Некој оставил бебе кај семејство во Загреб, се бараат родителите


Во петокот вечерта во една куќа во Загреб најдено е бебе, старо неколку недели, а семејството кое живее во таа куќа, не знае кој го отавилдетето тука.

Полицијата го потврди случајот, а бебето сега е во болницата во Загреб и лекарите велат дека е добро.

Како што раскажува девојката која го нашла бебето, кога стигнала дома видела светло, што 1 било чудно, затоа што зналеа дека дома нема никој. Светлото било запалено на долниот кат, кој семејството не го користи затоа што не е уредено.

Кога заминала да ги изгаси светилките, чула детски плач, а тогаш во колична нашла бебе кое било студено/

Девојката го повикала своето семејство, а потоа стигнале Итната помош и полицијата.

Полицијата ги бара родителите на ненето, а дотогаш тоа ќе остане во домот за незгрижени деца.