Мич Меконел предлага Трамп да добие рок од две недели да се подготви за процес за отповикување


САД– Лидерот на републиканците во американскиот Сенат, Мич Меконел, предлага поранешниот претседател Доналд Трамп да добие рок од две недели да се подготви за процес за отповикување, објави „Политико“, повикувајќи се на два неименувани извора. Меконел, кој рече дека смета дека Трамп ги испровоцирал приврзаниците кои го нападнаа американскиот Капитол на 6 јануари, им соопштил […]

Франција воведува ПЦР тест за влез во државата


Франција – Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската унија дека Франција ќе ги направи PCR-тестовите задолжителни за сите патници кон Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, од недела, беше објавено од кабинетот на Макрон. Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство. Тестот ќе […]

Променливо облачно со сончеви периоди и потопло


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Во северозападните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 4, а дневната од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, […]

Во Португалија се затвораат училиштата и факултетите поради Ковид-19


Португалија– Од денеска португалската Влада ќе ги затвори сите училишни установи, со цел да не се влоши состојбата со пандемијата со Ковид-19. Според последната блокада што почна минатата недела, сите услуги што не се од витално значење за животот на граѓаните се затворени и на луѓето им е наредено да останат во своите домови. Владата […]

Коронавирус: Лидерите на ЕУ не се договорија за ковид-пасоши


Најтешко погодените региони со пандемијата на Ковид-19 ќе бидат сметани за „темно црвени“ зони и патниците од овие региони ќе мораат да се тестираат пред патување и да одат во карантин, одлучи ЕУ „Темно црвена зона ќе значи дека во таа зона вирусот циркулира на многу високо ниво“, изјави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер […]

Падна воен хеликоптер – загинаа тројца од Националната гарда


  Тројца припадници на Националната гарда на САД загинаа кога нивниот хеликоптер на рутински лет падна западно од Њујорк, соопштија надлежните. „Хеликоптерот УХ-60 за медицинска евакуација падна во гратчето Мендон во близина на Рочестер“, рече Ерик Дар, директор на одделението за јавни работи за едни и поморски прашања на државата Њујорк. Истрагат за околностите на […]

Симевски: Целиме наредниот попис исклучиво да биде базиран на податоци од регистри


Наша цел е по најавениот попис на населението во април, следниот попис да биде исклучиво базиран на податоци од регистри, изјави вечерва директорот на Заводот за статистика, Апостол Симевски. При гостувањето во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, во однос на информциите за можен бојкот на пописот од страна на опозицијата, Симевски рече дека тоа […]

Блатер бил една недела во кома, здравствената состојба му се подобрува


Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер беше една недела во вештачки предизвикана кома, по операција на срцето што му беше извршена во декември, соопшти денеска неговото семејство. Здравствената состојба на 84-годишниот Блатер од почетокот на оваа недела се подобрува и тој по речиси еден месец е преместен од одделот за интензивна нега. -Лекарите се задоволни од неговата состојба, […]

Меланија Трамп: Од Вашингтон замина во Шанел, на Флорида пристигна во Гучи


САД– Меланија Трамп ја напушти Белата куќа во црно и сериозна-во jakna на Шанел и фустан на Долче и Габана, на високи потпетици на Кристијан Лубутан. Слета во Флорида, новиот дом, во шарен креп фустан во стилот на 60-тите на Гучи кој чини 3600 долари, и во балетанки на Роџер Вивие. Тоа не чуди. Како […]

Земјите од ЕУ се договорија за меѓусебно признавање на тестовите за Ковид-19


 Земјите-членки на ЕУ денеска се договорија за зајакнување на употребата на брзи антигени тестови и за меѓусебно признавање на резултатите од тестовите за Ковид-19, соопшти Советот на ЕУ. Советот наведува дека употребата на брзи тестови и заемно признавање на резултатите од тестовите за Ковид-19 низ ЕУ се од суштинско значење за ублажување на ширењето на […]

