Земјотрес со јачина од 3,8 степени вечерва во Маврово


Уште еден умерен земјотрес, бил почувствуван вечерва во мавровскиот регион.

Според ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер вечерва се случил на 13 км југозападно од Гостивар, во 22.38 часот. Земјотресот бил на длабочина од 1 км.

Епицентарот е во близина на Мавровско езеро, а најмногу се почувствувал во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево…

Серија земјотреси во истиот регион се случија вчера од кои најсилниот беше со магнитуда од 4,6 степени според Рихтер.