Нови 541 случај на заболени од Ковид -19, повеќе од половина во Скопје


Нови 541 случај на заболени од Ковид-19 од направени 2.789 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа во државата. Починати се 19 лица на возраст од 55 – 89 години, а оздравени 521 пациент.   Од новозаболените, 290 се во Скопје, 43 во Прилеп, 22 во Тетово, 21 во Охрид, 19 во Гостивар, по 16 […]

Обвинителството побара, судот одреди 30 дена притвор за Камчев


Еден од најбогатите Македонци, Орце Камчев, во наредните 30 дена ќе биде во затворот во Шутка, откако судија на претходна постапка го усвои барањето на обвинителството. Камчев утрово беше приведен од полицијата по претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност дека се подготвувал да избега од државата. Јавното обвинителство попладнево потврди дека побарало притвор по […]

Прв пат по пет години Дау Џонс има попозитивен тренд од Насдак четири недели по ред


Историски ниски каматни стапки постојат од финансиската криза пред повеќе од една деценија.  Пред неколку дена, воедно беше и дванаесеттата годишнина од денот кога Дау Џонс падна на 6.547 поени. Сега неговата вредност е точно 400 проценти поголема! Во текот на изминатата недела, Dow заработи добри четири проценти, поставувајќи нова рекордна вредност секој ден, пишува […]

20 години пеам за Македонија, така и ќе остане: Гарванлиев ќе го исфрли спорниот кадар од евровизискиот спот


  -Иако со евровизискиот спот за “Here I stand“ имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната […]

И Ирска привремено ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека


Ирска – Вакцинацијата со лекот на АстраЗенека треба привремено да се запре додека не се испитаат случаите на згрутчување на крвта, изјави денеска ирскиот заменик-началник за јавно здравје Ронан Глин. – Оваа препорака е дадена по извештајот на Норвешката медицинска агенција за четири нови случаи на згрутчување на крвта кај возрасни по вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека, рече Глин, но […]

Загина 23-годишно момче во сообраќајка на патот Скопје-ХЕЦ Козјак, неколкумина повредени


Во сообраќајка што се случи вчеравечер на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак загина 23-годишно момче од Скопје, а со тешки телесни повреди се здобиле две лица од кои едното малолетно. Неколкумина сопатници се здобиле со телесни повреди. Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчеравечер, меѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, […]

Тежок тест за партијата на Меркел на денешните покраински избори


БЕРЛИН – Германските гласачи се очекува да ги казнат владејачките демохристијани на два регионални избори денеска поради долгиот локдаун за корона кризата и за скандалот со набавката на маски за лице, ослабувајќи ги нивните изгледи за задржување на власта подоцна оваа година. Канцеларката Ангела Меркел, на власт од 2005 година, не бара повторен избор во […]

Брнабиќ: Мерките против корона вирусот ќе мора да се заострат


Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека мерките против корона вирусот ќе мора да се заострат и информира дека денеска ќе има состанок со медицинскиот дел на Кризниот штаб, кој инсистира на тоа. – Сигурно ќе мора да ги заостриме мерките, но ќе видиме што може да се направи и што е најпаметно да се стори, […]

За еден ден хоспитализирани 55 лица во скопските ковид центри


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на […]

Сејдини доби нов четиригодишен мандат на чело на ФФМ


Муамед Сејдини и следните четири години ќе ја извршува претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија. Сејдини на денешното Изборно собрание ја доби поддршката на сите 52 присутни делегати. Во текот на Собранието на ФФМ, претседателот на Светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино, преку видео-обраќање му искажа поддршка на Сејдини и предвреме му го честиташе новиот […]

Вкупно 1015 лица се хоспитализирани поради Ковид-19, празни сe 350 болнички кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1015 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите.   Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а 587 […]

Во Бразил за еден ден повеќе од 76.000 новозаразени и речиси 2.000 починати од Ковид-19


Во Бразил во последните 24 часа регистрирани се 76.178 лица заразени со коронавирус и 1.977 починати, соопшти синоќа бразилското Министерство за здравство. Министерството за здравство исто така информира дека досега во земјата од Ковид-19 починале 277.102 лица, а заразени биле вкупно 11.439.558 лица. Болниците во поголемите градови во Бразил се пред колапс, предупреди изминатата недела Панамериканската здравствена организација (ПАХО). – Загрижени […]

Македонија против Данска без Лазаров и Миркуловски


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи големи промени во составот за реванш мечот со Данска, што треба да се одигра попладнево во 16 часот во Алборг. Нашиот најдобар ракометар одлучи заедно со Филип Миркуловски да го пресконат овој натпревар и да им даде шанса на помладите. Претходно поради повреда во Скопје остана Стојанче […]

Приведен Орце Камчев, ќе бегал


Бизнисменот Орце Камчев утрово е приведен, дознава Фокус од доброупатени извори. Како што пишува Фокус, Камчев е уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала информации дека наводно се спрема за бегство. По нивно барање бил приведен, а потоа го информирале Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сега обвинителството ќе бара притвор, бидејќи […]

Инфантино со поддршка за Сејдини


Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денес преку видео-порака му искажа поддршка на актуелниот претседател и единствен кандидат на Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. – Не можам да бидам со вас, бидејќи сум во Мароко, но со срцето сум таму со вас. Муамед е номиниран како единствен кандидат на […]

Италија од утре ги заострува мерките, метеж на улиците и продавниците


  Сите едидемиолошки податоци покажуваат дека заразата со Ковид-19 се шири низ Италија многу брзо, а последните денови бројот на новозаразени дневно се зголемува за илјадници нови случаи, се истакнува во неделниот извештај на Високиот институт за здравство кој го објави весникот „Фанпејџ“. Во моментот вкупно заразени во Италија има 520 илјади, од кои во […]

„Фискален бројач“ – нова алатка за транспарентност на Министерството за финансии


„Фискалниот бројач“ е новата алатка за транспарентност на Министерството за финансии со високофрефентни податоци, која на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните расходи, додека на месечна основа го прикажува државниот долг. Целта на оваа алатка, објавена на веб-страната на министерството, е понатамошнa отвореност на буџетот кон јавноста, за да […]

Google Chrome воведе нова корисна функција


Google Chrome апликација за андроид сега на корисниците им овозможува да прегледаат некоја интернет страница пред да ја отворат. Ако ја ажуриравте својата апликација на верзијата 89, доволно е да го задржите прстот на линкот малку подолго и ќе ви се отвори опцијата “Preview Page” (прегледај ја страницата), која во моментот е достапна само за […]

Заштитните маски се опасни за животната средина


Секоја минута во светот се користат и фрлаат три милиони заштитни маски, а многу завршуваат во природата и претставуваат вистинска еколошка бомба, пишува списанието „Фанпејџ“. Заштитните маски се направени од пластични полимери, кои во природата шират таканаречени микро и нано пластични честички, со дијаметар помал од пет милиметри. Микропластиката, вклучително и онаа која настанува со распаѓање на заштитните маски, […]

Ветераните од ОНА го осудија присуството на Груби на 40-годишнината на „Тигрите“


Здруженето на ветерани на војната на расформираната ОНА (УЧК) го осуди вчерашното присуство на првиот вицепремиер и висок функционер на ДУИ (како партија произлезена од ОНА) Артан Груби на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на специјалната полициска единица „Тигри” и оддавањето почит пред споменикот на загинатите припадници на единицата. Најпрво медиумите забележаа дека Груби не […]