Царовска очекува до февруари да се дефинира концепцијата за основно образование


 Министерката за образование и наука Мила Царовска очекува најдоцна до февруари да се финализира концепцијата за основно образование, која од септември треба да стартува во прво и четврто одделение. Во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија „Сител“, министерката изрази задоволство што концепцијата се дефинира низ дебата, со прифаќање на конструктивни предлози. За утре, како што […]

На 90 години почина легендарната спикерка Бранка Станковска


Почина легендарната Бранка Станковска на 90-годишна возраст. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран која целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија (1948-1987). „Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, […]

„Македонско село“ никако да стане „Стартап село“


Билјана Богдановска Владата планира да го трансформира „Македонско село“ во Нерези во „стартап село“, но досега ова не се случи. Проектот е најавен како дел од долгорочната стратегија на Владата за трансформација на вакви објекти во стартап села. Тоа значи дека новите компании кои ќе работат во селото нема да плаќаат кирии во првите неколку […]

Агуеро позитивен на корона вирус


Напаѓачот на премиерлигашот Манчестер сити, Серхио Агуеро, соопшти денеска дека се заразил со корона вирус. Агуеро се наоѓа во самоизолација од 10 јануари по контакт со лице заразено со Ковид-19 и кога се очекуваше да го напушти карантинот, Аргентинецот објави дека е позитивни на коронавирус. – Откако имав близок контакт се самоизолирав и најновиот тест што го направив е позитивен на […]

Предвидени 20 мерки во нацрт Програмата на економски реформи 2021 – 2023


Со 20 реформски мерки за здравството, образованието, социјалната заштита, пазарот на труд, намалување на сива економија, подобрување на деловната клима, иновациите, дигиталната трансформација, енергетика, транспорт и земјоделството во рамки на Програмата за економски реформи 2021-2023, ќе се работи на клучните реформски процеси во земјава, кои ќе го интензивираат дијалогот со Европската Унија. Фокусот на новата […]

Филипче: Државата има капацитет да спроведе попис во време на пандемија


Пописот може да се изведе и да се заврши по сите здравствени протоколи. Консензус на ниво на Светската здравствена организација е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји, истакнува министерот за здравство Венко Филипче.   Тој на онлајн […]

Околу 150 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, вакцина како примарна превенција


Секоја година во нашата држава во просек 150 жени се јавуваат како нови случаи на заболени од цервикалниот карцином или 15 на 100.000 жени, информира денеска професорката Елена Ќосева од Институтот за јавно здравје на прес-конференцијата по повод одбележувањето на европската недела за подигање на свеста за ракот на грлото на матката, во организација на […]

Силен земјотрес на Кипар: Се тресеше најмалку 15 секунди


  Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер го погоди островот Кипар, а засега нема инфромации за штети. Потресот се случил во 15.27 часот и го почувствувале станарите на посвисоките згради во Никозија, а некои излегле од зградите. Кипар се наоѓа во трустно подрачје, но силни земјотреси не се чести.Најсилниот во поновата историја бил […]

Албанските граѓани во Србија патуваат само со лични карти


Албанското Mинистерство за Европа и надворешни работи денеска соопшти дека стапил во сила договорот меѓу албанската и српската влада за слободно движење на граѓаните. Според официјалното соопштение, на албанските граѓани сега им е потребна само лична карта за влез во Србија, а истото важи и за српските граѓани во Албанија. – Сега, за сите албански […]

Холандската авиокомпанија КЛМ укинува уште 1.000 работни места


 КЛМ, холандската подружница на „Ер Франс“, денеска соопшти дека годинава ќе укине дополнителни 1.000 работни места и изрази спротивставување на плановите на Владата да воведе барање сите патници да се тестираат за Ковид-19 пред лет за Холандија. Авиокомпанијата наведе дека ќе следува ново намалување на работните места, покрај затворањето на 5.000 работни места во текот на 2020 година. […]