Агуеро позитивен на корона вирус


Напаѓачот на премиерлигашот Манчестер сити, Серхио Агуеро, соопшти денеска дека се заразил со корона вирус.

Агуеро се наоѓа во самоизолација од 10 јануари по контакт со лице заразено со Ковид-19 и кога се очекуваше да го напушти карантинот, Аргентинецот објави дека е позитивни на коронавирус.

– Откако имав близок контакт се самоизолирав и најновиот тест што го направив е позитивен на Ковид-19. Имав одредени симптоми и ги следам препораките од лекарите за мое оздравување. Чувајте се, сите, објави Агуеро на својот твитер профил.