Во Португалија се затвораат училиштата и факултетите поради Ковид-19


Португалија– Од денеска португалската Влада ќе ги затвори сите училишни установи, со цел да не се влоши состојбата со пандемијата со Ковид-19.

Според последната блокада што почна минатата недела, сите услуги што не се од витално значење за животот на граѓаните се затворени и на луѓето им е наредено да останат во своите домови.

Владата во Лисабон е критикувана затоа што ги држи училиштата отворени, а родителите на учениците и средношколците упатија апел до владата да ги затвори училиштата.

Градинките, училиштата и факултетите ќе бидат затворени од денеска, со што околу два милиона ученици и студенти ќе останат во своите домови.