ќе информира за попишувањето на дијаспората


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе одржи прес-конференција во врска со спроведувањето на пописот кој од 1 март почна да се спроведува за неколку категории на граѓани, меѓу кои и за дијаспората. Преку електронската апликација досега се попишани над 50 илјади граѓани. Османи во саботата преку видео обраќање на „Фејсбук“ истакна дека апликацијата […]

Шекеринска на промоција на новиот софтвер за СТАНАГ тестирање


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Гоце Делчев“ ќе го посети Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“. Во Центарот ќе биде промовиран новиот софтвер за тестирање на знаењата на припадниците на Армијата и вработените во одбраната на англискиот јазик, согласно НАТО стандардот, СТАНАГ. 

Над 500 нови случаи на Ковид-19, полицискиот час и препораките не се почитуваат


По порастот од над илјада новозаболени од Ковид-19, вчера Министерството за здравство регистрираше 541 нов случај на корона вирусот од направени 2.789 тестирања. Повеќе од половина од новодијагностицираните случаи се во Скопје. Починаа 19 лица на возраст од 55 до 89 години.   Во земјава е воведен полициски час и е забрането движење во периодот […]

Дожд, северен ветер и пад на дневните температури


Облачно време со врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Повремено врнежите ќе бидат поројни и на места со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните и источните делови од државата. Поради продор на студена воздужна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот […]

Земјотрес со јачина од 3,8 степени вечерва во Маврово


Уште еден умерен земјотрес, бил почувствуван вечерва во мавровскиот регион. Според ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер вечерва се случил на 13 км југозападно од Гостивар, во 22.38 часот. Земјотресот бил на длабочина од 1 км. Епицентарот е во близина на Мавровско езеро, а најмногу се почувствувал во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево… […]

Некој оставил бебе кај семејство во Загреб, се бараат родителите


Во петокот вечерта во една куќа во Загреб најдено е бебе, старо неколку недели, а семејството кое живее во таа куќа, не знае кој го отавилдетето тука. Полицијата го потврди случајот, а бебето сега е во болницата во Загреб и лекарите велат дека е добро. Како што раскажува девојката која го нашла бебето, кога стигнала […]

Кина значително ја надмина Европа според продажбата на нови автомобили


Кина значително го зголеми водството во продажбата на нови автомобили во однос на Западна Европа. Додека во Европа беа продадени 1,52 милиони автомобили во јануари и февруари, продажбата во Кина беше 3,96 милиони, според студијата на „Autoexperte Dudenhöffer“. Пред една година беа продадени 1,99 милиони возила во Европа, а само 1,6 милиони во Кина во […]

Откриена планета без облаци: Годината трае помалку од 5 дена


  Астрономите открија многу чудна егзопланета која може да нѝ помогне во подобро разбирање на вселената. Имено, научниците од Харварт и Смитсонијан воочија големо гасовито небеско тело на оддалеченост од околу 575 светлосни години од Земјата, и му го дадоа името WASP-62b. Оваа егзоплаента се наоѓа во орбита каде една година трае 4,5 земјини денови, […]

Запленетите 4,5 тони путер со поминат рок утре ќе се уништуваат на „Дрисла“


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вечерва соопшти дека се запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок кој утре ќе биде уништен на „Дрисла“. Во соопштението се наведува дека путерот, чиј увозник е млекарницата „Евро Млекара“ од Скопје, е повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата не соодветствува со увозната документација за производот […]

Лех Валенса со емотивна видео порака пред да замине на операција


Полскиот симбол на слободата Лех Валенса објави денеска емотивна видео порака на социјалните мрежи пред да влезе во болничката сала на операција. „Се јавувам од болницата. Што следува, само времето ќе покаже“, истакна 77-годишниот добитник на Нобелова награда за мир и поранешен полски претседател во видео пораката објавена на Фејсбук. „Без да знам кога повторно […]

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот се приближува до 120 милиони


Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 119,22 милиони, што е зголемување за повеќе од 461 илјада дневно, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците објавени денеска од СЗО, бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од 8.400, надминувајќи 2,64 милиони починати пациенти. Повеќе од 44 отсто од заразените, според податоците […]

Црн ден за партијата ЦДУ на Меркел на покраинските избори


Германските демохристијани претрпеа непријатни порази во два клучни регионални гласања во неделата, во неуспехот на партијата на која ѝ претстојат федерални избори во септември, по што ќе биде избран наследник на канцеларката Ангела Меркел. Гневот околу скандалот во ЦДУ со набавките на маски за лице ја влошува фрустрацијата кај Германците со коалицијата предводена од конзервативната […]

Јемен: Загинаа три деца во ракетирање училиште


Бунтовничките сили Хути во јемен, денеска фрлија ракета на училиште во регионот Таиз во која се сместени провладините сили. Убиени се 15 војници, како и три деца кои биле во близина. Жителите за Ројтерс велат дека децата, двајца браќа и нивни роднина, се наоѓале на тоа подрачје коха проектолот го погодил училиштето во округот Када […]