Борел подготвен да го врати западниот Балкан на дневен ред во април


На петти март девет земји членки на ЕУ преку писмо побараа од шефот на дипломатијата на ЕУ да се врати западниот Балкан на агендата на Унијата во април откако во декември лани беа блокирани заклучоците поради спорот меѓу Скопје и Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Во декември за прв пат во историјата ЕУ […]

Досега евидентирани 64.176 лица преку апликацијата за самопопишување


Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 08.00 часот денеска се евидентирани 64 176 лица од дијаспората. Пописот на лицата кои се во странство почна на 1 март. Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се одвива до […]

Бугарија е последна според медиумската писменост во ЕУ


Бугарија се наоѓа на последното место во Европската унија според индексот за медиумска писменост од 2021 година, и на тоа ниво е веќе четири години. Индексот се објавува годишно од Европската иницијатива за политика (EuPI) при Институтот отворено општество – Софија од 2018 година. Тој ги проценува жителите на 35 европски земји според степенот до […]

Петнаесет прекршувања на забраната за движење, 393 санкции за неносење маска


Од 22 часот синоќа до 5 часот изутрината констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата […]

За еден месец регистрирани нови над 900 невработени лица, во Агенцијата евидентирани 159.608


Бројот на невработени лица на крајот на февруари според евиденцијата на Агенцијата за вработување изнесува 159.608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година. Во овој месец се евидентирани нововработени 3.185 лица и 5.440 кои стекнале статус на невработено лице. Од почетокот на кризата без работа, според евиденцијата, останале 18.266 […]

Грција регуларно ќе продолжи со имунизацијата со вакцината на АстраЗенека


Грчката национална комисија за вакцинација, по одржаниот состанок за несаканите дејства по примањето на вакцината на АстраЗенека оцени дека процесот на имунизација во Грција со конкретната вакцина треба да продолжи регуларно, согласно објавениот план, јави дописничката на МИА од Атина. Од Комисија соопштуваат дека според надлежните органи од Европската организација за лекови, досега не постои […]

Турција планира да вакцинира над еден милион туристички работници


Турските власти најавија приоритети за вакцинација на луѓето во туристичкиот сектор, како дел од програмата за сертифицирање на безбеден туризам што државата ја почна во 2020 година, објави весникот Дејли сабах. Министерството за култура и туризам почнало да прифаќа онлајн најави по одлуката да им се даде предност на вработените во објекти сертифицирани за безопасен […]

Индустријата за крстарења ќе биде во криза уште две години


Индустријата за крстарењa ќе биде во криза најмалку уште две години и нема да се врати на нивото пред пандемијата барем до 2023 година, смета Арнолд Доналд, извршен директор на американската компанија „Карневал“, со седиште во Флорида. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Доналд истакна дека до крајот на оваа година целата флота на „Карневал корп.“ […]

Грчката полиција уапси две лица за шверц на дрога од Северна Македонија во Грција


Во организирана акција на грчката полиција во саботата во близина на Лерин биле уапсени две лица за внесување и продажба на дрога на грчка територија од Северна Македонија, откако во Грција влегле нелегално и на полицаец кој се претставил дека е купувач се обиделе да му продадат нешто помалку од три килограми канабис, јави дописничката […]

За испорака на вакцини од Ковакс потребно исполнување на клучни услови


 Од ГАВИ, Алијансата за вакцини, задолжена за програмата Ковакс преку која се испраќаат вакцини на земји со среден или низок приход, за МИА објаснуваат кои критериуми се потребни за да се добијат вакцини. -За дозите да можат да се испорачаат до учесниците на програмата преку оваа прва рунда на испорака, повеќе критични делови мора да […]

Четиридневна работна седмица – предлог проект во Шпанија


 Шпанија може да стане една од првите земји во светот што ќе воведе четиридневна работна недела, откако Владата се согласи компаниите заинтересирани за таа идеја да учествуваат во пилот проект, пишува Гардијан. На почетокот на оваа година, малата левичарска партија во Шпанија, Мас Паис, соопшти дека Владата ја прифатила нејзината понуда за тестирање на идејата. […]

Њујорк им оддаде почит на повеќе од 30.000 починати од Ковид-19


Њујорк, најтешко погодениот град од пандемијата на коронавирус во САД, забележа 30.258 смртни случаи и во неделата на една година од пандемијата им оддаде почит. „Во Њујорк има повеќе загубени животи отколку во Втората светска војна, Виетнамската војна, ураганот Сенди и тероритстичкиот напад од 11.09, заедно. Пандемијата на некој начин влијаеше врз секое семејство, а […]

Берош: Верувам дека околностите околу набавката на вакцините преку ЕК ќе се подобрат


Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека верува оти околностите околу набавката на вакцините преку Европската комисија ќе се подобрат и додаде дека во спротивно Хрватска ќе се ориентира кон некои други производители. Според него, Хрватска сè уште е ориентирана кон заеднички набавки преку Европската комисија и смета дека околностите ќе се подобрат, а […]

Богдановиќ: Построгите мерки за време на викендите се уште не даваат резултати


Србија– Медицинскиот координатор на ковид – болницата во Арена во Белград, Предраг Богдановиќ денеска изјави дека построгите мерки во текот на изминатите три викенди не влијаат врз намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19. – Тоа се уште не дава резултати, затоа утрово работиме со зголемен интензитет, имаме поголем број приеми и секогаш се бара […]

Пеле му го честита на Роналдо апсолутниот рекорд за најмногу постигнати голови


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле го изрази своето воодушевување од напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо. Поранешниот фудбалер му го честиташе на 36-годишниот играч апсолутниот рекорд по бројот на голови. Откако постигна хет-трик на натпреварот од италијанскиот шампионат против Каљари, Роналдо во кариерата стигна до 770 погодоци, додека Пеле погоди 767 пати. „Ти се восхитувам. […]

Модно шаренило на црвениот килим на Греми


САД– Разни стилови и бои со дизајнерски потпис облекоа синоќа номинираните и гостите на 63. Греми, музички еквивалент на филмските оскари. Луксузот им беше заеднички именител, а за вкусовите уште долго ќе се разговара.    

Додека јакне вакцина-национализмот, владите сакаат домашно производство на вакцини


Владите ширум светот се обидуваат да го решат проблемот со фрагментирано производство на вакцини, а многу земји се обидуваат да го организираат домашното производство и ова почнува да влијае и на глобалната фармацевтска индустрија. Европската унија се соочи со голем број тешкотии што ги лишија земјите-членки од домашно произведени лекови оваа година. Во 1921 година, […]

Греми 2021: Победници се…


САД- Били Ајлиш освои Греми за снимка на годината, втора година по ред, додека Тејлор Свифт и Бијонсе испишаа историја на музичките Оскари синоќа. Свифт стана првата пејачка што освоила албум на годината три пати – земајќи ја годинешната чест со „Folklore” – и Бијонсе постави нов рекорд за најмногу победи од женски уметник и […]

Пекинг погоден од силна песочна бура


Пекинг денеска беше прекриен  прашина, донесена од силните вретрови од пустината Гоби, северозападна Кина. Според метеоролозите тоа е најсилната песочна бура во реонот во последаната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи. Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50, […]

Фаучи се надева САД нема да ги повторат грешките на Европа и ги повикува приврзаниците на Трамп да се вакцинираат


САД– Главниот експерт на американската влада за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, предупреди дека можно е да се подготвува нов бран на инфекции со Ковид-19, тврдејќи дека зголемувањето на случаите на коронавирус во Европа е нешто што САД треба да го избегне, јави ДПА. Експертот рече дека падот на случаите во САД во текот на изминатите […]