Пленковиќ: Нема да ја користиме руската вакцина пред дозвола од ЕУ


Хрватскиот премиер разјасни дека неговата земја нема да ја користи руската вакцина Спутник В сè додека нема зелено светло од европската агенција за лекови, ЕМА. Андреј Пленковиќ ова го изјави во интервју за француската телевизија, Франс 24, за време на неговата посета на Брисел. -Рековме дека ќе ги започнеме разговорите со руската страна, но би […]

Заев: Внатрешното и меѓусебно помирување главен темел за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување


Премиерот Зоран Заев денеска преку својот Фејсбук профил им го честита на православните христијани празникот Прочка.   -Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето. Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот. Тоа […]

На улиците во Скопје како на трки – санкционирани 186 возачи, 68 за брзо возење, 14 без возачка


На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санкционирани се 68 возачи, 14 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас. Како што соопшти МВР изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за управување под […]

Потпретседателот на Европската комисија: Имаше грешки во нарачките за вакцини во Брисел


Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, призна дека Европската унија направила грешки во изготвувањето стратегијата за вакцинација против коронавирус за членките, јави агенцијата ДПА. „Точно е дека имаше грешки во нарачките на вакцини во Брисел и во земјите-членки“, рече Тимерманс во интервју за неделното издание на весникот „Тагесшпигел“. „Подготвен сум на крајот од пандемијата да […]

Што добива, а што би изгубила Македонија со енергетските инвестиции во Александрополис


За Владата ова е важен чекор што ќе овозможи земјата да стане енергетски независна и да биде транзитна за пренос на гас, а за опозицијата станува збор за штетни енергетски политики, како од политички, така и од финансиски и економски аспект   Мирче Јовановски Околу 140 милиони евра ќе треба да вложи земјава во инвестициите […]

Во Денвер откажани 2.000 летови поради снежна бура


Околу 2.000 летови се откажани викендов на меѓународниот аеродром во Денвер, поради големата снежна бура што го погоди регионот. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за бура, наведувајќи дека се очекува од Денвер до Болдер во американската држава Колорадо, од сабота попладне до недела навечер да паднат 46 до 61 сантиметар снег, а во подножјето на планината Фронт Ренџ и до 76 […]

Русија спушти вселенски телескоп во Бајкалското Езеро


Руски научници вчера спуштија еден од најголемите вселенски телескопи во Бајкалското Езеро за да можат да ги испитаат неговите длабочини. Телескопот Бајкал ГВД е изграден од 2015 година со цел да се набљудуваат неутрините, најмалата од сите познати честички, и сега е спуштен на длабочина од 750 до 1.350 метри, на околу четири километри од брегот. Неговите оптички модули […]

Главниот уредник на „Билд“ се повлече по обвинувања


Главниот уредник на германскиот весник „Билд“, Jулијан Рајхелт, кој е цел на внатрешна истрага поради поплаки на неколку жени за неговото однесување, побара привремено да биде разрешен од должноста, соопшти групацијата „Аксел Шпрингер“. „За да се овозможи сè да се разјасни и да не се наруши работата на редакцијата, тој (Рајхелт) побара од управниот одбор […]

Уште еден земјотрес регистриран во околината на Тетово и Гостивар


Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во една минута пред полноќ во околината на Тетово и Гостивар. -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 13.03.2021 година во 23 часот […]

Објавена новата ранг-листа на воените сили во светот


Интернет-страната Глобал Фајрпауер секоја година од 2006 година го објавува својот годишен извештај и ранг-листата на национални вооружени сили, од најсилни до најслаби. Овогодинешното рангирање на воената моќ на земјите беше објавено минатиот месец, а податоците се интересни и од меѓународен аспект и за Хрватска. Global Firepower пресметува специфичен „Индекс на моќ“ за секоја од […]

Буковската пипер не е нити „буковец“ нити „буковка“, туку „Буковска пипер“!


Буковската пипер не е „буковец“ нити „буковка“ и тие термини се погрешни. Буковската пипер е оригинален земјоделски прехранбен производ од црвена буковска пиперка како посебна сорта пиперка која традиционално се одгледува во атарот на битолското село Буково. Таа има точен назив – „Буковска пипер“. Со нагласување на информацијата во воведот, нашите соговорници споделија повеќе приказни […]

Вакцинацијата засега тече без проблеми, поголеми количини вакцини се очекуваат кон крајот на март


Во Северна Македонија досега пристигнаа осум илјади вакцини Фајзер и три илјади Спутник V, со првите се вакцинираат и ревакцинираат здравствените работници, а вакцинирањето за повозрасните со вторите почна во средата во поликлиниката „Јане Сандански“. Властите најавуваат дека кон крајот на месецот ќе пристигнат поголеми количини, а во меѓувреме завчера на меѓународниот аеродром во Албанија […]

Нов влажен и постуден бран од вечер, во вторник снег и на пониските места


Под влијание на нов влажен бран од вечер и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремени ќе бидат поројни. Пообилни врнежите ќе бидат во северозападните и источните делови од државата. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а утре кон […]

Секаде каде што има услови ќе се попишува на отворено или пред вратите на становите, преку апликацијата досега самопопишани 51.934 лица


Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и растојание од најмалку 1,5-2 метри. Ова го содржи Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, кој беше усвоен од Владата на 2 март, […]

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите


Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштавањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, […]

Правдата можеби е бавна, но стигнува: Изречени над 350 години затвор за случаите на СЈО и за упадот во Собранието


Еден преглед на судските постапки кои се поврзани со предметите на СЈО кажува дека изминатите три-четири години сепак не биле само залудно потрошено време   Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, вчера излезе со предлог да се формира  посебна агенција која ќе има специјални овластувања за гонење на корупцијата и организираниот криминал, односно некој вид […]

Прогнозите за побарувачката ги задржаа цените на нафтата на близу 70 долари


Цените на нафтата во петокот се задржаа близу 70 американски долари за барел на меѓународните пазари, поткрепени со намалените залихи на водечките производители и прогнозите за закрепнување на побарувачката во втората половина на годината. Цената на барелот на лондонскиот пазар остана непроменета во споредба со претходното затворање и изнесуваше 69,66 долари. Американскиот пазар не се […]

Германски стручњаци: Речиси е невозможно да се заразите со корона на отворено


Деновите се сè потопли, сè повеќе време се поминува на свеж воздух. Дојче веле се распраша кај стручњаци колкави се шансите да се заразиме со корона вирус на отворено и дали треба да се држиме на страна од спортисти и пушачи. Дали надвор е потполно сигурно? Аеросолите, ситни честички кои лебдат во воздухот, се главни […]

Како популистите се враќаат на власт


МАША ГЕСЕН По поразот на изборите во 2002 година, Орбан објави дека „татковината не може да биде во опозиција“. Под „татковина“ тој мислеше на себе како единствен вистински претставник на Унгарија: ако тој не е во владата, тогаш владата е киднапирана   Во 1998 година, Виктор Орбан стана премиер на Унгарија. Четири години подоцна, во […]

Европската комисија одговори во врска со вакцините префрлувајќи ја одговорноста на земјите-членки


Земјите-членки на ЕУ сами побараа флексибилност и одлучија да отстапат од правилото вакцината да се дистрибуира според бројот на жители, соопшти денеска Европската комисија, со што ја симна од себе одговорноста за нееднаквата дистрибуција на вакцините. – Земјите-членки одлучија да отстапат од предлогот на Комисијата, со воведување на флексибилност што овозможува различна распределба на дозите, земајќи ја предвид епидемиолошката состојба и потребите за […]